Кристијан Габровски
Кристијан Габровски (некогаш познат како Ристо Бомбата; р. во Прилеп) — македонски музичар, пејач, текстописец и композитор. Во почетокот на деведесеттите, заедно со Борче Шабановски и Валентино Лаучоски, настапуваат под името „Ристо Бомбата и Кучешка тенија“ и достигнуваат огромна популарност со своите каламбури на сексуална тематика. Нивните касети биле продадени во повеќе од 50.000 примероци и своевремено биле една од најпопуларните групи.
Кристијан Габровски | |
---|---|
![]() Ристо Бомбата на настап | |
Животописни податоци | |
Родено име | Кристијан Габровски |
Познат(а) и како | Ристо Бомбата |
Потекло | Прилеп, Македонија |
Занимања | музичар, текстописец, композитор |
Соработници | Ристо Бомбата и Кучешка тенија |
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/f/fe/%D0%9A%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%93%D0%B0%D0%B1%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8%2C_%D0%91%D0%BE%D1%80%D1%87%D0%B5_%D0%A8%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B8_%D0%92%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%BE_%D0%9B%D0%B0%D1%83%D1%87%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B8.jpg)
Денес, Кристијан е присутен на македонската музичка сцена пишувајќи и компонирајќи песни на многу музичари, највпечатливо на Маја Вукичевиќ. Исто така, има и соло кариера. Настапувал на „Макфест“ и на локалниот избор за песна на Евровизија. Оженет е и има две деца.
![]() | Оваа статија македонски музичар е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |