Минхенскиот масакар се случил на 5 септември 1972 во Минхен, за време на одржувањето на 20. Летни олимписки игри. Група од 8 Палестинци поврзани со терористичкото движење Црниот септември влегла во Олимпиското село, при што киднапирале 11 израелски спортисти. Во текот на 18-часовната заложничка драма, во неуспешниот обид на германската полиција да ги ослободи заложниците, биле убиени сите заложници и петмина од грабнувачите. Од останатите грабнувачи, уште двајца биле убиени подоцна, веројатно од Мосад, а единствениот преживеан се верува дека е Џамал Ал-Гашеи кој и денес живее скриен на непозната локација. По овој настан, целата израелска олимписка делегација ги напуштила игрите.

Минхенски масакар

Munich
МестоМинхен, Западна Германија
Координати48°10′46.9″N 11°32′57.1″E / 48.179694° СГШ; 11.549194° ИГД / 48.179694; 11.549194
Датум5–6 септември 1972
4:30 a.m. – 12:04 a.m. (UTC+1)
ЦелИзраелски олимписки тим
Вид нападмасакар, заложништво
Мртви17
  • 6 израелски тренери
  • 5 израелски спортисти
  • 5 членови на Црн септември
  • 1 германски полицаец
СторителиЦрн септември

Во знак на одмазда, на 10 септември Израел ги нападна Либан и Сирија, предизвикувајќи голем број жртви меѓу цивилите.

Наводи

уреди