Табановце
Табановце или Табановци — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Табановце | |
Координати 42°12′52″N 21°42′29″E / 42.21444° СГШ; 21.70806° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Куманово |
Население | 817 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 17101 |
Табановце на општинската карта Атарот на Табановце во рамките на општината | |
Табановце на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиТабановце се наоѓа во областа Жеглигово, на границата помеѓу Србија и Македонија (граничен премин Табановце) и е оддалечено 8 км од Куманово.
Историја
уредиПодрачјето на Табановце е населено уште од римско време, за што сведочат наоѓалиштата Бежине и Падалиште во неговиот атар.[2]
Стопанство
уредиСелото има развиено стопанство. Населението се занимава со земјоделство и сточарство.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Табановце живееле 500 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Табановце имало 480 Македонци, патријаршисти.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 750 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 910 жители, од кои: 205 Македонци, 177 Албанци, 516 Срби и 12 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 817 жители, од кои 241 Македонец, 211 Албанци, 294 Срби, 4 останати и 67 лица без податоци.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.109 |
1953 | 90 | — | 1 | 53 | — | 1.110 | ... | 11 | — | 1.265 |
1961 | 78 | — | 1 | ... | ... | 1.159 | ... | 21 | — | 1.259 |
1971 | 118 | 126 | 1 | 1 | ... | 935 | ... | 13 | — | 1.194 |
1981 | 148 | 250 | — | — | — | 736 | ... | 30 | — | 1.164 |
1991 | 153 | — | — | — | — | 610 | ... | 9 | — | 772 |
1994 | 148 | 174 | — | — | — | 533 | — | 10 | — | 885 |
2002 | 205 | 177 | — | — | — | 516 | — | 12 | — | 910 |
2021 | 241 | 211 | — | — | — | 294 | — | 4 | 67 | 817 |
Родови
уредиПравославни родови во селото Табановце се: Бузинци (23 к.) они се најстар табановачки род; Заќевци (20 к.) доселени се од денес албанското село Зајас, Кичевско, доселени се околу 1800 година; Мицини (20 к.) доселени се од некое село во Битолско; во маалата Чифлак (36 к.) и Сланиште (35 к.) живеат доселеници од Горна Пчиња и Кривопаланечко; Киселчани (9 к.); Старчани (9 к.) доселени се околу 1920 година од селото Старац кај Врање; Колонисти (10 к.) доселени се како колонисти од Србија и Лика; Пироќанци (15 к.) доселени се од околината на Пирот.
Муслимански родови: муслиманските Албанци во селото се населени од околу 1962 година, кога српските колонисти почнале да се иселуваат во Смедерево, муслиманското население е доселено од околината на Гнилане (13 к.).[9]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уреди- Верски објекти
- Коџа Мехмед бег џамија — руинирана џамија од крајот на XVI и почетокот на XVII век, прогласена за значајно културно наследство на Македонија[10]
- Археолошки наоѓалишта[2]
- Бежине — населба од римско време
- Падалиште — населба од римско време
- Црквиште - Костурац — населба од средниот век
- Џабинка - Аништа — објект од средниот век
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиРодови иселени од Табановце има во Карабичане (Црвенковци и Басмарци), Режановце (Кокошињаци), Опае (Армутовци), Долно Коњаре (Петруш), Горно Коњари (Пешеви). Од 1945 година, па натака населението почнало помасовно да се иселува низ градовите.[9]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 223. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 217.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 128-129.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ 9,0 9,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: Универзитетска печатница „ Кирил и Методиј “. стр. 27-28–29-30.
- ↑ Културно добро бр. 240: „Коџа мехмед бег џамија“ — Национален информативен систем за културното наследство на УЗКН