Мојот звук — роман на македонската писателка Оливера Николова, првобитно издаден во 1977 година. Книгата е изборна лектира за седмо одделение.

Мојот звук
АвторОливера Николова
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрроман за деца и млади
Издадена
1977
Медиумпечатено издание

Содржина

уреди
Внимание: Овој дел од статијата обелоденува содржина на книгата.

Напишана во прво лице, со јас раскажувачот Панче, авторката го следи животниот пат на младиот Панче од Гевгелија кој го бара и наоѓа „својот звук“. Тој на потешкиот начин успева да го открие својот звук, звукот на Лиле, звукот на татка си, на Ване, на сите околу него, затоа што сè на светот има звук, но некој не може да се слушне. Така и Панче смета дека неговиот звук е сè уште нечуен, па затоа е во потрага по себе си и својот звук. Книгата е напишана со лесен и ненаметлив стил, едноставен за следење на дејството/дејствата, близок до младите од сите времиња. Иако напишан во 1977, романот звучи современо и интересно, што е одлика на безвременско квалитетно четиво кое може да го задржи вниманието на младиот читател.

[1]

Поглавја

уреди

Романот започнува со поглавјето „Мојот звук“ во кое се претставува во јас форма. главниот јунак Панче, еден вид на модерен македонски Том Соер, момче во пубертет, кое почнува да размислува и за работи кои го интригираат во училиштето, како на пример, за звукот. Тој размислува дека ако секое тело во природата има свој звук, тогаш и самиот тој треба да има свој звук, па се запрашува дали тој негов звук е чуен и разбирлив за другите луѓе.[2]

Второто поглавје е „Албум“ каде Панче прави албум од сите личности кои ги фотографира со новиот фотоапарат, подарок од сестра му Лена. Овој период на животот му се гледа тежок на Панче, па не ретко денот му завршува со солзи, како последица од сите случувања во училиште и дома.[3]

Третото поглавје е насловено „Првак“.Панче почнува да се чувствува бунтовно, ги избегнува часовите во училиште, се оддалечува од сите околу него. Почнува да пробува забранети работи.[4]

„Гипсена нога“ е четвртото поглавје на книгата. Панче ја скршил ногата во невнимание и за време на зимскиот распуст родителите го праќаат на превоспитување кај тетка му во Скопје, која е одличен педагог. Кај неа тој се обидува да разреши една мистерија и да докаже на сите колку тој всушност вреди.[5]

Петтото поглавје е „Микроскоп. Иако сака да се поправи, Панче сè уште лута барајќи го својот пат. Тој е воодушевен од микроскопските тајни на часот по биологија, кога гледајќи ја сопствената крв под микроскопот, тој сфаќа дека поради таа крв тој е тоа што е, дека сè му се случува поради неа и тоа што е тој самиот зависи од неа. Разбира дека е на пат да го пронајде својот звук кога ќе почне да се разбира себе си и другите околу себе.[6] „Лето“ е шесто поглавје. Летото доаѓа, а Панче има два предмети за полагање, биологија и хемија, па тој сега созреан и сериозен се спрема за поправните испити, помага во чистењето дома на своите родители, почнува да ги разбира своите родители и сестра му, го прифаќа момчето на Лена, Петар, како постар брат, се смирува со најдобриот другар Ване, за на крајот да почне да комуницира и со Лиле и конечно да го земе „веслото“ во свои раце. [7]

Мојот звук претставува извонредно дело на македонската авторка Оливера Николова, и е прекрасна приказна на едно растење и созревање.

Наводи

уреди
  1. Оливера Николова, Мојот звук, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2019 .
  2. Оливера Николова, Мојот звук, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2019 стр. 5-26.
  3. Оливера Николова, Мојот звук, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2019 стр. 29-52.
  4. Оливера Николова, Мојот звук, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2019 стр. 31-78.
  5. Оливера Николова, Мојот звук, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2019 стр. 81-104
  6. Оливера Николова, Мојот звук, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2019 стр. 107-138.
  7. Оливера Николова, Мојот звук, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2019 стр. 141-166

Поврзано

уреди