Минчо Јорданов
Минчо Јорданов (роден во Штип на 1 јули 1944 година) — македонски стопанственик и политичар.
Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград 1968 година. Зборува руски и англиски јазик.
Од 1992 година е ангажиран во „Дуферко“ С.А. од Лугано, Швајцарија, претпријатие кое работи во сферата на челичниот сектор. Од 1994 година е член на Одборот на директор на ова претпријатие и одговорен за земјите на поранешниот Советски Сојуз, а од 1997 година е претседател на Одборот на директори на „Макстил“ АД Скопје и член на Одборот на „Дуферко“, од каде доаѓа во новата влада.
Од 1989 до 1992 година е директор на претставништвото на „Технометал-Вардар“ во Москва, а претходно од 1983 година генерален директор на Рудници и железарница „Скопје” - Скопје.
Во владата на Владо Бучковски, ја извршувал функцијата заменик претседател на владата задолжен за економски систем. Во ноември 2013 година беше еден од основачите на Алијансата за позитивна Македонија.[1]
Јорданов е сопственик на винаријата „Стоби“, „Бетон“, „Факом“, „Ремедика“ и на весниците „Нова Македонија“ и „Капитал“.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Алијанса за позитивна Македонија: Основачко Собрание, се бира претседател“ Архивирано на 5 декември 2021 г., НоваТВ, 10 ноември 2013.
- ↑ „Минчо Јорданов нов член на Управниот одбор на Македонија 2025“. Курир. 9 март 2012 14:45. Архивирано од изворникот на 2012-04-14. Посетено на 2012-03-09. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Оваа статија македонски политичар е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |