Татарстан
Република Татарстан (руски: Респу́блика Татарста́н; татарски: Татарстан Җөмһүрияте / Tatarstan Cömhüriyate), а поретко Татарија,[1] е федерална единица на Руската Федерација, со главен град Казањ. Се наоѓа во Волшкиот федерален округ и има површина од 67.836 км2 како и население од околу 3.868.730 жители (2013 г.). Мнозинството од населението се Татари, а службени јазици се татарскиот и рускиот. Неофицијалното мото на Татарстан: "Без булдырабыз!" (македонски: Можеме!).[2]
Република Татарстан Республика Татарстан (руски) Татарстан Республикасы (татарски)
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Држава: | Русија | ||||
Федерален округ: | Приволшки | ||||
Површина: | 68.000 км2 | ||||
Население: | 4 000 084 (2022) | ||||
Главен град: | Казањ | ||||
Густина на население: | 55,6 жит/км2 | ||||
химна: | татарски: Татарстан Җөмһүрияте Дәүләт гимны |
Историја
уредиОсновна статија Историја на Татарстан
Среден век
уредиНајстарата позната организирана држава на територијата на денешниот Татарстан била Волшка Бугарија (околу 665-1240). Волшките Прабугари имале напредна трговска држава со трговски врски низ Европа и Азија. Со ова тие можеле да ја одржат својата независност, и покрај големите притисоци од страната на Хазарите, Киевските Руси и Кипчаците. Исламот бил наметнат од мисионерите од Багдад, во 922 година.
Волшка Бугарија била освоенa од војската на монголскиот хан Бату во доцните 1230-ти години. Жителите, мешајќи се со Турко-Монголите од Златната Орда, со војниците кои го зборувале кипчачкиот јазик и доселениците, се наречени Волшки Татари. Во 1430-тите регионот пак се осамостојува како база на Казањското ханство, при што Казањ е основан близу до разурнатата престолнина на Волшките Прабугари.
Татарстан е повторно освоен од војските на рускиот цар Иван Грозни, во 1550-тите, а Казањ паѓа во 1552. Некои Татари присилно се преобратени во христијани и тогаш се подигнати црквите во Казањ; до 1593 сите локални џамии се разурнати. Руската влада забранила да се градат џамии, а ваквата забрана била поништена во 18 век од страната на руската царица Катерина II. Првото обновување на џамија се случува под покровителство на царицата од 1766 до 1770 година.
Ново време
уредиВо 19 век Татарстан станал центар на џадидизмот, исламска секта што проповедала толеранција кон останатите религии. Под влијание на локалните џадидистички теолози, Татарите биле познати по нивните пријателски односи со останати народи во рамките на Руската Империја. Како и да е, по Октомвриската револуција, религијата почнала да се отфрла и локалните свештеници биле прогонувани и репресирани.
За време на Граѓанската војна од 1918 до 1920, татарските националисти се обиделе да основаат независна република, позната како Идел-Урал. Тие набрзо биле оборени од болшевиците и се основала Татарската Автономна Советска Социјалистичка Република на 27 мај 1920 година. Границите на републиката не ги опфаќала поглемиот број на Волшки Татари.
Татарстан денес
уредиНа 30 август 1990 Татарстан ја прогласи својата независнот и во 1992 Татарстан одржа референдум за независнот и отцепување од Русија. 62 проценти од населението се изјасниле за независноста. На 15 февруари 1994 година се потпишал договор помеѓу официјалните власти на Русија и официјалните власти на Татарстан. Овој договор се сметаат за поново признание за татарската независност од страна на Руската Федерација, бидејќи во самиот договор се споменува Декларацијата за државна независност на Република Татарстан.
Географија
уредиРепубликата е сместена во средиштето на Источната европска низина, приближно 800 км источно од Москва, на реките Волга и Кама (притока на Волга), и се протега источно од планината Урал.
- Површина: 67.836з2 км2
- Граници:
- внатрешни: Кировска област (С), Удмуртија (С/СИ), Башкортостан (И/ЈИ), Оренбуршка област (ЈИ), Самарска област (Ј), Уљјановска област (Ј/ЈЗ), Чувашија (З), Мариј Ел (З/СЗ).
