Стилијан Петров
Стилијан Аљошев Петров (бугарски: Стилиян Альошев Петров; роден 5 јули 1979) — поранешен бугарски фудбалер, играч од средниот ред.
Стилијан Петров | |||
---|---|---|---|
Петров играјќи за Астон Вила | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Стилијан Аљошев Петров[1] | ||
Роден на | 5 јули 1979 | ||
Роден во | Монтана, Бугарија | ||
Држава | Бугарија | ||
Висина | 1,80 м[2] | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување | 22 август 2016 | ||
Младинска кариера | |||
Монтана | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1996–1999 | ЦСКА Софија | 43 | (6) |
1999–2006 | Селтик | 228 | (55) |
2006–2013 | Астон Вила | 185 | (9) |
Репрезентација ‡ | |||
1998–2012 | Бугарија | 105 | (8) |
* Ажурирано на: 18:25, 31 март 2012 (UTC) ** Ажурирано на: 18:25, 31 март 2012 (UTC) |
Кариерата ја започнал во екипата на Монтана, а како професионалец играл за три клуба: ЦСКА Софија (1996-1999), Селтик (1999-2006) и Астон Вила (2006-2013). Во 2003 година додека играл за Селтик бил избран за Бугарски фудбалер на годината.
Во март 2012, на Петров му била дијагностицирана акутна леукемија поради која морал да ја прекине привремено својата кариера.[3] На почетокот на натпреварот на Астон Вила против Челзи, во 19 минута се одржал едноминутен аплауз, посветен на бројот 19 на неговиот дрес. Според изјавата на неговиот претставник Стивен Хјуз за Скај спортс, тој немал намера да се повлече од фудбалот.[4] Во јули 2016 година, за првпат после болеста повторно заиграл за Астон Вила во пријателскиот претсезонски натпревар против австрискиот ГАК во победата со 8-0.[5] Сепак, на 22 август 2016, тој го објавил своето повлекување од фудбалот откако не успеал да пронајде договор за продолжување на соработката со Астон Вила.[6].
За бугарската репрезентација (1998-2012) одиграл вкупно 105 натпревари и постигнал 8 голови. Со неа учествувал на Европското првенство во 2004 кога бил и капитен на репрезентацијата.
Титули
уредиЦСКА Софија
уреди- Бугарско првенство : 1
- 1996-1997.
- Куп на Бугарија : 2
- 1996-1997, 1998-1999.
Селтик
уреди- Шкотско првенство : 4
- 2000-2001, 2001-2002, 2003-2004, 2005-2006.
- Куп на Шкотска : 3
- 2000-2001, 2003-2004, 2004-2005.
- Лига куп на Шкотска : 3
- 1999-2000, 2000-2001, 2005-2006.
- Куп на УЕФА :
- Финалист : 2003.
Астон Вила
уреди- Лига куп на Англија :
- Финалист : 2010.
Поединечни награди
- ПФА Најдобар млад играч на годината во Шкотска : 2001.
- Играч на годината на Селтик : 2005.
- Играч на годината на Астон Вила избран од страна на играчите : 2009, 2012.
- Играч на годината на Астон Вила избран од страна на навивачите : 2009.
- Бугаски фудбалер на годината : 2003.
Наводи
уреди- ↑ „Statistics“ (PDF). Premier League. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-11. Посетено на 2010-01-10.
- ↑ „Premier League Player Profile“. Premier League. Архивирано од изворникот на 2020-02-17. Посетено на 11 март 2011.
- ↑ Бугарија: „Ќе победиш, капитену!“ e, Global Voices на македонски, проверено на 1 април 2012.
- ↑ Stiliyan Petrov 'not quitting' as fans join for 19th minute round of applause Архивирано на 6 април 2012 г., Метро, проверено на 1 април 2012.
- ↑ „Stiliyan Petrov: Former captain plays first Aston Villa game in four years“. BBC. 9 July 2016. Посетено на 10 July 2016.
- ↑ Ufficiale, Petrov si ritira dal calcio: nessun accordo con l'Aston Villa, foxsports.it, 22 август 2016
Надворешни врски
уреди- Стилијан Петров на Soccerbase
- Профил на официјална страница на Астон Вила Архивирано на 11 октомври 2007 г.
- Профил и статистики на FootballDatabase
- Профил на Стилијан Петров на Carling Архивирано на 1 ноември 2007 г.