Јоан Баго

француски велосипедист

Јоан Баго (француски: Yoann Bagot; р. 6 септември 1987) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Б&Б Хотелс п/б КТМ.[1] Бил член на екипата Кофидис кога учествувал на Тур де Франс 2013, каде се повлекол на третата етапа.[2]

Јоан Баго
Баго на Тур де л’Ен 2013
Лични податоци
Цело имеЈоан Баго
Роден6 септември 1987 (1987-09-06) (34 г.)
Салон де Прованс,  Франција
Висина1,82 м
Маса65 кг
Податоци за клубот
Мом. клубБ&Б Хотелс п/б КТМ
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Аматерски клубови
2007
2008–2010
2010
Кредит Агрикол (стажант)
Вело-Клуб Ла Пом Марсеј
Кофидис (стажант)
Професионални клубови
2011–2017
2018-
Кофидис
Витал Консепт
Последна промена
28 август 2018

Неговиот татко, Жан Клод Баго бил професионален велосипедист, најмногу познат по победата на етапа на Џиро д’Италија 1987.

ДостигнувањаУреди

2010
1. Париз Мант ан Ивлин
4. Краен пласман Тур де По де Савоја
2012
8. Краен пласман Тур де л’Ен
2013
1.   Краен пласман Тур ди Геводан Лангдок-Русијон
1. Етапа 1
2. Краен пласман Трка околу Турција[заб. 1]
1. Етапа 6[заб. 2]
2014
8. Тур де л’Ен
10. Тур ди Финистер
2015
4. Краен пласман Тур ди Геводан Лангдок-Русијон
7. Краен пласман Трка околу Луксембург
2016
5. Краен пласман Ла Медитеранен

БелешкиУреди

  1. Соодветно преместен од првичното трето место, откако резултатите на Мустафа Сајар биле дисквалификувани.
  2. Соодветно награден откако резултатите на Мустафа Сајар биле дисквалификувани.

НаводиУреди

  1. „Vital Concept Club unveil 2018 team kit“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 23 декември 2017. Посетено на 9 јануари 2018.
  2. „Profile“. 2013 Tour de France Official Site. Посетено на 10 јули 2013.

Надворешни врскиУреди