- Највисока точка: 343 m
- Најголемо растојание С->Ј: 290 км.
- Најголемо растојание И->З: 460 км.
Часовен појас
уредиТатарстан се наоѓа во Московската часовен појас (MSK/MSD). Разликата со КУВ е +0300 (MSK)/+0400 (MSD).
Реки
уредиМеѓу поважните реки се вбројуваат (татарските имиња се дадени во загради):
- Белаја (Агидел) - (пловна)
- Ик (Ик)
- Кама (Чулман) - (пловна)
- Волга (Идел) - (пловна)
- Вјатка (Нократ) - (пловна)
Езера
уредиМеѓу главните водни резервоари (вештачки езера) се вбројуваат (татарските имиња се дадени во загради):
- Кујбишевское (Куйбыш)
- Нижнекамское (Түбән Чулман)
Најголемото езеро е Кабан.
Врвови
уредиПриродни богатства
уредиМеѓу најголемите природни богатства на Татарстан се вклучуваат нафта, природен гас и гипс. Се претпоставува дека Татарстан има преку една милијарда тони нафтени резерви.
Клима
уреди- Просечна температура во јануари: -16 °C
- Просечна температура во јули: +19 °C
- Просечни врнежи: до 500 mm
Политика
уредиНа чело на Татарстан е претседателот. Од 2008 година претседател на Татарстан е Минтимер Шајмијев. Татарскиот Државен Совет има 100 пратенички места: педесет се за партиските претставници и останатите педесет се за претставниците на локалните власти. Претседател на Советот е Ферит Мухаметшин.
Според татарскиот Устав, претседателот може да биде избран само од татарскиот народ, но поради рускиот федерален закон ова било суспендирано на неодредено време. Рускиот закон за избор на владата вели дека таа мора да биде избрана од локалните парламенти и дека кандидатот може да биде кандидиран само од претседателот.
На 25 март 2005, Шајмијев беше повторно избран по четврти пат од Државниот совет. Овие избори биле одржани после промените на законот за избори и не е во спротивност со татарските или руските закони.
Политички статус
уредиРепублика Татарстан е уставна република во склоп на Руската Федерација. Повеќето од руските федерални единици се во тесни односи со руската федерална влада според федералниот договор, но односите помеѓу владите на Татарстан и Русија се многу посложени и се попрецизно дефинирани во уставот.
Договори за Татарстан
уреди- Устав на Република Татарстан Архивирано на 10 јануари 2009 г.
- Договор помеѓу Руската федерација и Република Татарстан Архивирано на 14 март 2010 г.
- Декларација за државниот суверинитет на Татарската Советска Социјалистичка Република Архивирано на 10 јануари 2009 г.
- Список на меѓувладини договори помеѓу Руската Федерација Република Татарстан Архивирано на 10 јануари 2009 г.
Административна поделба
уредиТатарстан се наоѓа во Источноевропската Рамнина, помеѓу реките Волга и Кама, источно од планината Урал. За време на советската ера, Татарстан бил поделен на три дела — области: Бугулма, Чистопољ и Казањ. Денес, кога Татарстан има статус на република е административно поделен на подруг начин.
Градови и реони
уреди- Казањ (Казань, Казан) (главен град)
- градски реони:
- Авијастројтелна (Авиастроительный, Авиатөзелеш)
- Кировски (Кировский, Киров)
- Московски (Московский, Мәскәү)
- Ново-Савиновски (Ново-Савиновский)
- Приволшки (Приволжский, Идел буе)
- Советски (Советский, Киңәш)
- Вахитовски (Вахитовский, Вахит)
- градски реони:
- Алматјевск (Альметьевск, Әлмәт)
- Азнакаево (Азнакаево, Азнакай)
- Бавли (Бавлы, Баулы)
- Бугулма (Бугульма, Бөгелмә)
- Буинск (Буинск)
- Чистопољ (Чистополь, Чистай)
- Лениногорск (Лениногорск)
- Набережње Челни (Набережные Челны, Яр Чаллы)
- Нижнекамск (Нижнекамск, Түбән Чулман)
- Нурлат (Нурлат)
- Елабуга (Елабуга, Алабуга)
- Заинск (Заинск, Зәй)
- Зеленодолск (Зеленодольск, Яшелүзән)
Население
уредиТатарстан го населуваат околу 70 народи. Најбројни етнички групи се: Татари (52.9%), Руси (39.5%), Чуваши (околу 3%), Мордвини, Удмурти, Мари и Башкири.
