Македонска ракометна супер лига (мажи)

Македонската Ракометна Супер Лига е најдобро ракометно натпреварување во Македонија. Ракометната Федерација на Македонија е рангирана на 34-то место во светот.[1]

Македонска ракометна супер лига (мажи)
ЗемјиМакедонија Македонија
КонфедерацијаЕХФ
Создадена1992
Број на тимови12
Испаѓање воПрва лига мажи
Level од пирамидатаLevel 1
Домашен куп(ови)Куп на Македонија
Суперкуп на Македонија
Меѓународни куп(ови)Лига на Шампиони
ЕХФ Куп
Челинџ Куп
Актуелен шампионВардар (2018–19) (13. титула)
Најмногу титулиВардар (13 титули)
ТВ партнериМТВ
Веб-странаmacedoniahandball.com.mk
Soccerball current event.svg Македонска ракометна Супер лига 2019/20

ФорматУреди

Супер лигата за мажи брои вкупно 12 екипи, а натпреварите од првиот дел се играат по еднокружен бод систем од 10 екипи (2 х 9 = 18 кола). Двете екипи кои се учесници во СЕХА лигата имаат загарантирано учество во плејоф фазата.

По завршување на 18. коло од националното првенство – Прв дел, прво пласираните четри екипи од Супер лигата вклучувајки ги и двете екипи кои настапуваат во СЕХА лигата, играат плејоф за одредување првак на Македонија, учесници во Сеха лигата и пласман во Европските купови. Екипите почнуваат од 0 бодови.

Екипите кои завршиле од 5. до 10. место во првиот дел, играат плеј-аут натпревари, 5 кола Х 2 = 10 кола, односно вкупно 28 кола за секоја екипа. Екипите кои завземаат од 5. до 12. место во плеј-аутот, продолжуваат со освоените бодови од 1.-18. коло во ново направената мини табела составена од резултатите постигнати помеѓу плејаут екипите.

По завршувањето на 28. коло од првенството, 12. пласираната екипа од Супер машката лига ја напушта лигата, а 11. пласираната екипа игра бараж натпревар со 2. пласираната екипа од Првата машка лига за 11. место во Супер лигата. Прво пласираната екипа од Првата машка лига директно влегува во Супер лигата.

ШампиониУреди

Победници по сезонаУреди

Сезона Првак
1992/93 Пелистер
1993/94 Пелистер
1994/95 Борец Агропин
1995/96 Пелистер Еврокар
1996/97 Преспа Јафа Промет
1997/98 Пелистер
1998/99 Вардар Ватростална
1999/00 Пелистер
2000/01 Вардар Ватростална
2001/02 Вардар Ватростална
2002/03 Вардар Ватростална
2003/04 Вардар Ватростална
2004/05 Пелистер Кометал
2005/06 Металург
2006/07 Вардар ПРО
2007/08 Металург
2008/09 Вардар ПРО
2009/10 Металург
2010/11 Металург
2011/12 Металург
2012/13 Вардар ПРО
2013/14 Металург
2014/15 Вардар
2015/16 Вардар
2016/17 Вардар
2017/18 Вардар
2018/19 Вардар
2019/20 Прекината сезона[1]
Клуб Титули Сезони
Вардар
13
1998/99, 2000/01, 2001/02, 2002/03, 2003/04, 2006/07, 2008/09, 2012/13, 2014/15, 2015/16, 2016/17, 2017/18, 2018/19
Металург
6
2005/06, 2007/08, 2009/10, 2010/11, 2011/12, 2013/14
Пелистер
6
1992/93, 1993/94, 1995/96, 1997/98, 1999/00, 2004/05
Борец
1
1994/95
Преспа
1
1996/97

ЕХФ коефициент рангУреди

Рангирање за сезоната 2018-19[2]
  • 5.   (5)   Полска Супер Лига (75.71)
  • 6.   (6)   Данска ракометна лига (63.33)
  • 7.   (8)   Македонска Супер Лига (51.22)
  • 8.   (9)   Хрватска ракометна Премиер лига (42.25)
  • 9.   (10)   Португалска ракометна Прва Дивизија (37.33)

Рангирање на Лигата по сезони:

Сезона 2010-11 2011-12 2012-13 2013-14 2014-15 2015-16 2016-17 2017-18 2018-19 2019-20
Ранг 13   15   12   13   10   8   8   8   7   7

ПоврзаноУреди

ЗабелешкиУреди

1. a : Поради ширењето на заразата COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Ракометната Федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 17 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на ракометните работници, привремено да ја суспендира Супер лигата и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.[3] На 13 мај било одлучено дека првенството нема да добие сезонски првак, а дека лигата ќе биде проширена на дополнително две екипи од Првата лига.[4][5]

НаводиУреди

  1. International Handball Federation
  2. European cup 2018-2019 Men. Европска ракометна федерација.
  3. „Соопштение за јавност“. Ракометна Федерација на Македонија преку web.archive.org. 12 март 2020. Посетено на 24 мај 2020.
  4. „Официјално: Ракометната сезона без шампион, Супер-лигата проширена на 14 екипи“. ekipa.mk преку web.archive.org. 13 мај 2020. Посетено на 24 мај 2020.
  5. „Потврдено: Супер-лигата проширена, стартот без СЕХА-лигашите, но со шест нови екипи“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 13 мај 2020. Посетено на 24 мај 2020.

Надворешни врскиУреди