Гуменџе
Гуменџе или Гуменџа (грчки: Γουμένισσα) до 1926 Гуменица (грчки: Γουμένιτσα) — град во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Претставува административен центар на општината Пајонија во рамките на Кукушкиот округ.
Гуменџе Γουμένισσα | |
---|---|
![]() Поглед на Гуменџе | |
Местоположба во областа goumenissa.png | |
Координати: 40°56′N 22°27′E / 40.933° СГШ; 22.450° ИГДКоординати: 40°56′N 22°27′E / 40.933° СГШ; 22.450° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Управа | |
• Градоначалник | Стилијанос Папапанајоту |
Површина | |
• Вкупна | 200,33 км2 (7,735 ми2) |
Надм. вис. | 268 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 6.819 |
• Густина | 0,34/км2 (0,88/ми2) |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 613 00 |
Повик. бр. | 2343 |
Рег. таб. | ΚΙ |
Мреж. место | goumenissa.eu |
Географија и местоположбаУреди
Градот се наоѓа во северниот дел на Солунското Поле, на источните падини на планината Пајак. На 69 км е северозападно од градот Солун и 20 км северно од градот Постол, старата престолнина на Античка Македонија.
ИсторијаУреди
Градот е заземен од Турците во 1387 година. Многу по тоа, за време на Илинденското востание борбените дејства биле многу развиени во западната половина од солунскиот револуционерен округ, односно во вториот востанички округ „Кожуф“. Ениџевардарскиот војвода Апостол Петков ениџевардарското сонце, ја поделил кожуфската околија на четири реони со главни пунктови во селата Грубевци, Крива, Тумба и градот Гуменџе. Во реонот борби воделе и четите на Сава Михајлов, Аргир Манасиев и Иван Карасулијата. На 23 октомври 1912 година градот бил заземен од грчка војска и од тогаш е во грчката држава. Така се изменил етничкиот состав на населението, од кој Македонците сочинувале две третини, а новодојдените Грци една третина. За време на граѓанската војна Македонците масовно се приклучиле на ЕЛАС и ДАГ, надевајќи се дека ќе ги добијат своите права. На планината Пајак бил стациониран одред на НОФ со околу 30 борци. Партизаните удриле и на градот, но не можеле да го задржат. По поразот на Демократската армија повторно имало иселувања на Македонци.
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Година | Население |
1900 | 3.150 |
1981 | |
1991 | 4.163 |
2001 | 4.073 [1] Архивирано на 1 јули 2007 г. |
Општествени установиУреди
Администрација и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
- Цркви
- „Успение на Пресв. Богородица“ од 1802 г.
- „Св. Ѓорѓи“ од 1862 г.
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
- Михаил Чаков
- Ристо Менчев — партизан
- Христо Батанџиев
- Георги Василевски (1935-2009) — македонски филмски критичар, публицист и теоретичар на филмот
- Ичко Бојчев — македонски револуционер
- Христо Шалдев — македонски револуционер
- Иван Алев — македонски револуционер и лекар.
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
ЛитератураУреди
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.