Службени јазици се татарски и руски. Според рускиот федерален закон 2002 (За јазиците на народите на Руската федерација), официјалното писмо е кирилицата. Владата на Татарстан, исто како и организациите за човекови права и некои руски интелектуалци силно се противат на ваквиот закон.
- Население: 3,779,256 (2002)
- Градско: 2,790,661 (73.8%)
- Селско: 988,604 (26.2%)
- Мажи: 1,749,050 (46.3%)
- Жени: 2,030,215 (53.7%)
- Жени наспроти 1000 мажи: 1,161
- Просечна возраст: 36.5 години
- Градско: 35.7 години
- Селско: 38.7 години
- Мажи: 33.8 години
- Жени: 38.8 години
- Број на домаќинства: 1,305,360 (со 3,747,267 луѓе)
- Градски: 970,540 (with 2,762,818 people)
- Селски: 334,820 (with 984,449 people)
Етнички групи
уредиВо Татарстан има околу два милиони Татари и преку еден милион етнички Руси, со помал број на Чуваши, Марици и Удмурти. Покрај нив има и мал број на Украинци, Мордвинци и Башкири. Повеќето од Татарите се сунитски муслимани, но мал број на Татари познати како керашени се православни и самите тврдат дека се различни од Татарите иако дијалектот што го зборуваат е дел од татарскиот јазик. Националноста не е толку значајна во Татарстан за самоопределување туку во последно време религијата и јазикот имаат силно влијание врз тој процес. Противењето на керашените наишло на бурни реакции бидејќи Татарите се и тежнеат да бидат хомогена нација.[3] Иако се подолу листани посебно, сепак тие се дел од татарскиот народ.
Според пописот во 2002 населението се состоело од: Татари 52.92% , Руси 39.49% , Чуваши 3.35%, Удмурти 0.64%, Украинци 0.64%, Мордвини 0.63%, Маријци 0.50%, Керашени 0.50%, Башкири 0.39%, Азери 0.26%, Белоруси 0.16%, Ерменци 0.16%, Узбеци 0.13%, Таџици 0.10%, Евреи 0.09%, Германци 0.08%, Казаци 0.05% , Грузијци 0.05%, Молдавци 0.03%, Роми 0.02%, Лезгини 0.02% и различни други етнички групи што бројат под 100 луѓе[4]. Историски статистиката била:
попис 1926 | попис 1939 | попис 1959 | попис 1970 | попис 1979 | попис 1989 | попис 2002 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Татари | 1,263,383 (48.7%) | 1,421,514 (48.8%) | 1,345,195 (47.2%) | 1,536,430 (49.1%) | 1,641,603 (47.6%) | 1,765,404 (48.5%) | 2,000,116 (52.9%) |
Руси | 1,118,834 (43.1%) | 1,250,667 (42.9%) | 1,252,413 (43.9%) | 1,382,738 (42.4%) | 1,516,023 (44.0%) | 1,575,361 (43.3%) | 1,492,602 (39.5%) |
Чуваши | 127,330 (4.9%) | 138,935 (4.8%) | 143,552 (5.0%) | 153,496 (4.9%) | 147,088 (4.3%) | 134,221 (3.7%) | 126,532 (3.3%) |
Други | 84,485 (3.3%) | 104,161 (3.6%) | 109,257 (3.8%) | 112,574 (3.6%) | 140,698 (4.1%) | 166,756 (4.6%) | 160,015 (4.2%) |
Службените јазици во Татарстан се татарскиот и рускиот јазик. Според рускиот федерален закон од 2002, официјално писмо е кирилицата. Според невладини организации, руски интелектуалци и татарската влада овој закон е неприфатлив[5][6].
