Влатко Лозаноски

македонски пејач

Влатко Лозаноски - Лозано (роден на 27 јуни 1985 година во Кичево) — македонски пејач. Заедно со Есма Реџепова, ја претставувал Македонија на Евровизија 2013 година во Малме, Шведска.

Влатко Лозаноски
Животописни податоци
Родено имеВлатко Лозаноски
Роден(а)27 јуни 1985(1985-06-27)(38 г.)
ПотеклоКичево, Македонија
Жанровипоп, рок, диско
Занимањавокалист, музичар, текстописец
Инструментиклавир, гитара
Период на активност2007 – денес
Соработници

Кариера уреди

Негов прв јавен настап беше како натпреварувач на македонското музичко шоу „Мак Ѕвезди“ со песни од Тоше Проески во септември 2007 година, но за жал не успеа да се пласира во финалето. Еден месец подоцна, тој доби гран при за дебитант на првиот Македонски Радиски Фестивал наречен Ѕвездена ноќ. Ја пееше песната Врати ме, што воедно е и неговиот прв сингл, додека негов втор сингл е Обичен без тебе. Во октомври 2008, со неговиот трет сингл Времето да застане ја доби наградата од жирито на фестивалот Макфест, штипскиот фестивал во Македонија. Во 2009 учествуваше во македонскиот избор за песна на Евровизија со песната Блиску до мене и се пласираше четврт. Во јуни истата година настапи на фестивалот Pjesma Mediterana во Будва, Црна Гора. Во јули, пак, настапи на фестивалот Slavianski Bazar во Витебск, Белорусија каде доби втора награда. Следно, заедно со Магдалена Цветкоска, со песната I'm your angel настапи на фестивалот Golden Wings во Молдавија, каде го освоија второто место. Неговиот прв албум се појави во 2010 година. Истата година учествуваше на македонскиот избор за песна на Евровизија со песната Летам кон тебе, но го освои четвртото место.

Евровизија 2013 уреди

Во декември 2012, Македонската радио-телевизија најави дека Лозано, заедно со Есма Реџепова ќе ја претставуваат Македонија на изборот во Малме со песната Пред да се раздени. Не успеаа да се пласираат во финале, го освоија 16-тото место од вкупно 17.

Дискографија уреди

Албуми уреди

  • Лозано 2010
  • Преку седум мориња 2012
  • Десет 2018

Спотови уреди

Спот Година Режисер
Обичен без тебе 2008
Сонце не ме грее 2009
Како ден јасно е 2010 Владимир Митревски-Ѓуле
Кога мене ќе ме немаш 2011 Juliany - REC Production
Нема ден, нема ноќ 2012 Даниел Јовески
Империја 2013
If I Could Change The World 2013
Мандарина 2014 Gorilla Films/Огнен Шапковски
Како тебе нема друга 2015 Gorilla Films/ Горан Костадинов
Жена како ти 2016 Горан Костадинов
Бомбона 2016 Gorilla Films
Ова лето ќе се памти 2017 Vesta Production
Километри 2018 Vesta Production
Јако јако 2018 Даниел Јовески
Надеж 2018 Бојан Тасетовиќ
Мајко 2019 Даниел Јовески
Не те вадам од памет 2019 Даниел Јовески
Вардаре 2021 Даниел Јовески
После полноќ 2022 Даниел Јовески
Ме нервираш 2022 Даниел Јовески
Маскенбал 2024 Даниел Јовески

Настани и награди уреди

  • Радиски Фестивал Ѕвездена ноќ, Охрид, Македонија (2008) - Гранд при награда
  • Макфест, Штип, Македонија - Гранд при награда
  • Скопје фест (2009) - 4-то место
  • Pjesma Mediterana, Будва, Црна Гора (2009)
  • Slavianski Bazar, Витебск, Белорусија (2009) - 2-ро место
  • Golden Wings, Кишињев, Молдавија (2009) - 2-ро место
  • Скопје фест (2010) - 4-то место
  • Sea Songs festival, Севастопол, Украина (2010) - 4-то место

Надворешни врски уреди

Поврзано уреди