РК Металург

Македонски ракометен клуб
(Пренасочено од РК Металург Скопје)

РК „Металург Скопје“македонски ракометен клуб од Скопје. Покрај во ВИП Супер лигата, клубот настапува и во СЕХА лигата и во ЕХФ Лигата на шампионите. Сопственик на РК „Металург“ е Минчо Јорданов.

РК Металург Скопје
Целосен називРакометен клуб
„Металург Скопје“
Основан1971
ИгралиштеАвтокоманда, Скопје
Приемност2 000
ПрестедателЗорица Блажевска
ЛигаВИП Супер Лига
2013-141ви
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински
Мреж. место
Матична страница

Историја

уреди

Клубот е создаден во 1971 година, под покровителство на Скопската железарница. Првичната идеја била да се создаде ракометен клуб од самите вработени во фабриката. Така, идејата била прифатена и така бил основан РК „Металург“. Првиот натпревар, клубот го одиграл против РК "Пирин" и издвојувал победа од 22:14. Во 1974 година била формирана јуниорската екипа на „Металург“, под водство на Крешимир Пустина. Првото европско деби на „Металург“ било во 1993 година, кога настапил во Купот на градовите на ЕХФ, а противник му бил белгискиот "Херстел".[1]

Кризата од 2014-2015 година

уреди

На почетокот од сезоната 2014-2015 во РК „Металург“ отворено избувнала кризата која подолго време тлеела во клубот. Притоа, како последица на несредените односи во клубот и финансиските проблеми, по средбата со „ПСЖ Хандбал“ во Лигата на шампионите, клубот го напуштил голманот Дарко Станиќ, потоа Павел Атман одбил да игра во второто коло против „Мешков Брест“, а Ренато Вугринец, поради наводна повреда, не настапил на трите први натпревари од Лигата на шампионите.[2]

Како потврда на нарушените внатрешни односи во клубот, на почетокот на ноември 2014 година, ракометарите на „Металург“ издале соопштението во кое го обвиниле тренерот Червар за омаловажување на играчите и за преземање нерационални потези. Притоа, ракометарите негирале дека причина за нивното незадоволство се неисплатените плати во текот на неколку месеци.[3] Набрзо, во врска со кризата на „Металург“ се јавила и Ракометната федерација на Македонија, предупредувајќи на можноста не само клубот, туку и целиот македонски ракомет да се соочи со драстични казни, во случај „Металург“ да продолжи да не нестапува во натамошните натпревари на СЕХА лигата и во Лигата на шампионите.[4] Во меѓувреме, додека траело недоразбирањето меѓу играчите и раководството, клубот го напуштил голманот Мирослав Коциќ, кој се вратил во Србија.[5]

На 7 ноември 2014 година, раководството на „Металург“ по пошта испратило одлука за суспензија на 20 ракометари, кои се потпишале на соопштението за јавноста. Одлуката му била предадена на Наумче Мојсовски за време на самостојниот тренинг на играчите на кејот на Вардар. Притоа, во соопштение за медиумите, сопственикот на клубот, Минчо Јорданов, најавил дека клубот ќе продолжи со настапите во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите.[6] Во меѓувреме, Металург започнал со пополнување на тимот, а како прво засилување бил регрутиран поранешниот репрезентативен голман Перо Мисовски.[7] Истовремено, поради неизвесноста поврзана со натамошните настапи на „Металург“ во Лигата на шампионите, Европската ракометна федерација (ЕХФ) му дала рок на клубот да се изјасни дали ќе продолжи да се натпреварува во Лигата и со кој тим ќе патува на натпреварот против „Ла Риоха“, закажан за 16 ноември 2014 година.[8] Постепено, страстите во клубот се смириле и во клубот завладеало примирје, а ракометарите повторно почнале да тренираат. Сепак, како последица на кризата, „Металург“ го напуштиле речиси сите странски ракометари: Станиќ, Липовина, Коциќ, Марсениќ, Циндриќ, Атман и Борозан.[9]

