Марсело Данубио Залајета (роден во Монтевидео, на 5 декември 1978) — уругвајски фудбалер, напаѓач на Пењарол.

Уругвај Марсело Залајета
Лични податоци
Роден на 5 декември 1978(1978-12-05)(45 г.)
Роден во Монтевидео, Уругвај
Висина &100000000000001880000001,88 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Пењарол
Број 17
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1996 Данубио 32 (12)
1997 Пењарол 32 (13)
1997–2007 Јувентус 101 (16)
1998-1999Емполи (позајмен) 17 (2)
1999-2001Севиља (позајмен) 50 (10)
2004Перуџа (позајмен) 5 (0)
2007-2010 Наполи 49 (12)
2009-2010Болоња (позајмен) 29 (4)
2010-2011 Кајзериспор 14 (7)
2011- Пењарол 80 (37)
Репрезентација
1997-2005 Уругвај Уругвај 47 (10)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Тој е и поранешен репрезентативец на Уругвај.

Кариера уреди

Почетоци, трансферот во Јувентус и позајмици уреди

Марсело ја започнал својата кариера во екипата на Данубио, а по една сезона помината со нив се преселил во Пењарол, екипа исто така од првенството на Уругвај, каде што тој се афирмирал како играч. По одличната сезона во Пењарол во која тој постигнал 13 гола, бил забележан од скаутите на италијанскиот гигант Јувентус и во 1997 потпишал со нив како 19-годишен перспективен играч. Но, во почетокот Залајета не можел да се избори со конкуренцијата во нападот на Јуве и бил испратен на неколку позјмици каде што ќе има повеќе простор да игра и да собере искуство. Тој одиграл една сезона на заем во Емполи, а потоа отишол во Шпанија каде настпувал две години како позајмен играч во екипата на Севиља до 2001 година.

Враќање во Јувентус уреди

Сезона 2001-02 уреди

Залајета се вратил во Јувентус во летото 2001 и го добил дресот со број 25. Во сезоната 2001-02 нападот на Јувентус бил многу силен па тој често бил четврти или петти избор, покрај тогаш незаменливите Алесандро Дел Пјеро и Давид Трезеге, како и новото засилување Марсело Салас. Тој не успеал да се впише во списокот на стрелците во првенствените натпревари, но затоа постигнал дури 5 гола во Купот на Италија. Заедно со Аморузо постигнале 11 голови во купот таа сезона и биле најзаслужни за пласманот на клубот во финалето. Тој постигна еден гол и во Лигата на шампионите на 20 март 2002 против Арсенал во победата со 1-0 во Торино. На крајот од сезоната Јувентус ја освоил титулата во Серија А и Залајета го освоил своето прво скудето во кариерата (не смеајќи ја сезоната 1997-98 кога тој беше на списокот со играчи, но не одиграл ниту една минута).

2002-03 уреди

Во клубот биле задоволни од настапите на Залајета во претходната сезона и тој останува тука и во наредната. Својот прв гол во Серија А Залајета го постигна на 6 декември 2002, кога го спасил својот тим од многу непријатен пораз од новајлијата во лигата Комо, стрелајќи прецизно со глава во 88-мата минута од натпреварот за конечни 1-1. До крајот на сезоната постигнал уште 3 гола и тоа сите тие во последните две кола од првенството. Јувентус ја одбрани титулата во Серија А и Залајета освоил уште едно скудето овојпат и со многу поголем придонес во него. Залејета постигнал два гола на патот на Јувентус до финалето во Лигата на шампионите таа сезона, од кој многу важен бил оној против Барселона постигнат во 114-тата минута во реванш натпреварот од четвртфиналето за победа од 2-1 по продолженија. Залајета влегол во игра од клупата за резерви во финалето и бил еден од тројцата што промашија во пенал-серијата против Милан во поразот со 3-2 на пенали по нерешените 0-0 во регуларниот дел од натпреварот.

2003-04; Позајмицата во Перуџа уреди

Пред почетокот на сезоната 2004-05, Залајета привремено го напуштил Јувентус и заминал на едногодишна позајмица во екипата на Перуџа. Оваа сезона била многу слаба за него и пропратена со многу повреди поради што тој одиграл само 5 натпревари во целото првенство.

2004-05 уреди

Во сезоната 2004-05 Залајета одново се враќа во редиците на Јувентус. Тој постигна 6 лигашки гола и придонесе за нова титула во Италија (која подоцна му е одземена на клубот поради аферата Калчополи). Исто така тој постигна еден многу значаен гол против Реал Мадрид во 116-тата минута од реванш осминафиналето од Лигата на шампионите со што го прати Јувентус во најдобрите 8 во Европа.

2005-06 уреди

Сезоната 2005-06 не е многу добра за Залајета и тој многу ретко добива шанса. Многуте повреди го исфрлуваат од добрата форма и тој не може да се наметне покрај тројката во нападот Дел Пјеро, Трезеге и Ибрахимовиќ. Тој постигна само еден погодок на гостувањето кај Лече на 23 Октомври 2005 во победата од 3-0 кога реализираше во последните моменти од мечот.

2006-07 уреди

 
Залјета во првиот натпревар на Јувентус во Серија Б.

По исфрлувањето на Јувентус во Серија Б Залајета останува во клубот од Торино заедно со уште неколку соиграчи иако имаше и многумина која ја напуштија екипата. Таа сезона од новиот тренер Дидје Дешан добива многу повеќе шанси да игра. Тој одигра 17 натпревари и постигна 4 гола со кој му помогна на клубот да се врати во Серија А веднаш по испаѓањето.

По десет години тој го напуштил клубот. Иако никогаш не бил стандарден првотимец, Залајета се здобил со статусот на златна резерва во Јувентус токму поради тоа што многу често постигнувал важни голови влегувајќи од клупата за резерви.

Наполи уреди

По десет години поминати во Јувентус, во летото 2007-мата Залјета потпиша за новиот тим во Серија А во сезоната екипата на Наполи. За Наполи одигра 49 натпревари и постигна 12 голови. Во меѓувреме тој помина една сезона и во екипата на Болоња како позајмен од Наполи.

Кајзериспор уреди

Пред почеток на сезоната 2010-2011, на 25 август 2010 тој потпиша на две години за турскиот Кајзериспор.

Пењарол уреди

На 17 јули 2011 тој се враќа во Уругвај во екипата на Пењарол.

Титули уреди

  Јувентус уреди

Надворешни врски уреди