Мојот пријател А — роман за деца и млади на македонската писателка Јадранка Владова, првобитно издаден во 1992 година.

Мојот пријател А
АвторЈадранка Владова
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрроман за деца и млади
Издадена
1992
Медиумпечатено издание

Содржина

уреди
Внимание: Овој дел од статијата обелоденува содржина на книгата.

„Сè живее, нема нежива природа“- со оваа реченица на Ванѓа, пророк на 20 век, Ј. Владова ја започнува книгата. Напишана во прво лице, со јас раскажувачот Јане, се развива неверојатната приказна за едно чудно пријателство. [1] Приказната започнува во една таванска соба во куќата на Баба Баба во Охрид. Таа е двапати баба бидејќи прво ù е баба на мајка му на Јане, а потоа е баба на Јане.Таа е мајка на бабата на Јане, а на Јане му е прабаба. И токму во таа таванска соба, што некогаш била кат во кој НЕ се чувале старите работи, Јане го запознава својот пријател А. Токму таа зима кога Јане има девет години се качува во таванската соба по најубавото ново нешто – слаткото на Баба, но кога посегнува по теглите на рафтот се случува катастрофа. Пропаѓа во распараното седиште на столот на кој е поткачен и неколку тегли паѓаат на земја. Две тегли ги спасува стариот килим на тетка му, но од едно купче срчи нешто силно почнува да чади… Токму тој чад е пријателот А, што би бил скапоцен пријател за секое дете.- пишува на позадината на изданието на книгата од Арс Ламина. [2] Духот во ламбата, а потоа шишето станува најдобриот пријател на Јане и има најдолго и најкратко име во исто време. Преку пријателството со духот, Јане ја запознава својата семејна историја. Ова е еден вид „Малиот принц“-книга во која се мешаат фантазијата со реалноста за де се начнат универзалните теми како тајните на пријателството, љубовта и растењето. [3]

Изданија

уреди
  • Книгата првобитно е издадена во 1992 година.
  • Во 2019 книгата е издадена од издавачката куќа Либи. Книгата е со димензии од 20 сантиметри и има 144 страници. Изданието на Арс Ламина е препорачано од Здружението за дислексија Ајнштајн и Филозофскиот факултет- Скопје, поради лесната читливост на фонтот и проредот на текстот. Изданието содржи и речник на помалку познати зборови и биографија на авторката и активности за работа на час. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски, Скопје со ISBN број со 978-608-259-365-4.[4]

Наводи

уреди
  1. Јадранка Владова, Мојот пријател А, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2019
  2. https://sakamknigi.mk/product/%D0%BC%D0%BE%D1%98%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB-%D0%B0/
  3. Јадранка Владова, Мојот пријател А, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2019
  4. Јадранка Владова, Мојот пријател А, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2019

Поврзано

уреди

Предлошка:Јадранка Владова