ХЕК „Југохром“

хемиско-металуршки комбинат во Македонија
(Пренасочено од Југохром)

Хемиско-електрометалуршки комбинат „Југохром“ (скратено и само како „Југохром“) — еден од најголемите комбинати во индустријата на Македонија. Во периодот 1985-1988 година имал околу 7.000 вработени,[1] а пред затворањето во ноември 2016 година имал околу 1.000 вработени.

Хемиско-електрометалуршки комбинат „Југохром“
Виддржавно претпријатие
приватизирана во 2000 г.
Дејностхемиска, металургија
Основано1952 (1952)
Распуштено2016 (2016)
Седиштес. Јегуновце, ,
Производиферохром, феросилициум, силикохром, технички силициум, фероманган

Првпат била приватизирана во 2000 година кога работела под името Силмак, за подоцна да смени повеќе сопственици.

Главни проблеми со кои се соочил комбинатот било снабдувањето со електрична енергија и еколошките проблеми. Комбинатот бил затворен во ноември 2016 година поради неисполнети услови за добивање еколошка дозвола.[2]

Историја

уреди

Комбинатот бил основан со одлука на Владата на Народна Република Македонија во 1952 година како Фабрика за хромни производи и феролегури со цел да врши експлоатација на хромна руда од љуботенскиот серпентински масив со користење на електрична енергија од штотуку изградените мавровски хидроцентрали.[1]

Изградбата започнала од 1953 година, а производството од 1957 година со изградбата на 4 електролачни печки, иако во погонот „Хемија“ се произведувале хромни соли уште во 1950 година.[1]

Во периодот 1960-1965 година започнува производството и на калциумкарбид и калциумцијанамид.[1]

Комбинатот постојано се гради и се проширува до 1990-тите години, кога почнува да се прекинува производството во повеќе погони, а дел од нив се издвоени и работат како самостојни единки.[1]

По повеќе трансформации, во 2000 година продолжува успешно да работи под името Силмак со доминантна сопственост на странски капитал.[1]

Основно проблем за комбинатот било снабдувањето со електрична енергија, која била сѐ подефицитарна и сѐ поскапа, а производството на феролегури во електролачни печки е еден од најголемите потрошувачи на електрична енергија.[1]

Погони

уреди

Основни погони и производи се:[1]

  • Електрометалургија (од 1957 г.)
    • ферохром, феросилициум, силикохром и технички силициум, фероманган и други, сите со повеќе концентрации и квалитет во однос на содржината на јаглерод;
  • Хемија (од 1950 г.)
    • бихромат и други
  • Рудници и сепарација за хром „Радуша“
  • „Неметали“ од Тетово (од 1955 г.)
  • „Стогово“ од Кичево (од 1975 г.)
  • Индустрија за градежни елементи „Вратница“ (од 1976 г.)
  • Медицинска пластика од Тетово (од 1982 г.)

Во склоп на комбинатот постои и железничката станица „Јегуновце Фабрика“.

Објекти

уреди

Комбинатот „Југохром“ ги подигнал хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“ во скијачкиот центар Попова Шапка, хотелот „Неда“ во Галичник, хотелот „Ривиера“ во Охрид и други.[2]

Екологија

уреди

Производството на хромни соли е прекинато поради штетното дејство на шествалентниот хром, кој и денес претставуваат закана за загадување на водите во подрачјето на планината Жеден, од каде што потекнува и изворот Рашче.[1] Во 2020 година бил претставен план за чистење на депонијата каде има отпадни материјали на шествалентниот хром, но поради законски пречки истиот не започнал да се реализира.[3]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „„Јужна Стварност"“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 651. Text "series " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 НМ (2019-07-19). „За проблемот „Југохром" и за општината Јегуновце“. Нова Македонија. Посетено на 2022-02-10.
  3. „Законот ги спречува да го исчистат токсичниот отпад од „Југохром". Радио Слободна Европа. Посетено на 2022-02-10.