Железнички пруги во Македонија
Железнички линии во Република Македонија се распространети кон сите географски правци во државата, од кои една железничка линија е меѓународна, а уште 2 се меѓудржавни.
Ширината на колосекот е нормална 1 435 мм, а просечната брзина со која се движат возовите на железничките линии во Република Македонија е 80 км/ч. На меѓународната железничка линија од коридор Х, овозможена е брзина до 100 км/ч, а поради дотраеноста и лошата состојба на пругата Скопје - Кичево брзината на возовите е ограничена до 60 км/ч (на еден дел и до 70 км/ч).
Единствена електрифицирана железничка линија во Република Македонија е меѓународната пруга од коридор Х, на потегот од Табановци до Гевгелија.
Детален преглед на железничките линии во Република Македонија, со сите железнички станици и стојалишта:
- Скопје - Маџари - Илинден - Миладиновци - Дељадровци - Агино Село - Романовце - Превој - Куманово - Карпош - Табановци (продолжува кон Србија)
- од Куманово продолжува кон: Перо Чичо (Клечевце) - Довезенце - Бељаковци (во изградба кон Бугарија)
- Скопје - Железарница - Скопје Север - Ѓорче Петров - Сарај - Свилари (Сулари) - Радуша - Орашје - Јегуновце - Југохром - Ратае - Тетово - Жеровјане - Врановци - Гостивар - Лакавица - Падалиште - Зајас - Строгомиште - Длапкин Дол - Кичево
- од Ѓорче Петров продолжува кон: Волково - Генерал Јанковиќ - Приштина (Косово)
- Скопје - Лисиче - Драчево - Јане Сандански - Орешани - Зелениково - Станица Зелениково - Кадина Река - Пчиња - Рајко Жинзифов - Велес, од оваа линија продолжуваат железнички линии во следниве 3 други правци:
- Згрополци - Ногаевци - Градско - Стоби - Кукуричани - Црвени Брегови - Криволак - Неготино - Дуброво - Демир Капија - Клисура - Миравци - Милетково - Смоквица (стара) - Смоквица (нова) - Прдејци - Гевгелија (продолжува кон Грција)
- Браќа Кошулчеви (Отовица) - Јазла - Тошо Арсов - Орце - Овче Поле - Криви Дол - Штип - Балван - Ванчо Прке - Злетовица - Соколарци - Облешево - Кочани
- Тополка - Чашка - Васил Антевски-Дрен - Мартолци - Стари Град - Согле - Теово - Богомила - Ореше - Гостиражни - Слепче - Браилово - Сенокос - Прилеп - Галичани - Бакарно Гумно - Лознани - Беранци - Никола Карев - Даме Груев - Битола - Кременица (продолжува кон Грција)
- од станицата Бакарно Гумно продолжува кон Воѓани - Бигла - Сопотница