Кама (река)

река во Русија

55°21′50″N 49°59′52″E / 55.36389° СГШ; 49.99778° ИГД / 55.36389; 49.99778

Кама
Местоположба
Физички особености
УстиеВолга
Должина1.805 км
Особености на сливот

Кама (руски: Ка́ма; татарски: Чулман; удмуртски: Кам) е важна река во Русија. Таа е најголема лева притока на Волга и најобемната река во земјата по истек на вода. Пред да се влие во Волга, Кама е всушност поголема од неа.

Реката извира во Удмуртија, кај Кулига, и тече на северозапад во должина од 200 км, па врти на североисток кај селото Лојно и тече уште 200 км, пред да сврти на југ и запад во Пермскиот крај. Потоа течението продолжува низ Удмиртија и низ Татарстан, каде се влева во Волга.

Името на реката е од угрофинско.[1] Современиот облик е изведен од удмуртскиот поим кам со значење „река“[2] Туркиските народи реката ја нарекуваат „Чулман“ и ја сметале за извор на Волга.

Течение и стопанско значење

уреди

Кама има вкупна должина од 1805 км. Најголеми притоки се Коса, Вишера, Силва, Чусоваја, Белаја, Ик, Иж, Зај, Вјатка и Мјоша. Тече низ градовите Соликамск, Березники, Перм, Сарапул и Набережние Челни. Течението е расположено западно од Урал и игра мошне значајна улога во превозот на стоки.

Пред воведувањето на железничкиот сообраќај, Кама била поврзана преку сувоземни траси со сливовите на Северна Двина и Печора. Во раниот XIX век, горното течение на Кама било поврзано преку Североекатеринскиот канал со реката Вичегда (притока на Северна Двина), но каналот бил напуштен за само неколку години порани неискористеност.

Брани и акумулации

уреди

Реката има три брани за хидроенергија, со три вештачки езера:


Кама како мотив во уметноста

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Матвеев А. К. Географические названия Урала: Топонимический словарь. — Екатеринбург: Сократ, 2008. — С. 117-118. — 352 с. — ISBN 978-5-88664-299-5
  2. Фасмер М. Этимологический словарь русского языка. Т. II. С. 172.
  3. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 107-108.

Надворешни врски

уреди