Влакно на јазикот
„Влакно на јазикот“ е збирка на поезија на современиот поет и писател Тихомир Јанчовски издадена во 2018 година, издание на издавачката куќа „Матица македонска“.
Автор | Тихомир Јанчовски |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | Поезија |
Издавач | Матица македонска |
Издадена | 2018 |
Медиум | печатено издание |
Содржина
уредиПоетската книга авторот ја посветил на својот вујко Михаил, прва негова книга која тој не можел да ја прочита. Песните претставуваат, стилски и тематски, продолжение на „Игла и конец“. Затоа е отпечатена во ист формат, со иста внатрешна графичка подготовка. Дизајнот на корицата е ист, исто така, за да се истакне содржинската целина. Песните биле пишувани во најголем дел во периодот од март 2016 до јануари 2018. Има и одреден број на стихови од постар датум, главно љубовни песни напишани од 2002 до 2010. Тематски песните се поделени во четири дела: Општи места, Сараево, Скопје и Немири. Во „Влакно на јазикот“ во поговорот според од Душко Крстевски, Јанчовски „осцилира меѓу песните за љубовта и смртта, па секогаш во неговата поезија има вечно „memento mori“, што ја прави неговата поезија убава, естетска, филозофска, морничава... “[1] Збирката иако насловена „Влакно на јазикот“ сепак претставува критика на реалноста без влакно на јазикот.
Наводи
уреди- ↑ Тихомир Јанчовски, Влакно на јазикот, Матица македонска, 2018, стр. 91