Татари или Прабугари
уредиЖителите на Татарстан, независно од нивното етничко потекло, се нарекуваат Татари.
Името Татарстан потекнува од Татар и персискиот збор стан (наставка за градење имиња на земји, паралела на латинската наставка „-ија“ употребуван во Европа). Другите форми на името на Татарстан се руското Татарија (поранешно официјално руско име) и туркиското Татаристан.
Во Татарстан меѓу самите Татари постои едно движење кое се стреми нивната земја да биде преименувана во Булгаристан, тврдејќи дека до 1922 регионот бил нарекуван Булгаристан. Тие исто така сметаат дека вистинското име на Татарите е Прабугари, отфрлајќи го татарското име како со сила наметнато.
Во борбата за национално осознавање, татарстанскиот научник од светски глас, Алфред Халиков, ја објавил книгата „Што сме ние: Прабугари или Татари“, во која преку научна расправа го докажува потеклото на денешните Татари од Волшките Прабугари.
Стопанство
уредиТатарстан е меѓу стопански најразвиените членки на Руската Федерација, и втор по индустријализација, веднаш по областа Самара. Индустриското производство учествува со 45% во вкупниот општествен производ. Најразвиени гранки се хемиската и петрохемиската индустрија, машиноградбата и дрводелството.
Сообраќај
уредиТатарстан има развиена патна мрежа. Воглавно се автопати, железнички линии, четири пловни реки- Волга, Кама, Вјатка и Белаја и нафтени линии и аеродроми. На територијата на Татарстан поминува транспортна цевка за гас од Уренгој и Јамбург кон запад.
Култура
уредиНаучната библиотека на Казањскиот државен универзитет и Националната библиотека на Република Татарстан се двете најголеми библиотеки со национално значење. Постојат два национални и околу 90 локални музеи. Во Татарстан дејствуваат два театри.
Образование
уредиНајважните образовни установи се Казањскиот државен универзитет, Казањскиот медицински универзитет, Казањскиот државен технички универзитет и Рускиот исламски универзитет. Сите се наоѓаат во престолнината Казањ.
Религија
уредиНајзастапени се сунитскиот ислам, и православното христијанство. Во 2004 година имало 1 208 згради наменети за верски потреби, од кои 1 014 се муслимански, и 176 христијански.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Татарстан“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место на Татарстан Архивирано на 25 март 2010 г. на англиски јазик
- Официјално мрежно место на Татарстан Архивирано на 28 октомври 2003 г. на руски јазик
- Официјално мрежно место на Татарстан Архивирано на 5 јануари 2008 г. на татарски јазик
- Официјално мрежно место на Казањскиот државен универзитет Архивирано на 18 април 2005 г. на англиски јазик
- Официјално мрежно место на Казањскиот државен универзитет Архивирано на 18 април 2005 г. на руски јазик
- Татарстан на Интернет Архивирано на 19 јули 2013 г.
Наводи
уреди- ↑ Правопис на македонскиот јазик, стр. 168, Просветно Дело, Скопје, 2007
- ↑ „Президент Татарстанның милли идеясен - "Булдырабыз!" дип билгеләде“. Архивирано од изворникот на 2008-06-18. Посетено на 2009-03-23.
- ↑ . "Tatars as Meso-Nation" (PDF). Hokkaido University. (консултирано на 2007-03-10)
- ↑ . "National Composition of Population for Regions of the Russian Federation" (XLS). 2002 Russian All-Population Census. (консултирано на 2006-07-20) Архивирано на 17 февруари 2007 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-02-17. Посетено на 2009-03-23.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Strasbourg Court To Hear On Lawsuit Promoting Tatar Latin Alphabet
- ↑ „Верховный суд РТ признал республиканский закон о латинице недействительным, но спикер татарстанского парламента Фарид Мухаметшин считает этот вопрос открытым“. Архивирано од изворникот на 2009-05-20. Посетено на 2009-03-23.
Статијата „Татарстан“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии). |