Роберт Билбилов

македонски пејач, продуцент и композитор

Роберт Билбилов (9 мај 1983) — македонски пејач, продуцент и композитор.[1]

Животопис

уреди

Роберт компонира од дванаесетгодишна возраст. Тој е комплетен музичар, затоа што продуцира, свири на неколку инструменти и ги пее своите песни. Талентот го наследил од неговиот татко, Хилми Билбил, кој е авторот на „Бисер Балкански.

Неминовен е успехот во сегашноста на сето тоа знаење и искуство со кое се стекнал уште во детството, бидејќи тој буквално растел гледајќи го својот татко, кој воедно му бил идол, како твори и работи. Во некои интервјуа вели дека учел и од Дарко Димитров. Роберт соработувал со многу имиња, тој е човекот, кој е заслужен за успешните почетоци во кариерата на Тамара, Адријан и уште многу други. Тој е оној кој работеше на албумите на Бојана Атанасовска, на Ѓоко Танески, Слаткаристика, а на албумот на Елена Ристеска – „192“ свиреше виолина. Се промовира со „Крив си сам” на Снежана Џеповска, за набргу потоа да извади хитови кои останале да се слушаат до ден денес.

Во 2001 година на „Макфест излегува на сцена со Кристина Арнаудова и ја придружува со гитара. Всушност тој е композиторот на „Прашина”, која беше најслушана песна меѓу два фестивала. Прекрасниот текст го напиша Весна Малинова, која вели дека соработката со Роберт е прекрасна и кога се тим се оди брзо и лесно ко вода. Дека песната ја прифатила публиката покажала номинацијата за најдобар композитор на манифестацијата „12 Величествени”. На „Макфест 2003″ повторно ќе се појави понесен од претходниот успех, како автор на „Допираш” на Сузана Јовчева. Она што остави белег и служеше за добра промоција со сигурност е песната ”Сега јас сум на ред”. Тогаш било најдоброто време и дошол редот на пеењето и начинот на кој тој ги чувствува песните. Во 2004 на „Макфест” учествува со Раде Врчаковски- Врчак со „Тајните Ангели”, за во 2006 да ја испее „Избриши ги ти солзите”.

Во 2007 направи дует со Слаџана Иванишевиќ, темата насловена како „Лажи ме”. Веројатно сите коцки беа споени и на место во „Април”. „Темперамент” беше хит на „Охридски трубадури”, а тогаш темата насловена „Сам се лажам” која беше мајсторски изработена од страна на Роберт, во изведба на Адријан Гаџа доби 1 место. Во 2007 година беше апсолутно негова година, како на професионален така и на приватен план. Тогаш заплива во брачните води и го доби својот наследник, Давид. Во 2008-та настапува на „Макфест” и ќе ја испее „Јас те губам”. На 11.04.2009 во Колосеум беше одржана промоцијата на првиот негов албум „Јас те губам” на кој имаше 19 песни. Бидејќи тогашните хитови беа дел од првиот албум, не губеше време и повторно на „Макфест” не почести со хитот „Лице од насловна”. Неколку години е мртва трка во гласовите со 3-то пласираниот.

Во 2010-та година на „Охридски трубадури” на поп вечерта заработи трето место композицијата “Не можеш без мене” во изведба на Роберт, Деана и Скипи. Истата година замина за Америка да ја посети својата сестра во Пенсилванија. Ова патување му беше добредојдено, зошто успеа да се промовира и да оствари бројни контакти. Повторно на „Макфест” во 2011 пласираше нова песна, овој пат дует со Викторија Лоба – „Кога мене ми требаш”. Имаа невообичаен и сосема различен настап. За пофалба беа и номинациите за 2 песни кои беа најслушани: „Себична” и „Ти си Виновна” на МАРС (радиски фестивал) што никогаш дотогаш не се случило. Но за него дефинитивно најголемо признание е продукцијата на DeAndre Wright за преубавата „Love Thing”. На скромноста овде не и е место, зошто станува збор за светски познат изведувач.

Во 2012-та година си пројде со целосното фокусирање на неговиот втор албум, кој содржи 19 композиции и чија промоција беше закажана на 11.04. во UP. Гостуваше на Urban Summer Festival во Берово одржан на 23.08. кој всушност претставуваше 8 часовен музички хепенинг. Во Битола продуцираше музика на 27.12 со македонски и балкански Ди Џеи.

Видеографија

уреди
Видео-спот Година Режисер
Не ме држи место 2007
Април 2008 Томато Продукција
Јас те губам 2008 AleXanDeR
Прекасно е за нас 2009
Додека спиеш 2010
Како Вардар ќе дотечам 2011
Себична 2011
Ти си виновна 2011 Alexander
Ти се промени 2013
Чудни места 2019 Зоран Зонде Стојановски
Нигде не те наоѓам 2021 Јован Кучин
Кој отров 2021 Даниел Јовески
Јас против целиот свет 2022 Ѓорги Вацев

Надворешни врски

уреди

Профил на Роберт Билбилов на ВБУ Музички Регистар Архивирано на 22 јули 2020 г.

Наводи

уреди
  1. „Билбилов наполни 30 години!“. RadioMK. Архивирано од изворникот на 2020-09-23. Посетено на 2020-11-13.