Трето полувреме (филм)

македонски филм

Трето полувреме — македонски филм во режија на Дарко Митревски.

„Трето полувреме“
РежисерДарко Митревски
ПродуцентРоберт Насков и Дарко Митревски
Главни улогиСашко Коцев
Катарина Ивановска
Ричард Самел
Раде Шербеџија
Емил Рубен
Митко Апостоловски
Ратка Радмановиќ
Тони Михајловски
Гораст Цветковски
Бедија Беговска
Владо Јовановски
Мето Јовановски
Димче Мешковски
Петре Арсовски
Салаетин Билал
МузикаКирил Џајковски
КинематографијаКлаус Фуксјагер
МонтажаДејан Бошковиќ
СтудиоКино Око Продукција
ЗемјаМакедонија
Јазик

Факти за филмот

уреди

Филмот е инспириран од вистинските случки во Македонија за време на Бугарската окупација во Втората светска војна. Главните улоги во филмот ги играат: Сашко Коцев, Катарина Ивановска, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко Апостоловски, Мето Јовановски, Тони Михајловски итн. Сценариото е дело на Гргур Струјиќ, а музиката за филмот ја компонирал Кирил Џајковски. Филмот започнал да се снима на 24 август 2011 година,[1] а снимањето завршило на 27 октомври 2011 година.[2] Премиерата на филмот била на 15 септември 2012 година во рамките на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.[3]

Улоги

уреди
Глумец Улога
Сашко Коцев Коста
Катерина Ивановска Ребека
Митко Апостоловски Димитрија
Тони Михајловски Панчо
Гораст Цветковски Скептиќ
Мето Јовановски Расси
Владо Јовановски Перо
Петар Арсовски Папас
Димче Мешковски Houce Owhep
Бедија Беговска Ребека
Раде Шербеџија Дон Рафаел
Салаетин Билал Чевлар
Горан Илиќ Командирот
Петар Мирчевски Берберот
Илко Стефановски Работник
Мустафа Јашар Имам
Петар Димоски Аустро-Унгарски генерал
Слободан Степановски Мајор
Марија Новак Муслиманска жена
Наџи Шабан Чувар
Борис Чоревски Гостин на балот
Кети Дончевска Илиќ Нурсе
Софија Куновска Музејски водач
Јордан Симонов Капетанот
Ратка Радмановиќ Мајката на Димитрије
Игор Ангелов Африка
Звездана Ангеловска Жена во црно
Ивица Димитриевиќ Проф
Оливер Митковски Јордан
Љупчо Петрушевски Трговец
Игор Трпчески Судијата
Аксел Мехмед Смиљо
Береда Решит Новинар
Никола Пројчевски Офицер
Кољо Черкезов Аѓутант

Содржина

уреди

„Трето полувреме“ е приказна за неколку луѓе собрани околу најважната работа во светот — фудбалот, во најтурбулентното време во историјата на светот — Втората светска војна. Тоа е приказна за играчите на ФК „Македонија“ и нивниот германско-еврејски тренер Рудолф Шпиц, кој ги води низ патот кон титулата шампион на Нацистичката фудбалска лига. И најпосле — ова е приказна за фудбалот — игра што во тие страшни времиња е повеќе од игра: тој е бојно поле помеѓу Доброто и Злото![4]

Пред Втората светска војна, фудбалскиот клуб „Македонија“ од Скопје е просечен тим кој редовно ги губи натпреварите, претежно поради несериозниот однос на неговите играчи. Поради тоа, основачот на клубот, Димитрија, е фрустриран и сонува за тоа да направи шампионски клуб.

Најдобариот напаѓач на тимот, Коста, инаку познат шверцер, се вљубува во Ребека — убава и многу богата девојка. И таа се вљубува во Коста, но нејзиниот татко најостро се спротивставува на нивната врска и поради тоа, Ребека мора да ја напушти родната куќа и се согласува да живее во бедна, дрвена колиба со својот маж. Едно утро, бугарската војска и полиција го собира сите скопски Евреи ги собира во монополот од каде треба да бидат транспортирани во концентрационен логор. Таткото на Ребека, претчувствувајќи ја смртта, ѝ го дава ланчето со сликата на мајка ѝ. Така, по играта на случајноста, единствено Ребека го избегнува прогонот на Евреите.

Еден ден, во Скопје доаѓа познатиот германски фудбалски тренер Рудолф Шпиц, кој се согласува да го тренира тимот. Тој им наметнува на играчите строга дисциплина, која тие на почетокот не ја прифаќаат, но подоцна, кога тимот започнува да реди успеси, сите ги прифаќаат неговите методи на работа. Благодарение на тоа, ФК „Македонија“ доаѓа во ситуација да се бори за шампионската титула. Пред решавачкиот натпревар за првото место, бугарската војска го открива еврејското потекло на Шпиц и му забранува да присуствува на натпреварот. За време на натпреварот, наспроти сите опструкции од судиите, фудбалерите се борат со жар и ФК „Македонија“ успева да победи на огромна радост на публиката.

Сепак, неколку дена подоцна, власта го поништува резултатот и на клубот му ја одзема титулата. Сопственикот на клубот, Димитрија, за да ја докаже верноста кон власта, мора да го однесе тренерот Шпиц во планината каде што треба да го убие. Димитрија го вперува револверот кон него, но не може да ја изврши наредбата и го пушта да побегне на запад. Во меѓувреме, сите играчи на клубот заминуваат во редовите на партизаните.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Сител Дневник
  2. Утрински Весник
  3. „Почнува 33. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки". Телевизија Сител. 15 септември 2012. Посетено на 2012-09-15.
  4. „Вистинска приказна за љубовта и фудбалот“, Антена, број 809, 27.12.2013, стр. 3.

Надворешни врски

уреди