Преместен камен
„Преместен камен“ е петтата збирка на поезија на современиот поет и писател, Никола Маџиров издадена во 2007 година, издание на издавачката куќа „Магор“.
Автор | Никола Маџиров |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | Поезија |
Издавач | Магор |
Издадена | 2007 |
Медиум | печатено издание |
Страници | 78 |
ISBN | 978-9989-183-12-6 |
Содржина
уредиПоетската книга Преместен камен е збирка на песни од лично време и личен простор. Токму така тој го пронаоѓа патот од личното кон универзалното. „Во неговата поезија има премин од постоење кон непостоење, од дофатно во недофатно, се согледува вистинската вредност на нештата... Поетскиот субјект од песните на Маџиров станува дел од една полицентрична структура која се изразува преку релацијата со Другиот и другоста...“ пишува Гоце Смилевски во својата рецензија за делото. “[1] За збирката Преместен камен на поетот во 2007 му беше доделена високата награда „Хуберт Бурда“, признание кое се доделува на млади поети од Источна и Централна Европа, а во жирито е еден од најголемите современи автори, Петер Хандке.
Наводи
уреди- ↑ Никола Маџиров, Преместен камен, Магор, 2007,стр. 69