Нинанајна
Нинанајна — македонска песна претставничка на Евровизија 2006 во Атина, Грција, изведена на македонски и на англиски јазик[1] од Елена Ристеска, а биле снимени и двете јазични верзии. Композитор и продуцент на песната е Дарко Димитров, а стиховите ги напишал Раде Врчаковски. Текстот за англиската верзија е на Лерој Чемберс.
Нинанајна | |
---|---|
Елена Ристеска на Евровизија 2006 | |
Евровизија 2006 | |
земја | Македонија |
изведувач | Елена Ристеска |
јазик | македонски |
јазици | англиски |
композитор | Дарко Димитров |
текст | Раде Врчаковски |
пласман | |
позиција во полуфинале | 10 |
бодови во полуфинале | 76 |
финален пласман | 12 |
бодови во финале | 56 |
хронологија на учество | |
◄ Ти си сон (2005) | |
Мојот свет (2007) ► |
Опис
уредиПесната е инспирирана од урбаниот живот, иако текстот на македонски и на англиски има сосема различни значења. Во македонската верзија, Ристеска му кажува на својот љубен дека таа не ги сака љубителите на турбофолк како него. Тој ѝ пеел "Нинанајна" заменувајќи го Еминем со фолк-телевизискиот канал "Планета" и не дозволувајќи ѝ да ги слуша Шакира и Мадона, што е причина тој повеќе да не е вистинскиот човек за неа.
Од друга страна, пак, во верзијата на англиски јазик Ристеска му кажува на својот љубен дека таа ќе стори сè што сака тој ("I'll open up your fantasies and make your dreams come true" - "Ќе ги разбудам твоите фантазии и ќе ги остварам твоите соништа"), но дека "Ако сакаш нинанајна со мене, ќе ти кажам што да правиш" ("If you wanna ninana with me, I'll tell you what to do"). И овде се споменува Шакира, иако во оваа верзија Ристеска ветува дека "можам да направам Бијонсе и Шакира да танцуваат за тебе" ("I can make Beyoncé and Shakira dance for you").
Настап на Евровизија 2006
уредиНа настапот Ристеска била облечена во црвена кошула со мониста и пар кратки пантолони. Имало и три танчери облечени во секојдневна облека, заедно со две пејачки како придружни вокали кои остануваат зад неа и се приклучуваат при танцувањето на одредени точки. Придружни вокали биле Александра Пилева и Маја Саздановска.
Бидејќи Македонија на Евровизија 2005 година не се пласирала меѓу првите десет, “Нинанајна“ била изведена во полуфиналето. Била единаесетта по ред и добила 76 бода, пласирајќи се на 10 место во конкуренција од 23 песни, со што Македонија трета година по ред се квалификувала во финалето.
Во финалето, песната повторно била изведена единаесетта и добила 56 бода, освојувајќи го 12 место, во конкуренција на 24 песни, што значело враќање на Македонија во полуфиналето за следната година. Дванаесеттото место било најдобриот пласман за земјата на Евровизија до 2019 година, кога Тамара Тодевска го освоила осмото место.
Текст на песната
уреди
Come,don't be afraid tonight, Те запознав ко фраер, Што се случи, кој те смени, Реф: Пеј си ти нананинананајна, Еминем го замени, Што се случи, кој те смени, Реф: Пеј си ти нананинананајна, Come,don't be afraid now, Кај се сега тие денови, |
Come on boy Tell me what-ya want babe Chorus: I can make your wishes and your wildest dreams come true Chorus: C-Part: You’re like another part of me Chorus in Macedonian: |
Наводи
уреди- ↑ Нинанајна, и на англиски, и на македонски Архивирано на 16 февруари 2022 г., www.mmm.com.mk