Ваљево

град во Шумадија и Западна Србија, Србија

Ваљево (српски: Ваљево, Valjevo) — град во Србија, седиште на општина Ваљево и на Колубарскиот управен округ. Сместен е во Западна Србија, во Колубарскиот округ, на нецели 100 километри југозападно од Белград. Градот е сместен во котлина низ којашто минува реката Колубара. Ваљево спаѓа меѓу поголемите и поразвиени населби во Србија. Според податоците од 2002 година, градот Ваљево има 62.470 жители, а целата општина Ваљево има 96.761 жител.

Ваљево
Ваљево
Град
Панорама на Валево, споменик на Стјепан Филиповиќ, Тешњар, стара воденица, езеро Петница, кула Ненадовиќ, река Градац.
Панорама на Валево, споменик на Стјепан Филиповиќ, Тешњар, стара воденица, езеро Петница, кула Ненадовиќ, река Градац.
Знаме на ВаљевоГрб на Ваљево
Локација во Србија
Локација во Србија
Координати: 44°16′N 19°53′E / 44.267° СГШ; 19.883° ИГД / 44.267; 19.883
ДржаваСрбија
ОкругКолубарски
Населени места77
Управа
 • ГрадоначалникСтанко Терзиќ
Површина
 • Општина905 км2 (349 ми2)
Население (2011)
 • Град59.073
 • Општина90.312
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број14000
Повикувачки број+381 14
ТаблициVA
Мреж. местоvaljevo.org.rs