Лино Червар (хрватски: Lino Červar, р. 22 септември 1950 во Врсар) — хрватски ракометен тренер. Во текот на својата кариера бил долгогодишен селектор на Хрватска, тренер на РК Металург од Скопје и политичар, член на Хрватската политичка партија ХДЗ. Хрватската ракометна репрезентација во 2002 година го освоила последното место на Европското првенство а потоа со доаѓањето на Лино Червар за две години станала светски првак и олимписки победник.

Лино Червар
Лични податоци
Име и презиме Лино Червар
Роден(а) 22 септември 1950(1950-09-22)(74 г.)
Врсар, Југославија
Националност Хрватска Хрват
Спорт Ракомет
Раководени екипи
1974–1980
1980–1991
1991
1991–1994
1994–2000
2000–2002
2002–2010
2002–2004
2004–2009
2009–2017
2016–
Трико Ноиград
РК Умаг
Хрватска(асистент)
РК Клагенфурт
Италија
РК Загреб
Хрватска
РК Папилон Конверзано
РК Загреб
РК Металург
Македонија

Во моментот Лино Червар е селектор на Машката ракометна репрезентација на Македонија.

Животопис

уреди

Во 1971 година Лино Червар дипломирал на Педагошката Академија во Пула и се здобил со титула наставник по хрватски јазик. Тренерската ракометна кариера ја започнал во ракометниот клуб Трико од Новиград во 1974 година. Во 1980 го тренирал РК Истратурист во градот Умаг со кој од петтата лига за пет години влегол во тогашната прва Сојузна ракометна лига на Југославија.

Во 1991 година бил назначен за тренер во Клагенфурт, Австрија. Од 1994 до 2000 бил тренер односно селектор на Машката ракометна репрезентација на Италија и директор на сите италијански ракометни селекции. Во 1998 во Италија ја објавил книгата „Моето гледање на ракометот“ (хрватски:„Moje viđenje rukometa“).

Во 2000 година бил назначен за тренер во РК Кроација Осигурање Загреб, а во 2002 бил назначен за селектор на Машката ракометна репрезентација на Хрватска со која паралелно го водел и италијанскиот РК Папилон Конверсано. Во 2004 се вратил во РК Кроација Осигурање Загреб а на 29 јули 2010 година решил да се повлече од селекторската позиција. Наскоро потоа ја прифатил тренерската позиција во РК Металург од Скопје каде се истакнал со целосна трансформација на клубот и успешни настапи во регионалната СЕХА лига и Европската Лига на Шампиони.

Во 2016 година бил назначен за селектор на Машката ракометна репрезентација на Македонија.

Добитник е на голем број на спортски но и официјални државни признанија во Хрватска и во Македонија. Во Македонија е многу почитуван поради работата со сите возрасни категории во РК Металург и се здобива со Македонско државјанство.

Одработува дури и еден парламентарен мандат во Хрватскиот парламент во период 2003-2007 година.

Спортски успеси

уреди