Отвори го главното мени

Зеки паша (1862 - 1943) бил османлиски војсководец, командант во Западната армија (Вардарската, Втората и Четвртата армија) за време на Балканските војни (1912 - 1913) и фелдмаршал од Првата светска војна (1914 - 1918).

Зеки паша
1299 (1883)[1]
Zeki Pasha.jpg
Зеки паша, јануари 1918
Роден1862
Алеп, Сирија
Починал1943 (на 80–81 г.)
Истанбул
Држава Османлиско Царство
Род Османлиско Царство (Армија)
Служба1883–1923
ЧинМашир (фелдмаршал)
Заповедал соВардарска, Втора и Четврта армија
Битки/војниГрчко-Турска Војна
Италијанско-Туркса војна
Балкански војни
Прва светска војна
Друга дејностПретставник на султанот Мехмед V во Берлин

Во 1894 година, како командир на 4. армиски корпус е награден за учеството во Сасунскиот масакр.[2][3][4] За време на колежот тој изјавил „веќе нема ниту еден бунтовник, ја исчистивме земјата, во иднина нема да се појави ниту еден“.[5]

За време на Балканските војни (1912 - 1913), Зеки паша командува со Западната армија. Исполнувајќи ги заповедите на главниот командант Назим паша, тоја ја започнал Кумановската битка, која ја загубил. За време на фанатичното повлекување незадоволен османлиски војник безуспешно се обидува да го убие Зеки паша.[6] Во Битолската битка војската на Зеки дава силен отпор, но и покрај добрите одбрамбени позиции не успева да победи.[7]

На 21 ноември 1914 година, Зеки паша бил назначен за Отомански офицер за врски кај Кајзерот Вилхем II на Германската Империја.

Се пензионира 1923 година.

НаводиУреди

  1. Harp Akademileri Komutanlığı, Harp Akademilerinin 120 Yılı, İstanbul, 1968, p. 45. (турски)
  2. Robert Melson, "Revolution and Genocide" (1992), с.60
  3. W. Blackwood, "Blackwood's Edinburgh Magazine" (1897), с.21
  4. George Shaw/Lefevre Eversley, "The Turkish Empire from 1288 to 1914" (1914), с. 341
  5. Arman Dzhonovich, "The Armenian Massacres, 1894-1896" (2004), с. 63-64
  6. Richard C. Hall, "The Balkan Wars, 1912-1913: Prelude to the First World War" (2000), pp. 47-49
  7. Hall, p. 52