Летни олимписки игри 1976

(Пренасочено од ЛОИ Монтреал - 1976)

21-те Летни олимписки игри се одржале 1976 година во Монтреал. Градот бил избран за домаќин на 12 мај 1970 на 69-тата сесија на МОК во Амстердам. Останати конкуренти биле Москва и Лос Анџелес.

XII Зимски олимписки игри
Games of the XXI Olympiad
Games of the XXI Olympiad

Град домаќин Инсбрук, Австрија
Бр. на држави 92
Бр. на спортисти 6,028 (4,781 мажи, 1,247 жени)
Натпревари 198 од 21 спортови
Отворени 4 февруари
Затворени 15 февруари
Официјално отворени од: Елизабета II[1]
Спортска заклетва Пјер Сент- Жан
Олимписка заклетва Морис Фужо
Олимписки оган Стефан Префонтен и
Сандра Хендерсон
Стадион Бергисел
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1976
Град Земја Прв круг Втор круг
Монтреал Канада 25 41
Москва СССР 28 28
Лос Анџелес САД 17 -

Ретроспектива

уреди
 
Олимпискиот стадион во Монтреал, иронично наречен „Големиот долг“
  • Олимписките игри во Монтреал биле отворени од кралицата Елизабета II (како владетел на Канада) и целата канадска кралска фамилија присуствувала на отворањето на церемониите.
  • Канада, земјата- домаќин останала со 5 сребрени и 6 бронзени медали. Таа била првата земја- домаќин во Олимписката историја на летните игри која не се здобила со златен медал. Ова се случило претходно на Зимските олимписки игри - 1924 одржани во Шамони, Франција, и Зимските олимписки игри - 1928 одржани во Санкт Мориц, Швајцарија. Ова подоцна се случило и на Зимските олимписки игри - 1984 одржани во Сараево, Југославија и повторно за Канада на игрите во Калгари во 1988.
  • Канада не го признала името на Тајван како автономна држава, но направила компромис со Тајванците за да можат да имаат свој грб и знаме, но тоа било одбиено од нивна страна.
  • Конгоанскиот одицијалец Жан Клод Канга го пред водел бојкотот на 28 земји поради двобојот во рагби помеѓу Јужноафриканската Република и Нов Зеланд, во чиј тим сите биле црномурести. Некои од нациите (вклучувајќи ги Мароко, Камерун и Египет) веќе учествувале, но само како тимови кои се откажале веднаш по првиот ден. Од Јужна и Централна Африка само Сенегал и Брегот на Слоновата Коска зеле учество во игрите. Ирак и Гвинеја се одлучиле да учествуваат во конгоанскиот бојкот.
  • Поради минхенскиот масакр обезбедувањето било очигледно многу зголемено.
  • Организацијата на олимписките игри за градот Монтреал била финансиска катастрофа, бидејќи градот отплаќал долгови од Олимпијадата уште наредните 30 години, сè до 2006. Олимпискиот стадион, храбар дизајн на французинот Роже Тајибер се смета за споменик на големиот дефицит и го нарекуваат „Големиот Долг“. Подвижниот кров на стадионот никогаш практично и не проработел, а кулата над него била завршена дури по Игрите. Вкупниот трошок за стадионот, вклучувајќи ги и поправките, реновациите, градбата, каматите и инфлацијата изнесува 1,6 милијарди канадски долари. По сето ова, Монтреалските игри во 1976 се најскапите игри кои се досега организирани.
  • Олимпискиот оган бил „електронски“ пренесен преку сателит од Атина до Отава, со помош на електронски пулс кој потекнувал од вистинскиот пламен кој горел во Атина. Од Отава, бил пренесен рачно до Монтреал. По една дождовна бура која го изгаснала Олимпискиот пламен, еден официјален претставник на игрите го запалил повторно со помош на својата запалка. Организаторите бргу го изгаснале и го запалиле користејќи резерва на оригиналниот оган.
  • 14-годишната Надја Команечи од Романија освоила седум совршени десетки и освоила три златни медали, вклучувајќи го престижниот сеопфатен медал или „All Around“. Семафорот можел да покаже само три цифри па така резултатот бил прикажан како 1:00. Во женска гимнастика Нели Ким од СССР освоила три златни медали. Николај Андријанов од СССР освоил четири златни медали, вклучувајќи го и сеофпатниот, во машка гимнастика.
  • Виктор Санеев (Советски Сојуз) го освоил неговиот трет последователен медал во трискок, додека Клаус Дибиаси од Италија го направил истото во дисциплината скок од скокалница.
  • Алберто Хуанторена од Куба станал првиот маж кој ги освоил трките и на 400 m и на 800 m на истата Олимпијада. Ласе Вирен од Финска исто така постигнал двоен успех во трките на 5.000 m и на 10.000 m и завршил петти во маратонот, и со тоа не успеал да го изедначи постигнувањето на Емил Затопек од 1952.
  • Борис Онишенко, член на тимот на СССР во современ петобој, бил дисквалификуван по отривањето дека ја наместил својата еспада да регистрира удар дури и кога немало. Поради ова, тимот на СССР во современ петобој бил дисквалификуван. Онишенко го заработил непријателството на другите членови на Советскиот олимписки тим, и на пример, тимот на СССР во одбојка се заканувал дека ќе го исфрли од хотелот низ прозорец доколку го сретнат.
  • Биле воведени спортовите кошарка, ракомет и веслање со натпреварување и во женска конкуренција.
  • Пет американски боксериШугар Реј Ленард, Леон Пинкс, Мајкл Спинкс, Лио Рендолф и Хауард Дејвис Џуниор освоиле златни медали во бокс. Овој бил често нарекуван најдобриот Олимписки боксерски тим кој САД некогаш го имала, и од петте американски освојувачи на златни медали во бокс, сите освен Дејвис станале професионални светски шампиони.
  • Принцезата Ана од Обединетото Кралство била единствената жена натпреварувач која не морала да помине на тест на полот. Таа била член на тимот на нејзината држава во коњички спортови.
  • Јапонскиот гимнастичар Шун Фуџимото настапувал со скршено десно колено, и му помогнал на јапонскиот тип да го освои златниот медал во тимското првенство. Фуџимото ја скршил неговата нога на вежби на партер, и поради блискоста во севкупниот поредок со СССР, тој ја скрил својата повреда. Со скршено колено, Фуџимото бил во состојба да го комплетира својот настап на карики изведувајќи совршен краен скок со тројно салто, задржувајќи совршена рамнотежа на приземјувањето. Освоил 9,7 и со тоа го обезбедил златото за Јапонија. По неколку години, кога го прашале дали би го направил тоа повторно, тој бледо рекол „Не, не би.“
  • Источно-германскиот тим во пливање ги освоил сите освен два златни медали.
  • Луан Рајан го освоила женскиот златен медал во стрелаштво за САД; Рајан никогаш порано не се натпреварувала на меѓународно ниво.

Спортови

уреди
 
Олимпиското село коешто постои и денес

Земји-учеснички

уреди
 
Со сина боја се обележани земјите кои дебитираат на Олимписките игри

Спортистите од Камерун, Египет, Мароко и Тунис се натпреварувале само од 18 до 20 јули по што ги напуштиле игрите.

Земји кои ги бојкотирале игрите

уреди
 
Земјите кои ги бојкотирале игрите се обележане со жолта, зелена и портокалова боја

Следните 28 земји ги бојкотирале игрите и неучествувале поради двобојот во рагби помеѓу Нов Зеланд, тим во којшто сите играчи биле црномурести и Јужноафриканската Република, земја која не учествувала на Олимписките игри од 1964 до 1992 поради политиката на апартхејдот.

Заир не учествувал на игрите, но повеќе од финансиски причини отколку од политички. Од игрите отсуствувале и Кина и Република Кина (Тајван), поради тоа што Кина не го признавала Тајван како посебна држава. Но, сепак истата 1976 година Меѓународниот олимписки комитет го признал Тајван како посебна држава.

Освојувачи на медали

уреди
Rank Country Злато Сребро Бронза Вкупно
1   СССР 49 41 35 125
2   Источна Германија 40 25 25 90
3   САД 34 35 25 94
4   Западна Германија 10 12 17 39
5   Јапонија 9 6 10 25
6   Полска 7 6 13 26
7 Бугарија 6 9 7 22
8   Куба 6 4 3 13
9   Романија 4 9 14 27
10   Унгарија 4 5 13 22

Поврзано

уреди

Олимписки игри со бојкоти

уреди

Наводи

уреди
  1. International Olympic Committee (9 октомври 2014). "Factsheet - Opening Ceremony of the Games of the Olympiad". Соопштение за печат.

Надворешни врски

уреди