Заклучени во градот
„Заклучени во градот“ е првата збирка на поезија на современиот поет и писател Никола Маџиров издадена во 1999 година, издание на издавачката куќа „Магор“.
Автор | Никола Маџиров |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | Поезија |
Издавач | Магор |
Издадена | 1999 |
Медиум | печатено издание |
Страници | 66 |
ISBN | 9989-851-11-5 |
Содржина
уредиПоетската книга авторот ја има поделено на три засебни дела: Заклучени во градот, Портрети и Седум. Збирката претставува поетско доживување на родната Струмица, луѓето, чувствата на дете кое израснало во поет. За збирката Александар Прокопиев има напишано:„ Едноставни и доживеани во првичноста на бегството. На заминувачкиот чекор од детството, песните на Никола Маџиров нè среќаваат со клучалки, чевли , прозорци... И едно тело, речиси адолесцентно, со збунета насмевка на штотуку исчезнато дете. Меѓу два здива, тоа дете-човек непосредно ја чувствува сопствената преобразба низ слики, убедливи во контрастите меѓу неподвижното и движечкото, меѓу старото и она што ќе следува“ “[1]
Наводи
уреди- ↑ Никола Маџиров, Заклучени во градот, Магор, 1999,