Lost and Found

песна на Eye Cue

Lost and Found (македонски: Изгубени и пронајдени) е песна на македонскиот бенд Eye Cue (Ај Кју). Песната била избрана да ја претставува Македонија на Евровизија 2018.[1][2] Песната била избрана во конкуренција од 382 композиции што пристигнале на меѓународниот јавен повик за избор за песна на Евровизија распишан од страна на македонската радиотелевизија (МРТ).[3]

Македонија Lost and Found
Евровизија 2018
земјаМакедонија
изведувачEye Cue
јазикАнглиски
композиторБојан Трајковски
текстБојан Трајковски
продуцентДарко Димитров
хронологија на учество
◄ Dance Alone (2017)   

Автор на музиката и текстот на песната е Бојан Трајковски, додека за аранжманот се погрижил Дарко Димитров. Песната била дигитално издадена на 11 март 2018 година преку Apple Music заедно со караоке верзијата.[4] Музичкиот спот за „Lost and Found“ бил издаден истиот ден преку официјалниот евровизиски YouTube канал.

На 30 март 2018 година, на својот YouTube канал, Eye Cue ја промовирале акустичната верзија на „Lost and Found“.[5]

НаводиУреди

  1. Пол Џордан (13 February 2018). „It's Eye Cue for Macedonia in 2018!“. eurovision.tv. Eurovision. Посетено на 13 February 2018.
  2. Информации за музичкото портфолио на „Eye Cue“ може да се најдат на ВБУ Музички Регистар (www.muzichkiregistar.com)
  3. „Еye Cue“ со „Lost and Found“ ќе ја претставуваат Македонија на Изборот за песна на Евровизија- Лисабон 2018 МРТ; 13 февруари 2018
  4. „Lost & Found – Single by Eye Cue“. Apple Music. Посетено на 17 March 2018.
  5. „Ај кју“ нè почестија со акустична верзија на евровизиската „Lost аnd Found“ radiomk.com; 30 март 2018

Надворешни врскиУреди