Не зори, зоро (англиски: - превод: Dawn, do not rise, назив: Somebody stop the dawn) e македонска поп песна од Евровизискиот фестивал во 1998 година. Песната била изведена на македонски јазик од Владо Јаневски[1]. Тоа било првото претставување на Македонија на Евровизија како независна држава (претходно се натпреварувала како дел од Југославија) ​​и за првпат македонскиот јазик се слушнал на вакво натпреварување.

Македонија Не зори зоро
Владо Јаневски на Евровизија 1998
Евровизија 1998
земјаМакедонија
изведувачВладо Јаневски
јазикмакедонски
композиторГригор Копров
текстВладо Јаневски
пласман
финален пласман19
бодови во финале16
хронологија на учество
100% те љубам (2000) ►

Опис

уреди

Песната е љубовна балада во која Јаневски ја моли мајка си (според старата македонска традиција) да оди и од родителите на девојката која ја сака да ја побара нејзината рака. На еден суптилен поетски начин тој укажува на тоа дека ако родителите на девојката го одобрат бракот, мајка му треба да повика музичари за да ја прослават својата љубов, а ако одговорот е "не" старата мајка не треба да го проколнува семејството на девојката, туку да жали за неговата несреќа. Во меѓувреме неизвесноста станува неподнослива и тој посега по шише со вино, молејќи ја зората да не доаѓа, бидејќи така луѓето нема да ги забележат неговите насолзени очи.

Настап на Евровизија 1998

уреди

Песната била изведена во Бирмингем, Б.Британија на 9 мај 1998 година. Владо настапил последен по ред, а песната добила вкупно 16 бода, пласирајќи се на 19 место од вкупно 25 песни.

Македонија не учествувала на Евровизискиот натпревар во 1999 година. Следниот настап земјата го имала во 2000 година, при што настапиле XXL со песната "100% те љубам", чиј соавтор е Владо Јаневски.

Текст на песната

уреди

македонски

Не зори, зоро

Стој... не зори зоро, душманке
пушти ноќта да ги сокрие
очиве што раѓаат бисери
срцево што друга не љуби

Виното ме води до неа
а се подалеку од паметта

Јас морам да пијам
да се опијам
без неа да живеам
мајко, не можам

Оди мајко прашај кај нејзините
дал‘ ќе ти ја дадат за мене
ако ја дадат - викни свирачи
ако не по мене мајко, заплачи

Јас морам да пијам...


Не зори зоро,
пијано оро со мене заиграј

англиски
Somebody stop the dawn

Won't somebody stop the dawn outside
So no one sees the starlight in my eyes
Wishing this red wine would kill the pain
But the world keeps turning just the same
And it's raining memories in my head
I may be breathing but, frankly, I am dead.

(Chorus)The wine and you break me in two
Burning through my veins
Another drink, so I may think
You'll be here to stay.

I'm sending out a message through the winds
That weep so sad like a thousand violins
Asking you to forgive me and forget
After you I am still breathing
But, frankly, I am dead.

The wine and you break me in two
Burning through my veins
Another drink, so I may think
You'll be here to stay.

Why won't somebody
Just anybody
Stop the dawn outside.

Наводи

уреди
  1. Participating member Архивирано на 18 јуни 2012 г. of EBU