Државна химна

(Пренасочено од Химна)

Државна химнародољубива музичка композиција, која потсетува и се повикува на историјата, традицијата и борбата на народот на една земја, која е признаена од владата на една земја како официјална државна композиција, или конвенција преку широка употреба помеѓу народот.

Химните станале значајни во Европа во XIX век, се претпоставува дека најстарата е онаа на Холандија под името „Вилхелмус“, таа е напишана помеѓу 1568 и 1572, за време траење на Осумдесетгодишната војна. Со подемот на концептот на национална држава во XIX и XX век, поголемиот дел од нациите прифаќаат и химни како исказ на нивното национално чувство. Заради колонијалното влијание на Европа и други територии во светот компонираат и прифаќаат музички нумери како национални химни. Само мал број држави имаат химни кои се различни од европскиот концепт и се поврзани со старите традиции и вредности во нивните општества како на пример, Јапонија, Костарика, Иран, Шри Ланка, и Мјанмар.

Поголемиот дел од нив во својтот стил инкорпорираат марш или традицоналистичка химна. Земјите од Латинска Америка, тежнеат кон оперски делови, додека мал број на земји користат само дувачки инструмент за да ја отсвират мелодијата на нивната химна. Химните по природа се кратки музички композиции и не траат подолго од 1 минута гледано во генерала.

Само мал број од светските химни се напишани и од познати композитори. На пример Француската "La Marseillaise" е напишана од Клод Жосеф Ругет де Лисле, додека химната на Обединетото Кралство „Боже, чувај го Кралот“ напишана од непознат композитор. Мелодијата е позајмена од Германското Царство, каде го носи насловот "Heil dir im Siegerkranz".

Државните химни се користат во многу контексти. Се изведуваат на државни празници, фестивали, спортски манифестации и слично. На Олимписките игри, државната химна на добитникот на златен медал секогаш се изведува. Во некои земји химната се интонира пред почетокот на првиот школски час, со цел да се поттикне националното чувство. И голем број на радио и телевизиски станици ја свират химната кога се одјавуваат од програма.

Поголеми политички или групациски ентитети имаат свои химни покрај државните. Така на пример Европската Унија, ја употребува Ода на Радоста од Бетовеновата 9та Симфонија, како официјална химна на Европа. Обединетите Нации, и Африканската Унија исто така имаат свои химни.

Република Македонија, својата прва химна ја добива во 1943 чиј композитор е Тодор Скаловски, а стиховите се на Владо Малески. Користена е во склопот на СФРЈ, а по осамостојувањето е потврдена како официјална химна на Република Македонија.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди