Драган Вучиќ

Македонски музичар

Драган Вучиќ (Скопје, 6 септември 1955Скопје, 4 мај 2020) — македонски композитор, пејач, филантропист и телевизиски водител. Тој има компонирано голем број на хитови, како што се Свирете ја Зајди Зајди, Ангели ме носат и Кажи Ѕвездо.

Во 1990-тите беше водечки вокал на поп-фолк бендот „Кода“. Тој ја компонираше песната Ти си сон, отпеана од неговиот син Мартин Вучиќ, одбрана да ја претставува Македонија во Евровизија 2005. Во текот на неговата кариера тој исто така беше водител на повеќе телевизиски емисии на македонските телевизии.

Вучиќ боледувал од рак на белите дробови и неговата состојба се усложнила откако се заразил со COVID-19 во април 2020 година. Тој почина на 4 мај 2020 на инфективната клиника во Скопје на 64-годишна возраст.