Сепак, по завршувањето на Светското првенство во Катар, во февруари 2015 година веќе било сосема јасно дека големите финансиски проблеми во клубот не може повеќе да се кријат. Клубот одржал конференција за новинарите на која неговиот претседател Левче Китевски јавно соопштил дека клубот е пред пропаст и дека го напуштиле речиси сите ракометари: Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, Гоце Георгиевски, Ацо Јоноски, Велко Марковски, Никола Марковски, Дејан Манасков и Ренато Вугринец. Притоа, раководството на клубот одлучил привремено да го повлече дресот со број 13, кој во претходните 12 години го носел Миркуловски. Во продолжението на сезоната, „Металург“ продолжил да игра со резервниот состав, претежно составен од младите играчи.[10][11][12]

Домашни натпревари

уреди

РК „Металург“ освоил неколку шампионски титули во македонската ракометна супер лига, и тоа во сезоните: 2005/2006, 2007/2008, 2009/2010, 2010/2011, 2011/2012, 2013/2014. Притоа, во периодот 2010-2012, клубот успеал трипати по ред да ја овои шампионската титула. Во сезоната 2014-2015, „Металург“ го освоил второто место во првенството, со освоени 18 бодови во разигрувањето (шест победи и три порази) и со гол разлика од 227:196.[13]

Исто така, во неколку наврати, клубот го освоил купот на Македонија, и тоа во: 2006, 2009, 2010, 2011, и 2013 година.[14] Во сезоната 2014-2015, „Металург“ играл во финалето на Купот на Македонија (одиграно на 16 мај 2015), каде загубил од „Вардар“ со 22:26 (11:13).[15]

Меѓународни натпревари

уреди

РК "Металург" остварил значајни успеси и на меѓународната сцена. Така, во сезоната 2008/2009, РК "Металург" играл во четвртфиналето на Купот на победниците на куповите.

Регионална СЕХА лига

уреди

Во сезоната 2011/2012, РК „Металург“ бил вицешампион во регионалната СЕХА лига. Во следната сезона, клубот не бил толку успешен и завршил на шестото место, со освоени 28 бодови од 18 натпревари (8 победи, 4 нерешени средби и 6 порази).[16]

Во сезоната 2014/2015, „Металург“ играл во променлива форма во СЕХА лигата. Притоа, на почетокот на ноември, поради внатрешните недоразбирања меѓу ракометарите, тренерот Червар и управата на клубот, „Металург“ не отпатувал во Загреб, каде требало да игра против истоимениот шампион на Хрватска.[3] Поради овој инцидент, „Металург“ службено го загубил натпреварот, а бил казнет со парична казна од 2.000 евра и со еден негативен бод.[17] На 7 февруари 2015 година, на натпреварот против РК „Војводина“ Вугринец се збогувал од дресот на РК „Металург“, поради неисплатените плати предизвикани од финансиската криза во клубот. Притоа, на натпреварот, Вугринец бил најдобар стрелец, со постигнати девет голови, а на крајот од мечот бил бурно поздравен од своите помлади колеги во тимот на РК „Металург“.[18]

Лига на шампиони

уреди

Најголемиот успех на меѓународната сцена на РК „Металург“ се двата пласмана во четвртфиналето на Лигата на Шампионите, и тоа: во сезоните 2012/2013 и 2013/2014.[14]

Сезона 2013/2014

уреди

Особено забележителни биле натпреварите на РК „Металург“ одиграни во сезоната 2013/2014. Притоа, во квалификацискиот натпревар, РК „Металург“ играл со унгарскиот „ПИК Сегед“. На првата средба, одиграна на 28 август 2013, РК „Металург“ победил со 26:16 (13:11), додека кога на гостувањето во Сегед, на 1 септември 2013, РК "Металург" загубил со 19:23 (7:11).

На тој начин, клубот е пласирал во групната фаза од Лигата на шампионите и играл во групата Ц. Таму, на одиграните 10 натпревари, клубот освоил 12 бодови, со што го освоил третото место. Притоа, во Скопје, РК „Металург“ успеал да ги победи познатите „РК Барселона“ (31:29) и „ПСЖ Хандбал“ (28:26).

Подоцна, на првиот натрпевар од осминафиналето, одигран во Скопје на 23 март 2014, РК „Металург“ го победил данскиот клуб „КИФ Колдинг“ со 23:17 (14:9), а успехот го потврдил и на гостувањето, на 30 март 2014, победувајќи со 30:26 (15:13). Во четврфиналето, РК „Металург“ се сретнал со актуелниот шампион, германскиот „Кил“. На првиот натрпевар, одигран во Скопје на 19 април 2014, РК „Металург“ бил убедливо поразен со 21:31 (9:14), на возвратниот натпревар, одигран во Кил на 27 април 2014, повторно изгубил убедливо, со резултат 26:34 (11:19). Сепак, на крајот, РК „Металург“ го освоил шестото мсто во Лигата на шампионите, постигнувајќи го својот најголем меѓународен успех.[19][20]

Сезона 2014/2015

уреди

Во сезоната 2014/2015, РК „Металург“ играл во квалификациската група „А“. Во првиот натпревар од групната фаза, одигран во Скопје, на 28 септември 2014 година, РК „Металург“ бил поразен од „ПСЖ Хандбал“ со 22:27 (11:11). Во второто коло, на гостувањето против „Мешков Брест“, РК „Металург“ повторно претрпел пораз, овојпат со 24:28 (10:12).[21][22] Неуспесите на „Металург“ продолжиле и во третото коло, каде на гостувањето против Загреб бил поразен со 17:19 (8:10). Притоа, слабите резултати на почетокот на сезоната биле последица на несредените односи во клубот и финансиските проблеми, поради кои, по средбата со „ПСЖ Хандбал“ клубот го напуштил голманот Дарко Станиќ, Павел Атман одбил да игра во второто коло против „Мешков Брест“, а Ренато Вугринец, поради наводна повреда, не настапил на трите први натпревари од Лигата на шампионите.[2] Лошата серија на клубот продолжила и во четвртото коло, одиграно на 19 октомври 2014 година, кога на домашен терен, РК „Металург“ бил убедливо поразен од „Кил“ со 27:42 (15:22). Најефикасен играч во тимот на „Металург“ биле Ванчо Димовски со шест гола и Ренато Вугринец со пет гола.[23][24]

Во петтото коло, одиграно на 16 ноември 2014 година, „Металург“ бил поразен на гостински терен од шпанскиот клуб „Натурхаус ла Риоха“ со 27:31 (13:13), а дури во шестото коло, одиграно на 22 ноември 2014 година, „Металург“ конечно ја забележал првата победа, победувајќи ја „Натурхаус ла Риоха“ на домашен терен со 29:28 (15:16). Во седмото коло, одиграно на 30 ноември 2014 година, „Металург“ бил убедливо поразен на гостински терен од „Пари Сен Жермен“ со 24:35 (10:19), додека во осмото коло, одиграно во Скопје, на 6 декември 2014 година, „Металург“ одиграл нерешено со екипата на „Брест Мешков“ 27:27 (12:14).[25] Во деветтото коло, одиграно на 15 февруари 2015 година, на гостувањето против „Кил“, „Металург“ играл без своите најдобри играчи кои во меѓувреме го напуштиле клубот и претрпел тежок пораз од 16:35 (3:17), постигнувајќи само три гола во првото полувреме. Најпосле, на 22 февруари 2015 година, во последното коло, на домашен терен, „Металург“ бил поразен од „ППД Загреб“ со 20:22 (10:12). Најефикани во тимот на „Металург“ биле Бувиниќ со постигнати шест гола и Стојановиќ, кој постигнал четири гола, додека голманот Митревски имал 12 одбрани.[26] На тој начин, клубот ја завршил неславно сезоната во Лигата на шампионите, пласирајќи се на последното место во групата со освени три бода од десет натпревари.[27]

Сезона 2015/2016

уреди

Во сезоната 2015/2016, „Металург“ добил право да се натпреварува во Лигата на шампионите како признание на добрите резултати во претходните сезони. Меѓутоа, клубот играл во групата „Д“ составена од најслабите екипи во лигата. Во првото коло, одиграно во Киев на 19 септември 2015 година, „Металург“ загубил од екипата на „Мотор“ од Запорожје со резултат 24:30 (9:13). Најдобар ракометар во редовите на „Металург“ бил Јанко Божовиќ, кој постигнал 10 голови.[28][29] Во второто коло, одиграно во Скопје на 26 септември 2015 година, „Металург“ ја победил екипата на „Кадетен Шафхаузен“ со резултат 28:24 (15:11). И на овој натпревар, најдобар стрелец за „Металург“ бил Божовиќ, со постигнати осум голови. Благодарение на добрата игра, Божовиќ бил прогласен за најдобар денес бек во второт коло на Лигата на шампионите и се нашол во идеалниот тим на колото, додека еден гол на Лука Мраковчиќ бил избран меѓу најубавите пет гола на колото.[30][31] Во третото коло, одиграно на домашен терен на 3 октомври 2015 година, „Металург“ ја победил екипата на „Елверум“ од Запорожје, со резултат 22:19 (10:12). Повторно, најдобар стрелец за „Металург“ бил Божовиќ, со постигнати шест голови.[32]

На 11 октомври, во рамките на четвртото коло, „Металург“ ѝ гостувал на данската екипа „Скјерн“ од која претрпел минимален пораз од 19:20(10:8). Најдобри во редовите на „Металург“ биле Божовиќ, кој постигнал 11 гола и голманот Даниел Дупјанчанец, кој имал дури 18 одбрани.[33][34] Благодарение на одличната игра, Божовиќ по вторпат бил избран во идеалниот тим на колото, како најдобар десен бек.[35] Потоа, на 18 октомври, „Металург“ бил повторно поразен од екипата на „Баја Маре“ со резултат 20:21 (9:10), а во шестото коло, одиграно на 25 октомври, „Металург“ повторно се сретнал со „Баја Маре“, овојпат на домашен терен и претрпел пораз од 21:23 (9:13).[36]
Во седмото коло, одиграно на 12 ноември, во Скопје, „Металург“ ја пречекал екипата на „Мотор Запорожје“ и загубил со резултат 21:23 (12:9). Во рамките на осмото коло, одиграно на 19 ноември, „Металург“ ѝ гостувал на екипата на „Катеден Шафхаузен“ при што претрпел тежок пораз од 17:27 (10:10).[36] Во деветтото коло, одиграно на 29 ноември 2015 година на домашен терен, „Металург“ загубил од екипата на „Скјерн“ со резултат 24:25 (11:13).[37] Најефикасен ракометар во „Металург“ бил Јанко Божовиќ кој постигнал осум гола. На тој начин, Божовиќ стигнал до 66 голови и се израмнил со Микел Хансен на првото место на списокот на најдобри стрелци во Лигата на шампионите.[38] На 6 декември, во рамките на десеттото коло, „Металург“ ѝ екипата на „Елверум“ и претрпел пораз од 23:29 (7:15). Вообичаено, најефикасен ракометар во редовите на „Металург“ бил Божовиќ со постигнати пет гола. На тој начин, „Металург“ го завршил настапот во Лигата на шампионите на последното место во групата, со освоени четири бода.[39]

Сезона 2016/2017

уреди

И во сезоната 2016/2017 „Металург“ добил право да игра во Лигата на шампионите, и тоа во групата Ц, заедно со екипите на „Чеховски медведи“, „Ла Риоха“, „Елверум“, „Монпелје“ и „Татран Прешов“.[40] Во првото коло, одиграно на 24 септември во Скопје, „Металург“ бил подобар од „Елверум“, победувајќи со 18:17 (8:7), благодарение на Филип Талески, кој постигнал дури 13 голови (вклучувајќи го и победоносниот, на три секунди пред крајот), како и голманот Арсиќ, кој имал 13 одбрани плус три одбранети седмерци.[41][42] Според изборот на ЕХФ-тв, Талески се нашол во идеалниот тим на првото коло, на позицијата лев бек.[43] Во второто коло, „Металург“ бил поразен во Прешов од екипата на „Татран“, со резултат 22:27 (12:11).[44] Потоа, во рамките на третото коло, „Металург“ претрпел пораз на гостувањето кај „Чеховски Медведи“ со резултат 21:25 (8:14).[45] Во четвртото коло, во Скопје, „Металург“ бил подобар и од „Ла Риоха“, остварувајќи тесна победа од 24:23 (11:9), а најзаслужни за победата биле голманот Дарко Арсиќ, кој имал 16 одбрани, и Драгаш со неговите седум гола.[46]

Неуспесите на „Металург“ на гостински терен продолжиле и на средбата со „Монпелје“ каде биле поразени со резултат 18:28 (12:13)[47] Во шестото коло, во Скопје, „Металург“ бил повторно поразен од екипата на „Монпелје“, овојпат со резултат 24:30 (10:14), а најефикасен во домашната екипа бил Обрадовиќ, кој дал дури 10 гола.[48] Во седмото коло, „Металург“ ја остварил првата победа на гостински терен, победувајќи ја екипата на „Елверум“ со резултат 31:26 (14:9). Притоа, најефикасен ракометар на „Металург“ бил Филип Кузмановски, кој постигнал девет гола, а голманот Арсиќ имал 15 одбрани.[49] Во осмото коло, одиграно на 27 ноември во Скопје, „Металург“ ја остварил четвртата победа, овојпат против „Татран Прешов“ со резултат 26:20 (11:10). Притоа, голманот Арсиќ имал 15 одбрани, а Талески дал 10 гола.[50] Во деветтото коло, на гостински терен, „Металург“ бил поразен од екипата на „Ла Риоха“, со резултат 25:31 (14:16), а најефикасен во редовите на „Металург“ бил Илиќ, кој постигнал седум гола. Со овој пораз, „Металург“ ги загубил сите изгледи да го освои второто место во групата „Ц“.[51]

Состав

уреди
Состав за сезоната 2020–21

Голмани
Десни крила
Леви крила
Пивоти

Леви бекови
Средни бекови
Десми бекови

Стручен штаб

уреди

Позначајни поранешни играчи

уреди

Во редовите на РК „Металург“ играле, меѓу другите:

Наводи

уреди
  1. „РК Металург - Официјално мрежно место, Историја на РК „Металург". Архивирано од изворникот на 2013-10-03. Посетено на 2013-11-14.
  2. 2,0 2,1 „Лино Червар: Судиите не беа во форма во Загреб“, Дневник, година XVIII, број 5590, понеделник, 13 октомври 2014, стр. 22-23.
  3. 3,0 3,1 „Главниот виновник за кризата во Автокоманда е Червар!“, Дневник, година XVIII, број 5610, четврток, 6 ноември 2014, стр. 23.
  4. „Неиграњето на Метаулрг може да нè избрише од европката карта“, Дневник, година XVIII, број 5611, петок, 7 ноември 2014, стр. 26.
  5. „Коциќ замина и нема намера да се врати во Автокоманда“, Дневник, година XVIII, број 5611, петок, 7 ноември 2014, стр. 26.
  6. „Металург испрати одлука за суспензија на ракометарите“, Дневник, година XVIII, број 5612, сабота-недела, 8-9 ноември 2014, стр. 23.
  7. „Голманот Мисовски новак во Автокоманда“, Дневник, година XVIII, број 5612, сабота-недела, 8-9 ноември 2014, стр. 23.
  8. „ЕХФ побара Металург да одговори дали и со кој тим ќе гостува во Шпанија“, Дневник, година XVIII, број 5614, вторник, 11 ноември 2014, стр. 22-23.
  9. „Червар: Прво да видиме дали ќе отпатуваме во Шпанија“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 25.
  10. „Беспарицата го кутна Металург, играчите масовно си заминуваат“, Дневник, година XIX, број 5686, сабота-недела, 7-8 февруари 2015, стр. 22-23.
  11. „Катар ги мами Мојсовски и Вугринец“, Дневник, година XIX, број 5688, вторник, 10 февруари 2015, стр. 23.
  12. „Во Металург повеќе нема никој да го носи дресот на Миркуловски“, Дневник, година XIX, број 5691, петок, 13 февруари 2015, стр. 22.
  13. „РК Металург - Официјално мрежно место (пристапено на 18.6.2015)“. Архивирано од изворникот на 2015-06-11. Посетено на 2015-06-18.
  14. 14,0 14,1 „РК Металург - Официјално мрежно место, Успеси на РК „Металург". Архивирано од изворникот на 2013-12-08. Посетено на 2013-11-14.
  15. „Вардар победнички и рекордерски: Освоен 10 Куп трофеј“ (пристапено на 19.5.2015)[мртва врска]
  16. „РК Металург - Официјално мрежно место (пристапено на 29.5.2014)“. Архивирано од изворникот на 2013-12-08. Посетено на 2013-11-14.
  17. „Службените бодови за Загреб, Металург казнет со минус еден“, Дневник, година XVIII, број 5623, петок, 21 ноември 2014, стр. 25.
  18. „Збогум за Вугринец, младите стапија на сцена во Металург“, Дневник, година XIX, број 5687, понеделник, 9 февруари 2015, стр. 23.
  19. „РК Металург - Официјално мрежно место, Лига на шампиони (пристапено на 29.5.2014)“. Архивирано од изворникот на 2014-03-26. Посетено на 2014-04-05.
  20. „Бројките на Колдинг го куражат Металург“, Дневник, година XVIII, број 5427, петок, 28 март 2014, стр. 29.
  21. „Екипа, „Пораз на Металург: ПСЖ годинава го преживеа скопскиот пекол" (пристапено на 30.9.2014)“. Архивирано од изворникот на 2017-06-09. Посетено на 2014-09-30.
  22. Vesti.mk, „Металург поразен и од Мешков Брест“ (пристапено на 10.10.2014)[мртва врска]
  23. „Се растура системот на Металург“, Дневник, година XVIII, број 5596, понеделник, 20 октомври 2014, стр. 22-23.
  24. „Официјално мрежно место на РК „Металург" (пристапено на 5.11.2014)“. Архивирано од изворникот на 2014-10-31. Посетено на 2014-11-04.
  25. „Официјално мрежно место на РК „Металург" (пристапено на 7.12.2014)“. Архивирано од изворникот на 2014-10-24. Посетено на 2014-11-27.
  26. „Чесно збогување на Металург со ЛШ“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 19.
  27. „Официјално мрежно место на РК „Металург" (пристапено на 25.2.2015)“. Архивирано од изворникот на 2014-10-24. Посетено на 2014-11-27.
  28. „Официјално мрежно место на РК „Металург" (пристапено на 23.9.2015)“. Архивирано од изворникот на 2014-10-24. Посетено на 2014-11-27.
  29. „Официјално мрежно место на РК „Металург" (пристапено на 23.9.2015)“. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 2015-09-22.
  30. „Официјално мрежно место на РК „Металург", „МЕТАЛУРГ НЕ ДОЗВОЛИ ИЗНЕНАДУВАЊЕ, ПРВИТЕ БОДОВИ ЛЕГНАА НА НАШЕТО КОНТО" (пристапено на 29.9.2015)“. Архивирано од изворникот на 2015-09-28. Посетено на 2015-09-28.
  31. „Официјално мрежно место на РК „Металург", „ЈАНКО БОЖОВИЌ Е ДЕЛ ОД ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА КОЛОТО, ЛУКА МРАКОВЧИЌ ИМА ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ ГОЛОВИ" (пристапено на 29.9.2015)“. Архивирано од изворникот на 2015-09-30. Посетено на 2015-09-28.
  32. „Официјално мрежно место на РК „Металург", „ГО СРУШИВМЕ И ЕЛВЕРУМ" (пристапено на 4.10.2015)“. Архивирано од изворникот на 2015-10-08. Посетено на 2015-10-04.
  33. „Официјално мрежно место на РК „Металург", „ПОРАЗ КОЈ НЕ СМЕ ГО ЗАСЛУЖИЛЕ" (пристапено на 13.10.2015)“. Архивирано од изворникот на 2015-10-13. Посетено на 2015-10-13.
  34. „Официјално мрежно место на РК „Металург", „ДАНИЕЛ ДУПЈАЧАНЕЦ: ОЧЕКУВАВ УДАР НА ПРЕДНАТА СТАТИВА" (пристапено на 13.10.2015)“. Архивирано од изворникот на 2015-10-14. Посетено на 2015-10-13.
  35. „Официјално мрежно место на РК „Металург", „ЈАНКО БОЖОВИЌ ВО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА КОЛОТО" (пристапено на 13.10.2015)“. Архивирано од изворникот на 2015-10-14. Посетено на 2015-10-13.
  36. 36,0 36,1 „Официјално мрежно место на РК „Металург", „РЕЗУЛТАТИ ОД ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ" (пристапено на 4.12.2015)“. Архивирано од изворникот на 2014-10-24. Посетено на 2014-11-27.
  37. „Официјално мрежно место на РК „Металург", „СКЈЕРН ПОВТОРНО СЕ ИЗВЛЕЧЕ" (пристапено на 4.12.2015)“. Архивирано од изворникот на 2015-12-05. Посетено на 2015-12-04.
  38. „Официјално мрежно место на РК „Металург", „БОЖОВИЌ СЕ ПРОБИ НА ПРВАТА ПОЗИЦИЈА НА ЛИСТАТА НА СТРЕЛЦИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ" (пристапено на 4.12.2015)“. Архивирано од изворникот на 2015-12-03. Посетено на 2015-12-04.
  39. „Официјално мрежно место на РК „Металург", „ЗАВРШИ ЕВРОСЕЗОНАТА ЗА МЕТАЛУРГ" (пристапено на 7.12.2015)“. Архивирано од изворникот на 2015-12-09. Посетено на 2015-12-07.
  40. „Вардар во мисија за фајналфор, Металург со мотив за докажување“, Дневник, година XIX, број 5874, петок, 25 септември 2015, стр. 26-27.
  41. „Вардар и Металург стартуваа со победи“, Дневник, година XX, број 6174, понеделник, 26 септември 2016, стр. 26-27.
  42. „РК „Металург" - официјално мрежно место, „ГОЛОВИТЕ НА ТАЛЕСКИ И ОДБРАНИТЕ НА АРСИЌ ГО ОДНЕСОА МЕТАЛУРГ ДО ПРВА ПОБЕДА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ" (пристапено на 25.9.2016)“. Архивирано од изворникот на 2016-09-27. Посетено на 2016-09-25.
  43. „Талески и Душебаев во тимот на колото на ЛШ“, Дневник, година XX, број 6175, вторник, 27 септември 2016, стр. 28.
  44. „РК „Металург" - официјално мрежно место, „МЕТАЛУРГ НЕ УСПЕА ВО ПРЕШОВ" (пристапено на 21.10.2016)“. Архивирано од изворникот на 2016-10-24. Посетено на 2016-10-25.
  45. „РК „Металург" - официјално мрежно место, „ЛОШОТО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ ЈА РЕШИ СРЕДБАТА ВО ЧЕХОВ" (пристапено на 21.10.2016)“. Архивирано од изворникот на 2016-11-10. Посетено на 2016-10-25.
  46. „РК „Металург" - официјално мрежно место, „АРСИЌ И МЕТАЛУРГ И ГО НАНЕСОА ПРВИОТ ПОРАЗ НА ЛА РИОХА" (пристапено на 21.10.2016)“. Архивирано од изворникот на 2017-03-02. Посетено на 2016-10-25.
  47. „РК „Металург" - официјално мрежно место, „ВИСОК ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ ВО ФРАНЦИЈА" (пристапено на 21.10.2016)“. Архивирано од изворникот на 2016-10-26. Посетено на 2016-10-25.
  48. „РК „Металург" - официјално мрежно место, „ИСКУСТВОТО НА МОНПЕЛЈЕ ПРЕСУДИ ВО ПОРАЗОТ НА МЕТАЛУРГ" (пристапено на 12.11.2016)“. Архивирано од изворникот на 2016-11-15. Посетено на 2016-11-12.
  49. „Кузмановски за прва гостинска радост на Металург“, Утрински весник, година XVII, број 5239, вторник, 22 ноември 2016, стр. 17.
  50. „РК „Металург" - официјално мрежно место, „ВО СКОПЈЕ ПАДНА И ТАТРАН ПРЕШОВ" (пристапено на 29.11.2016)“. Архивирано од изворникот на 2016-11-30. Посетено на 2016-11-29.
  51. РК „Металург“ - официјално мрежно место, „МЕТАЛУРГ ИЗГОРЕ ВО ЖЕЛБАТА ЗА ПОБЕДА“ (пристапено на 5.12.2016)[мртва врска]

Надворешни врски

уреди