Ванчо Прке-Сермен (с. Серменин, Гевгелиско, 1921 — над с. Градец, Виничко, 21 мај 1943) — македонски комунист, учесник во НОБ. Прогласен е за Народен херој на Југославија на 2 август 1949 година.[1]

Ванчо Прке
Роден на {{{датум на раѓање}}}
Роден во {{{држава на раѓање}}}
Професија техничар

Член на КПЈ од 1940
Учество во војни {{{војна}}}

Народен херој од {{{народен херој}}}

Животопис уреди

Прке е роден во селото Серменин, Гевгелиско. Мајка му, сиромашна вдовица, го дала во Штип во друго семејство.[2] Во Штип завршил гимназија, а потоа студирал на Техничкиот факултет во Белград (од 1939), каде што станал член на КПЈ (во 1941). Напоредно со студиите, за Издавачкото претпријатие „Нолит“ преведувал руска литература. Пред фашистичката окупација се вратил во Македонија.

Учество во НОБ уреди

Ванчо Прке бил еден од организаторите на НОБ во Штипско. Како член на Обласниот комитет на КПМ (1943) извесно време престојувал во Битола и Битолско и бил политички комесар на Битолско-преспанскиот партизански одред. Потоа пак се вратил во Штип (април 1943) и станал политички комесар на новоформираниот Плачковички партизански одред.

На 19 мај 1943 година тргнал со група партизани на Плачковица. Во подножјето на планината групата застанал да се одмори во една колиба. Тука на 21 мај ги стигнала потерата на бугарската полиција и ја опколила колибата. Во групата само тој имал пушка, додека другите биле невооружени. Им наредил на останатите да се пробијат до планината, додека тој го заштитувал нивното повлекување. Пукал во бугарските фашисти додека имал муниција, а потоа со последниот куршум во пушката тргнал на непријателот и во тој момент паднал погоден од митралески рафал.[3][4]

За народен херој бил прогласен на 2 август 1949 година.[3] Во негова чест неколку училишта го носат неговото име.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1226 стр.
  2. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 325
  3. 3,0 3,1 „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 329
  4. „ООУ „Ванчо Прке" - Штип „За патронот". Архивирано од изворникот на 2016-03-23. Посетено на 2014-10-19.