Кога ми ги убиваа животните

Кога ми ги убиваа животните — роман за деца на македонскиот писател Трајче Крстески, првобитно издаден во 2004 година.

Кога ми ги убиваа животните
АвторТрајче Крстески
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрроман
Издадена
2004
Медиумпечатено издание

Содржина

уреди
Внимание: Овој дел од статијата обелоденува содржина на книгата.

Напишана во прво лице, со јас раскажувачот Дамјан, го следиме продолжението на романот „Светлина зад ридот“. „Дејството од селото Живно се префрла во најблискиот град. Петре треба да тргне во средно училиште и Дедото заминува во град за да му обезбеди услови за живот, каде што подоцна му се придружува и Петре. Тие се зближуваат со едно момче по име Дамјан и со неговото семејство. Дамјан и Петре стануваат неразделни другари и заедно доживуваат секакви згоди и незгоди. Дедото со помош на градоначалникот успева да отвори зоолошка градина во дворот на куќата и донесува знајни и незнајни животни. Но, некој ги убива! Кој? И зошто?“-пишува на заднината на книгата во издание на Арс Ламина [1] Книгата е напишана со лесен и приемчив стил, едноставно е да се следи дејството/дејствата, блиска е до младите од сите времиња. Напишан во 2004, романот е современо и интересно четиво, и може да го задржи вниманието на младиот читател.[2] Романот авторот го посветува „на сите оние што живеат со духот на доброто и во складност со природата“. Романот започнува со поглавјето „Штркови во зима“ во кое се запознаваме со главниот херој Дамјан, млад човек кој зачекорува во животот и кој во јас форма раскажува за поривот да се напише приказната за животот на Дедото, како и објаснување зашто го одбрал токму тој наслов за книгата. Главниот лик, централен во романот е Дедото, човекот чија судбина не била лесна, а кој сепак не го изгубил она најважното, човечноста. [3] Се следи приказната на создавањето на зоолошката градина во малиот град, во време кога се иселуваат луѓето од селата и се доселуваат во градот, носејќи ги со себе своите стари обичаи. Ликовите во романот се прекрасно портретирани и динамично прикажани, што дава посебна тежина на писмото на романот. „Кога ми ги убиваа животните“ претставува извонредно дело на македонскиот автор Трајче Крстески и е топла приказна за љубовта, верноста и почитувањето на сè што живее на планетава.

Изданија

уреди

Наводи

уреди
  1. Трајче Крстески, Кога ми ги убиваа животните, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2021 .
  2. Трајче Крстески, Кога ми ги убиваа животните, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2021 .
  3. Трајче Крстески, Кога ми ги убиваа животните, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2021 .
  4. Трајче Крстески, Кога ми ги убиваа животните, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2021 .

Поврзано

уреди

Предлошка:Трајче Крстески