Портал:Историја/Одбрана статија
Ова е Архивата на одбрани статии прикажани на Историскиот Портал.
Денес е 19 декември 2024.
Предложете одбрана статија
уредиЗа да номинирате статија за Историскиот Портал, дадете предлог овде.
Архива на статии
уреди2007
Александар III, попознат како Александар Македонски или Александар Велики (Пела, 22/3 јули, 356 п.н.е. - Вавилон, 10 јуни, 323 п.н.е.), е крал на Македонија (од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.), член на кралската династија Аргеади. Тој е еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. По освојувањето на грчките градови-држави под водството на неговиот татко Филип II Македонски, Александар ја покорил моќната Персиска Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет, и Месопотамија, и ги проширил границите на Античка Македонија, дури до Авганистан и Индија. Александар спрема освоените култури се однесувал со почит, интегрирајќи не-Македонци во неговата војска и администрацијата, воден од мислата да создаде светска држава.
Во историјата не се случува често синот на голем владетел да биде исто така голем, ако не и поголем од татка си. Teшко e да ја израмнуваме и мериме големината на Филип и Александар Македонски. Можело да се случи, но не се случило да Филип Македонски освои сè што може да се освои и да не остави на својот син да изврши ни едно големо и славно дело. Сепак, пред необузданиот копнеж на Александар Македонски за воени подвизи и откривање на далечни непознати земји се отворило бескрајно поле на можности.
Гоце Делчев (1872 - 1903) е еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ, лидер на Тајната Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна преименувана во Внатрешно Македонска Револуционерна Организација (ВМРО).
Гоце Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари, нов стил), 1872 во Кукуш, Егејска Македонија (грчки: Килкис, денешна северна Грција), како прво машко дете, трето по ред на бројната фамилија Делчеви која имала вкупно девет деца. Делчев произлегува од релативно добро ситуирано семејство. Татко му Никола Делчев бил кукушанец, а мајка му Султана Нурџиева потекнува од блиското село Мурарци. Во 1879 - 1880, Гоце (Георги) Делчев започнува да го посетува прогимназијалното училиште во Кукуш. Гоце потоа го завршил средното образование во Солунската бугарска машка гимназија "Св. Кирил и Методиј". Се запишал во Воената академија во Софија во 1891. Подоцна, како питомец во военото училиште во Софија тајно ги посетувал социјалистичките кружоци и ја ширел социјалистичката литература, за што е исклучен од училиштето. Делчев станал учител во Штип во 1894 каде што се запознава со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО. Како резултат на блиското пријателство меѓу двајцата, Делчев и се придружил на Организацијата во 1895 набрзо станувајќи нејзин водач.
Помпеја (лат. Pompeii) е срушен римски град близу денешен Неапол во италијанскиот регион Кампанија, на територијата на општината Помпеи. Овој град, заедно со градот Херкуланеум биле уништени и сосема затрупани со катастрофалната ерупција на вулканот Везув на 24 август 79 н.е.
Вулканот ја потрупал Помпеја со многу метри пепел, и за него не се знаело 1,600 години, сѐ додека не бил случајно откриен во 1748. Оттогаш ископувањата даваат инзвонредно подробен увид во животот на градот во зенитот на Римското Царство. Денес местото една од најпопуларните туристички атракции во Италија и се смета за светско наследство на УНЕСКО.
Срушениот град Помпеја лежи на координатите Помпеи. Лежи на подигната почва формирана од текот на лавата северно од устието на реката Сарно (во антиката наречена Сарнус). Денес лежи на извесно растојание од морето, но во античко време била поблиску до морето.
, во близина на современото предградиеАрхеолошките ископувања доаѓаат само до нивото на улицата како што било во 79 н.е.; со подлабоките ископувања во постарите делови на Помпеја и примероците од дупчења наоколу се гледаат пластови од измешан наноси кои укажуваат на тоа дека градот страдал од вулканот и други сеизмички случувања и пред тоа. Овие пластови од нанос се пронајдени врз лавното тло кое се наоѓа под градот, смешана со наносите. Тука археолозите имаат пронајдено парчиња од животински коски, парчиња од грниња и растенија. Со помош на радиоактивно датирање утврдено е дека најстариот слој датира од VIII-VI век п.н.е, околу времето на основањето на градот. Другите два слоја се одделени од останатите со добро-развиени слоеви од почва или пак римска калдрма и биле поставени во IV и во II век п.н.е. Теоријата за слоевите на измешани наноси е дека ова се случило со одрони, веројатно предизвикани од долги периоди на врнежи.
Балканските војни во 1912 и во 1913 година претставуваат исход на национално-ослободителната борба што македонскиот народ ја води во втората половина на 19 и во почетокот на 20 век. Илинденското востание од 1903 година претставуваше врв на таа борба.
Најголемите надежи на македонскиот народ биле свртени кон Бугарија. Егзархиската црква, а потоа Врховниот македонски комитет (ВМК), односно врховистите во текот на Илинденското востание успешно ја извршиле таа задача, па македонскиот народ најмногу верувал и очекувал од Софија. Поради тоа бугарската пропаганда наоѓала плодна почва и многу длабоко ја всадувала бугарштината кај македонскиот народ. Непосредно пред Балканските војни во свеста на Македонците главно била присутна бугарската доминација.
Со залагање и со помош на Русија, е создаден Балканскиот сојуз, во чиишто рамки балканските земји дефинитивно го ослободуваат Балканот од многувековното турско владеење и практично ја протеруваат Османлиското Царство од европскиот континент, со исклучок на мал дел од Источна Тракија и Истанбул на Босфорот. Во 1912 година Албанија, со меѓународно неутврдени граници и од никого непризната, прогласува своја независност.
Битка кај Куманово | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Првата балканска војна | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Кралство Србија | Отоманска Империја | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Радомир Путник Принц Александар | Зеки Паша |
Битката кај Куманово претставува прв поголем вооружен судир во Првата балканска војна меѓу српската и турската војска на 23 и 24 октомври 1912 година.
Во српската војска имало повеќе четнички одреди составени од македонско население, како и месни селски чети. Во турската војска, исто така, имало македонско население, особено во редифските, т.е. во резервните формации. Според планот на српската Врховна команда, првата битка со турската војска била предвидена да се води во реонот на Овче Поле, претпоставувајќи дека тука се концентрирани главните турски сили.
Според планот, српската војска на 22 октомври го имала следниот распоред: Првата армија била на позициите северно од Куманово со дивизиите во два ешалона, во првиот ешалон дивизии: Моравската од први повик на линијата село Ваксинце -село Табановци и Дринската кај Сушево, еден полк бил на претстража на Николинскиот Вис и Дунавската од први повик со два полка во реонот на Младо Нагоричани, а со другите два во Старо Нагоричани. На левото армиско крило на Сртевица бил распореден четничкиот одред, што главно бил составен од македонско население, а со него командувал војводата Воин Поповиќ-Вук. Во вториот ешалон биле дивизиите: Тимочката од втори повик кај Маминци и Дунавската втори повик кај село Бугариње, додека Коњаничката дивизија се наоѓала зад Дунавската, а два нејзини ескадрона биле пред армискиот фронт. Втората армија со претходницата на Тимочката дивизија од први повик се наоѓала во реонот на Страцин. Третата армија на 23 октомври се задржала во реонот на Приштина, иако според наредбата на Врховната команда требало да го продолжи движењето за да содејствува со Првата армија.
Редот на сиромашните витези на Исус и на Соломоновиот храм, попознат како Редот на витезите Темплари, основан е околу 1119 година во Светиот град Ерусалим. Според преданијата, витезите колку што биле храбри, толку во почетокот биле и сиромашни, па најчесто на сликите се прикажани како двајца витези јаваат еден коњ. Набргу Темпларите со одобрение на Папата ќе станат најмоќната воена сила во средниот век. Темпларите имале голема финансиска и политичка моќ и се сметаат за основоположници на првите банки во Европа. Својата моќ ја задржале сè до XIV век кога конечно ги уништил кралот Филип IV убавиот. За името на Темпларите поврзани се многубројни легенди меѓу кои и легендата дека тие биле чуварите на најголемата црковна тајна – што е и каде се чува Светиот грал.
На чело на Темпларите се наоѓал Големиот мајстор. Прв Голем мајстор бил основачот Хуго Де Паен а последен Жак Де Молеј, кој во 1314 година бил спален на клада. Витезите Темплари биле поделени на неколку сталежи (братства):
- Витези, припадници на високата класа, вооружени како тешка коњаница.
- лесна коњица, припадници на пониска класа на витези
- феудални старешини кои управувале со имотот и земјата на витезите
- Свештеници, задолжени за духовниот живот на витезите
Римската кујна еволуирала низ долгиот (преку 1000 години) период на траење на нивната римска цивилизација. Таа попримила влијание од грчката култура, политичките промени од кралството, во републиката, па во царството, како и големата експанзија на истото која донела многу нови кулинарски навики и техники на готвење од провинциите.
Во почетокот разликите помеѓу општествените класи не биле големи, но несразмерноста се зголемувала паралелно на растењето на самото царство.
Традиционално изутрина се служел појадок наречен јентакулум или јантакулум, на пладне главното јадење на денот, наречено кена, а навечер се служела весперна. Заради грчкото влијание како и зголемениот увоз и потрошувачка на увозни храни, кена-та се зголемила во количина и разновидност и се јадела попладне, весперна-та била отфрлена и бил додаден втор појадок околу пладне, наречен прандиум.
Пониските слоеви од општеството ги следеле старите навики, заради тоа што подобро одговарале на дневниот ритам на мануелната работа.
Првобитно се јаделе округли сплескани лебови од пиреј (житарица сродна на пченицата) со малку сол; повисоките класи јаделе и јајца, сирење и мед, заедно со млеко и овошје. Во царско време, околу почетокот на нашата ера, почнал да се користи пченичниот леб, а со тоа и разни други пецива.