На денешен ден 20 ноември ...
|
Настани:
1959
|
Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, документ со кој се утврдени не само принципите за заштита на децата во светот, туку е и основан за помош на милиони деца. Со текот на годините со финансиска помош од Детскиот фонд се опремени многу здравствени центри во светот.
|
1959
|
Велика Британија, Норвешка, Шведска, Данска, Австрија, Португалија и Швајцарија во Стокхолм потпишаа Конвенција за формирање Европско здружение за слободна трговија (ЕФТА).
|
1970
|
Излезе првиот број на „Екран“, како седмичен колор прилог на весникот „Нова Македонија“ за ТВ, филм, радио и естрада. Од бр. 226 од 14 март, 1975 година излегува одделно од „Нова Македонија“ како ревија за РТВ, филм, сценски уметности и естрада.
|
1991
|
Во Скопје, во Собранието на Република Македонија, свечено е прогласен Уставот на Република Македонија, усвоен на 17.11.1991 година.
|
1993
|
Авион од типот „Јаковлев 42“ на македонската авиокомпанија „Авиоимпекс“ се сруши во близина на охридскиот аеродром. Во несреќата го загубија животот 115 лица .
|
1995
|
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, стана полноправен член на Меѓународната хелсиншка федерација.
|
2001
|
Во Тетово е официјално отворен Универзитетот на Југоисточна Европа.
|
Родени:
Починале:
Настани:
|
{{#time: F|+2 hours}} === {{LOCALMONTH}}
{{#time: j|+2 hours}} === {{LOCALDAY}}
Предлошка:Главна страница / на денешен ден / документација