Григор Копров (роден на 30 септември 1943 во Охрид) е еден од најпознатите македонски поп композитори. Работел со многу ѕвезди како Маја Оџаклиевска, Тоше Проески, Перо Христов, Владо Јаневски, Марјан Стојановски, Мартин Вучиќ, Каролина Гочева и Андријана Јаневска.

Григор Копров

Во 1997 ја компонирал песната Не зори зоро со која Владо Јаневски ја претставувал Македонија на Евровизија 1998, првиот настап на земјата на овој настан. Копров се обидел да пласира и многу други песни за Евровизија, но тие не успевале на изборите.

Најпознат е по неговата соработка со ултра-славната македонска и балканска ѕвезда Тоше Проески. Копров му ги компонирал некои од неговите мегахитови како Сонце во твоите руси коси, Усни на усни и Немир (во дует со Гочева).

Копров е познат и како композиторот на познатата пејачка Маја Оџаклиевска со песните како Јулија, Те љубам лудо, Ники, Лиду лиду ду, и Прости ми.

Дел од делата на Григор Копров може да се видат на мрежното место на ВБУ Музички Регистар.