Република е облик на владеење каде шефот на државата се избира по пат на избори. Терминот потекнува од латинскиот израз res publica што во превод значи јавни работи. Иако често републиката се поистоветува со демократијата, фактот дека шефот на државата се избира на избори не мора да значи и дека во одредена република владее демократија. Имено, можно е шефот на државата да ја укине демократијата и да воведе диктатура.

Општествени уредувања

Дел од темата Политика

Список на општествени уредувања

Комунистичка држава
Непосредна демократија
Претставничка демократија
Апсолутна монархија
Уставна монархија
Мешовито управување
Уставна република
Парламентарна република
Социјалистичка република
Капиталистичка република
Уставна република со елементи
на непосредна демократија
Портал Политика · уреди
Мапа на Римска Република

Шефот на државата во републиката може да биде поединечен орган (претседател) или колективен (претседателство). Сепак, најчесто шефот на државата е поединечен орган. Она што е обележје на републиките се изборноста, одговорноста и видот и обемот на надлежностите на шефот на државата. Според начинот на избор на претседателот и обемот на неговите овластувања, републиката може да се подели на: претседателска, парламентарна и собраниска.

Поврзано

уреди