Стакина Чешма (Валандово)
„Стакина Чешма“
| |
| |
Местоположба | 41°18′45″N 22°33′36″E / 41.31250° СГШ; 22.56000° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Валандово |
Општина | Валандово |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Стакина Чешма — археолошко наоѓалиште во Валандово. Претставува населба од римското време. Наоѓалиштето лежи на 50 метри јужно од центарот на градот, од двете страни на суводолицата што се спушта кон Анска Река. Во 1973/74 година Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата извршил заштитни ископувања со кои биле отворени шест простории со подни мозаици. Во една од нив била најдена мермерна када. Подоцна, од 1987 до 1990 година, истражувањата на објектот ги продолжил Музејот на Македонија. Откриени се уште четири нови простории со подни мозаици, обработени во опус сецтиле и опус тессалатум, а исто така и полукружен базен обложен со мермерни плочки. Ѕидовите се градени од кршен камен и варов малтер. Границите на објектот не се дефинирани. Меѓу подвижните наоди најмногубројни се фрагментите од керамички садови и ламби, а потоа предметите од бронза и железо. Најдени се и монети од Лициниј, Константин I и Констанциј II. Се смета дека се работи за голем објект, можеби палата, подигната во доцниот III или раниот IV век, која претставува дел од комплексот со луксузни градби пронајдени во самиот град Валандово.[1]
Поврзано
уреди- Зелениште — некропола од раноантичко време;
- Исар Кале — градиште од доцноантичко време и среден век;
- Манастириште — некропола од доцноантичко време;
- Валандово;
- Список на археолошки наоѓалишта во Валандовско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски
уреди- Стакина Чешма (Валандово) на Ризницата ?
- 3D анимација на наоѓалиштето
- Локалитетот Стакина Чешма, белег на Валандово Архивирано на 21 декември 2012 г.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |