Македонија учествуваше на Евровизија 2012 во Баку, Азербејџан. Македонскиот претставник беше избран преку интерна селекција, организирана од МРТ. Калиопи ја претставуваше Македонија со песната Црно и Бело, која се квалификуваше од второто полуфинале во финалето и се пласираше на 13-то место со 71 бод.[1][2]
На 19 ноември 2011, МРТ објавиле дека внатрешно ја избрале Калиопи да ја претставува Македонија во Баку.[3] Калиопи претходно била предложен македонски претставник со песната „Само ти“ во 1996; сепак, таа била елиминирана во аудио-претквалификацискиот круг. Калиопи претходно во неколку наврати се обидела да учествува на Евровизија. Нејзиниот прв обид бил во Југославија во 1987 кога се натпреварувала во југословенското национално финале со песната „Емануел“, која се пласирала на десеттото место. Пејачката низ годините се натпреварувала и во неколку македонски национални финални избори: во 1998 со песната „Не заборавај“ која се нашла на деветтото место, во 2006 со песната „Силна“ која се пласирала на шестото, а во 2009 со песната „Рум дум дум“ која ја извела во дует со Наум Петрески и се пласирала на второто место.
На 16 февруари 2012, било објавено дека Калиопи ќе ја изведе песната „Црно и бело“, напишана од Калиопи и Ромео Грил, на Изборот за песна на Евровизија 2012.[4] „Црно и бело“ била претставена пред јавноста во специјална емисија водена од Димитар Атанасовски, која се одржала на 29 февруари 2012 во студиото на МРТ во Скопје и била емитувана на МРТ 1, МРТ Сат и онлајн преку официјалната веб-страница на Евровизија. eurovision.tv. „Црно и бело“ била снимена и на англиски јазик, со наслов „Black & White“. Покрај претставувањето на влезот на Калиопи за Евровизија во 2012 година, шоуто имало изведби на песни од нејзиниот репертоар.[2]
Македонија се натпреварувала во првата половина од второто полуфинале (втора по ред), на 24 мај 2012, следејќи ја Србија и пред Холандија . Калиопи освоила 53 поени и се пласирала на 9-то место, со што се пласирала во финалето на 26 мај.[5] Јавното гласање на Македонија и го додели осмото место со 63 поени, а жирито 9то место со 58 поени.[6]
Во финалето, Македонија била извлечена да настапи на 22. место, по Малта и пред Ирска. Македонскиот влез освои вкупно 71 поен и се пласирал на 13-тото место во финалето.[7] Јавното гласање на Македонија и го додели 11-то место со 79 поени, а жирито 17-то место со 69 поени.[6]
↑ 2,02,1Webb, Glen (29 February 2012). „FYR Macedonia,Kaliopi presents Crno E Belo“. Eurovision.tv. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „kaliopi“ е зададен повеќепати со различна содржина.
↑ 6,06,1Siim, Jarmo (18 June 2012). „Eurovision 2012 split jury-televote results revealed“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот на 21 June 2012. Посетено на 1 May 2021. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „splitresults“ е зададен повеќепати со различна содржина.