Црно и бело

сингл


Црно и бело (анг. "Black and white") е песна што ја исполнува македонската поп-ѕвезда Калиопи, со која учествуваше на изборот за песна на Евровизија 2012 што се одржа во Баку, Азербејџан. Автори на песната се Калиопи и Ромео Грил. Продукцијата е на Грил. Со неа Македонија се квалификуваше во финалната вечер на натпреварот, откако претходните четири години имаше пласман само во полуфиналето.

Македонија Црно и бело
Kaliopi koncert.jpg
Евровизија 2012
земјаМакедонија
изведувачКалиопи
јазикмакедонски
јазицианглиски
композиторКалиопи и Ромео Грил
текстКалиопи
продуцентРомео Грил
пласман
позиција во полуфинале9
бодови во полуфинале53
финален пласман12 (делба со Романија)
бодови во финале71
хронологија на учество
◄ Русинка (2011)   
Пред да се раздени (2013) ►

Песната оствари краен пласман на 12 место, со вкупно 71 бод[1], при што максимален број бодови, 12, доби од Босна и Херцеговина и од Србија.

Пред ЕвровизијаУреди

На 19 ноември 2011, МРТ ја покани Калиопи да ја претставува Македонија на Евровизија 2012. После ова соопштение, Калиопи и МРТ одржаа прес конференција каде Калиопи откри дека не е сигурна со каков тип на песна ќе настапи на натпреварот, но дека ќе ги земе предвид нејзините композиции и оние што ќе бидат поднесени од нејзини колеги или од странство. Инструменталната композиција за Црно и бело беше испратена до Калиопи од поранешниот член на бендот и нејзиниот поранешен сопруг, Ромео Грил, со кого таа напорно соработуваше претходно во нејзината соло кариера и декади претходно кога бендот "Калиопи" беше сè уште активен. Калиопи го напиша текстот за композицијата и продолжи со снимање на песната на почетокот на 2012 со Грил во студиото на МРТ во Скопје.

На 29 февруари, во час и половина долга програма на МРТ, Калиопи беше придружувана од музички гости од регионот, каде таа изведе песни од нејзиниот репертоар, и ја изведе Црно и бело за првпат. Исто така, таа ја изведе и англиската верзија на песнта, Black and white.

Евровизија 2012Уреди

Македонија беше извлечена да настапи втора во второто полуфинале на 24 мај. Песната успеа да влезе во финалето и беше извлечена да настапи 22ра по ред. Во големото финале, одржано на 16 мај, песната се пласираше на 13то место со 71 бод. Имаше ист број на бодови со песната на Романија, но тие имаа освоено бодови од повеќе држави, со што Калиопи заврши на 13то место.

Музичко видеоУреди

Музичкото видео за Црно и бело, режирано од Александар Ристовски - Принц, беше снимано во Битола. Видеото беше објавено на 17 март 2012. Кадрите се снимани во празен театар и напуштена зграда, каде Калиопи ја изведува песната на клавир на сцена, додека придружните музичари се снимани на други локации.

ТекстУреди

македонски

Во очи сега гледај ме
Не сум губитник ти знај
Не се предавам до крај
Нема раѓање без паѓање


Отвори душа признај ми
Што сме сега јас и ти
Пола мое во тебе
А пола твое спие во мене
Ајде сега гушни ме до небо дигни ме


Црно и бело е се
Една вистина и една лага
Иако заедно сме
Јас бирам среќа ти бираш тага


Црно и бело е се
Добро и лошо ништо не ги дели
Дај сега насмевни се
Денот ме води во ноќи бели


Во очи сега гледај ме
Таму ти ќе најдеш се
Ајде предај сè до крај
За ново раѓање, со мене


Отвори душа признај ми
Што сме сега јас и ти
Пола мое во тебе
А пола твое спие во мене
Ајде сега гушни ме до небо дигни ме


Црно и бело е се
Една вистина и една лага
Иако заедно сме
Јас бирам среќа ти бираш тага


Црно и бело е се
Добро и лошо ништо не ги дели
Дај сега насмевни се
Денот ме води во ноќи бели


Црно и бело е се
Една вистина и една лага
Иако заедно сме
Јас бирам среќа ти бираш тага


Црно и бело е се
Добро и лошо ништо не ги дели
Дај сега насмевни се
Денот ме води во ноќи бели


Црно и бело е се

англиски

Baby look into my eyes
Eyes don’t know how to fake
I’m fragile but won’t break
This pain is sweet, a sweet defeat

Darling open up your soul
Let go of all control
You’re the restless part of me
You are the dreamer in my sea
I’m being born again in your every breath

Everything’s black and white
Only one truth, only one lie
Sharing the same delight
I choose to smile, you choose to cry

Everything’s black and white
The good, the bad, equal, the same
They draw us in the night
As you pull me back in the game

Baby look into my eyes
I’m wearing no disguise
I’m naked, wild and free
Now it’s time, step into me

Oh, darling open up your soul
Let go of all control
You’re the restless part of me
You are the dreamer in my sea
I’m being born again with your every breath

Everything’s black and white
Only one truth, only one lie
Sharing the same delight
I choose to smile, you choose to cry

Everything’s black and white
The good, the bad, equal, the same
They draw us in the night
As you pull me back in the game

Everything’s black and white
Only one truth, only one lie
Sharing the same delight
I choose to smile, you choose to cry

Everything’s black and white
The good, the bad, equal, the same
They draw us in the night
As you pull me back in the game

Everything is black and white

Надворешни врскиУреди

Официјалниот видео спот - Youtube.com

НаводиУреди

  1. „Шведска со „Euphoria" победи на Евровизија, Калиопи заврши 12-та“.[мртва врска]