Карпош (населба во Куманово)

село во Општина Куманово
За истоимените борци, видете Карпош и Христијан Тодоровски-Карпош. За населбите Карпош во Скопје, видете Карпош (Скопје). За други значења видете Карпош (појаснување).

Карпош е приградска населба во североисточниот дел на Куманово, административно во состав на Општина Куманово. Населението се состои од околу 5.433 жители, најголемиот дел Македонци и Срби. Меѓу народот е позната под името „Рајкова куќа“, народното име го добила по некој човек кој се викал Рајко а неговата куќа била единствена во тој крај во тоа време. Населбата е оддалечена околу 3 km од центарот на Куманово, а во неа се наоѓа основното училиште „Магдалена Антова“. На влезот на населбата Карпош е поставен крст по повод 2000 години од христијанството во Македонија.

Етничкиот состав на населението е следниот: [1]

Националност 1994. год. 2002. год.
Македонци 4.080 (89,9%) 4.907 (90,3%)
Срби 454 (10,0%) 503 (9,3%)
останати 6 (0,1%) 22 (0,4%)
ВКУПНО 4.540 5.433

Наводи

уреди
  1. „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002.