СУ „Гоце Делчев“ - Валандово
„Гоце Делчев“ — средно училиште во Валандово, Општина Валандово[1].
СОУ „Гоце Делчев“ - Валандово | |
Место | |
Општина: | Валандово |
Место: | Валандово |
Адреса: | Ул. „Првомајска“ - бр. 3 - Валандово, 2460 |
Основни информации | |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Портал | sougocedelcev.edu.mk |
Основање и развој
уредиУчилиштето започнува со работа во 1959/60 година како земјоделско училиште „Каме Почлизов“. Подоцна во 1972/73 година во училиштето се воведуваат и гимназиски паралелки со што станува училишет центар на средно образование. Во 1991 година, училишната зграда беше реновирана и беше дограден нов дел.
Денеска во училиштето покрај гимназиска насока, егзистира и земјоделско-ветеринарната стука – образовни профили лозаро-винарски техничар и техничат за фармерско производство. Во гимназиското образование, учениците се определуваат на едно од следниве две подрачја: општествено-хуманистичкото и природно-математикчкото подрачје. Наставата во училиштето се изведува во современо опремени кабинети со компјутер за секој ученик. Образовната практика учениците од земјоделско-ветеринарната струка ја изведуваат на површините од училишната економја. Во рамките на училишната економија училиштето располага со 1,5 хектари лозов насад, 6 хектари житарица, 0,5 хектари пченка, 0,5 хектари насад со јапонско јаболко, 0,5 хектари калинки како и други необработливи површини. Располага и со земјоделска механизација за практична обука и обработка на површините како и со винарија за преработка на грозје.
Учество на натпревари
уредиУчилиштето редовно секоја година учествува на многу натпревари.
Познати личности кои предавале во ова училиште
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 14 април 2009 г.
- Портал за основните и средните училишта во Македонија Архивирано на 16 октомври 2011 г.
- Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука