Николај Андријанов

Николај Ефимович Андријанов (руски: Никола́й Ефи́мович Андриа́нов) (роден на 14 октомври 1952 во Владимир, Руска СФСР - почина на 21 март 2011 во Владимир[1]) беше советски гимнастичар, кој на Олимписките игри освоил 15 медали (7 златни, 5 сребрени и 3 бронзени), а е втор по бројот на освоени медали воопшто зад Лариса Латинина, која има освоено 18 (9 златни, 6 сребрени и 3 бронзени). На Олимписките игри во Москва во 1980 година тој има положено и Олимписка заклетва.

Николај Андријанов 1974
Николај Андријанов 1974

Николај Андријанов бил член на спортското училиште Буревестник во Владимир уште од 11 години. Таму негов тренер бил познатиот Николај Толкачев. Првите успеси Андријанов ги постигнал со освојувањето на 2 златни медали на Европското првенство во Мадрид во 1971, а во периодот од 1971 до 1980 е освојувач на голем број на медали на Олимписките игри, светските и европските првенства.

Тој е оженет со двократната олимписка шампионка во гимнастика Љубов Бурда. Од 2001 тој е член на Интернационалната гимнастичка хала на славните, а од 2002 е директор на спортското училиште за деца и млади во Владимир.

Андријанов почина во родниот град, на 21 март 2011 година по долго боледување.

НаводиУреди

  1. London 2012 – Olympic legend Andrianov dies – Yahoo! Eurosport. Uk.eurosport.yahoo.com. Retrieved on 22 March 2011.

Надворешни врскиУреди