Магдалена Цветкоска

македонска пејачка

Магдалена Цветкоска - Ена (родена на 19 јуни 1987 година во Тетово) - македонска пејачка и текстописец. Својата музичка кариера ја започнува со учеството на детскиот фестивал Јаболчиња на своја 8 годишна возраст. Поширока афирмација доживува со учеството на М2 потрага по ѕвезди на кое освои прво место и со тоа стана дел од групата 4Play. Веднаш потоа потпишува договор со продукциската куќа М2, и со тоа започнува да се занимава со музика професионално.[1]

Магдалена Цветкоска - Ена
Родена Тетово
Националност Македонка
Роднини Лазар Цветкоски

Кариера уреди

  • 2004 година – Потпишува договор со М2 продукција
  • 2005 година – Издавање на првиот албум со групата 4Play и учество на еден од најпрестижните интернационални фестивали во Европа Cerbul de Aur кој се одржува во Брашов, Романија.
  • 2008 година – Започнува соло кариера и ја продолжува соработката со Дарко Димитров.
  • 2009 година - Потпишува договор со Продукција Република и на стапува на фестивалот Фешта А1, каде привлекува големо внимание со песната Без круна кралица која станува една од најголемите хитови во Македонија.

Заедно со Влатко Лозаноски настапува во дует на еден од најпрестижните фестивали Goleden Wings во Молдавија, каде го освојуваат второто место.

  • 2010 година – Зема учество на меѓународниот фестивал Сунчане Скале во Херцег Нови каде го освојува второто место со песната Ме Боли.
  • Истовремено беше снимен дуетот Црвено Сонцe со еден од најпопуларните изведувачи во Македонија – Врчак и песната станува еден од најголемите хитови во Македонија таа година со што зема учество на Радискиот Фестивал – Хит на годината ,,МАРС 2010,,. На истиот фестивал Магдалена ја зема наградата за најдобар текст на годината за песната Едно Тело на Дарко Илиевски.
  • 2011 година – Се одбележува со излегувањето на нејзините најголеми хитови: Учам од најдобриот – кој стана една од најдобрите песни во Македонија (песната има над 1 милион гледаност на реномираниот канал YouTube) како и песната Од утро до мрак која стана исто така една од најслушаните песни за 2011 година, а ја отпеа со rnb дуото ДНК.
  • 2012 - Од утро до мрак - моментално е номинирана за најдобар хит од Македонија на Balkan Music Awards 2012.
  • Исто така излезе видео записот за хитот Пепел кој го отпеа во дует со Дарко Илиевски. Магдалена во месец мај 2012 потпишува договор со Горила продуција со која сними спот за својот прв сингл од албумот На врв и на дно.
  • Во октомври истата година издаден е нејзиниот прв cоло албум „Херој“.

Магдалена освен тоа што е изведувач, таа е и автор на музика и еден од водечките текстописци во Македонија . Таа е автор на евергринот Сонце не ме грее на Влатко Лозаноски – која влезе и во компилацијата на 20 најдобри песни во изминатите 20 години во Македонија.

Таа е автор и на следниве песни:

  • Влатко Лозаноски – Сонце не ме грее
  • Влатко Лозаноски – Зелена
  • Влатко Лозаноски – Нема да е крај на свет
  • Влатко Лозаноски – Биди тоа што си ти
  • Влатко Лозаноски – Како ден јасно е
  • Дарко Илиевски – Едно тело
  • Дарко Илиевски – Лаги
  • Дарко Илиевски – Не ми глуми невина
  • Дарко Илиевски – Утре е нов ден
  • Дарко Илиевски – Да ти биде срам
  • Дарко Илиевски – Ти можеш
  • Димитар Андоновски – Ова небо знае се
  • Димитар Андоновски – Заробени во сон
  • Димитар Андоновски – Гледај ме во очи
  • Димитар Андоновски – Добро ме познаваш
  • Магдалена Цветкоска – Ме Боли
  • Магдалена Цветкоска – Учам од најдобриот
  • Магдалена Цветкоска со ДНК – Од утро до мрак
  • Магдалена Цветкоска со Дарко Илиевски - Пепел
  • Некст Тајм – Рамо за плачење
  • Некст Тајм – Убава
  • Некст Тајм – Последно од нас
  • Кристијан Димитриевски Кико – Без лјубов неа ја допирам
  • Оливера Ѓорговска – Ако сакаш
  • Ристе Тевдоски – Ако се предадеш на друг
  • Јасмин Алиевски – Јас не сум крив
  • Јасмин Алиевски – Никогаш не вели никогаш
  • Стефан Величковски – Искрен пред себе
  • Стефан Величковски – Зачувај место за мене
  • Ангелина Стојановска – Не сакаш да те сакам
  • Александар Тарабунов – Ништо не е вечно
  • Емил Арсов – Насмеј се од срце
  • Емил Арсов – Посилни од се
  • Филип Божиновски – Една во милион

Спотови уреди

Спот Година Режисер
Учам од најдобриот 2011 Владимир Митревски-Ѓуле
Од утро до мрак 2011 Томато продукција
Пепел 2012 Владимир Ивановски Дади/Нена Зафировска
На врв и на дно 2012 Владимир Ивановски Дади/Нена Зафировска
Херој 2013 Владимир Ивановски Дади
Плачат и најсилни 2016 Горан Костадинов
Ко да нема утре ден 2018 Даниел Јовески

Надворешни врски уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Македонска Музичка Мрежа“. web.archive.org. 2007-11-12. Архивирано од изворникот на 2007-11-12. Посетено на 2020-10-21.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)