Црквата во Самоиловото Царство
Во историјата на Македонија и Балканскиот Полуостров голема улога има улогата на црквата во времето на цар Самоил.
Во овој период во Македонија постоело бројно монаштво, кое било двигател на духовниот подем на македонскиот народ. Територијата на Македонија била поделена на нови македонски епархии, кои биле управувани од локални епископи. Охридската црква почнала да функционира како вистинска самостојна Црква со сопствен поглавар и Свет Синод, чие седиште се наоѓало во Преспа, во тогашната престолнина на царот Самоил. Цар Самоил ја издигнал црквата на Свети Климент на ниво на Патријаршија, најверојатно 976 година.
Пред и по создавањето на Самоиловото Царство, земјата била во постојан конфликт со Византија и не ја признавале јурисдикцијата на цариградскиот патријарх над епархиите во самоиловата држава. Поради ова, Самоил царската круна ја добил со благослов на римскиот папа Григориј V[1].Во научната литература сѐ уште не е точно утврдена годината на прогласувањето на Самоил за цар и на неговата држава за царство. Едел од историчарите истакнуваат деке тоа се случило најверојатно во последните години на 10 век. Според некој официјалното крунисување на Самуил за цар било извршено во црквата св. Ахил во Мала Преспа и тоа во присуство на римските прставници кои по склучената спогодба меѓу него и папата Григориј V во Преспа ја донеле царската круна [1]. Според некој научници градот Преспа станал и црковно седиште на Самоиловото Царство. Според д-р Бошковски, Свечениот чин бил извршен на Велигден, Христово Воскресение, во 1001 година во црквата Света Софија. На церемонијата на крунисувањето присуствувале папските легати што ја донеле круната испратена од папата, потоа преспанско-охридскиот патријарх Филип, претставници на високото свештенство, комплетното царско семејство, сите македонски благородници, како и меѓународните претставници од унгарскиот кралски двор и од зетскиот кнежевски двор.
Заедно со царската круна папските делегати донеле и црковни симболи за првиот македонски патријарх, Филип. Новиот Охридски патријарх, според вообичаената практика во христијанските држави, заедно со своите црковни великодостојници и со папските делегати, го миропомазал Самоил за цар. Тогаш царската престолнина од Преспа била пренесена во Охрид, а со тоа и седиштето на Патријаршијата. Јурисдикцијата на Охридската патријаршија се простирала низ целата држава на Самоил, а како се ширело Самоиловото Царство, така се проширувала и јурисдикцијата на Охридската црква.
Најверојатано е дека Папата го удостоил Самоил со титулата рекс што значи дека добил кралска круна, на латински наречена corona. Треба да се истакне дека Римската црква со царска титула единствено ги удостоила франечките владетели почнувајќи од Карло Велики и германските владетели од Отон I.
Според историските податоци, во склоп на Охридската патријаршија, покрај епархиите во Македонија, влегувале и епархиите во Тесалија, Епир, Албанија, Дукљан, Травунија, Захумје, Рашка, Босна, Срем и подунавска Бугарија. Според записот од катедраата во Свети Ахил, кон Охридската патријаршија биле вклучениимињата на следниве епархии Видинска, Кефалониска (Главенишка), Вериска, Ираклиска (Пелагониска), Скопска, Сардикиска ), Селасфорска (Деволска), Пелска и Призренска. Несомнено, епархии на Охридската патријаршија биле и Морозвидска, Мегленска, Струмичка, Лариска, Навпатска, Драчка, Липљанска, Рашка, Сремска, Белградска, Браничевска, Нишка, Велбуждска.
Со покрстувањето на Русите во 10 век и со првите контакти на Самоиловиот двор со дворот на царот Владислав, од Македонија кон Русија почнала да се движи целата христијанска просвета, култура и писменост. Руската Црква сè до 1037 година се наоѓала во диецезата на Охридската патријаршија.
По битката на Беласица Охридската патријаршија не ја укинал нејзината автокефалност, туку само Патријаршијата ја симнал во ранг на Архиепископија. Границите останале исти, како и нејзините права и привелегии. Во тоа време под јурисдикцијата на Охридската архиепископија се наоѓале 31 епархија. Охрид станал важен црковен центар за поголемиот дел на Балканскиот Полуостров, кој по значење стоел еднакво со древните духовни катедри, како што се Рим, Цариград, Ерусалим, Антиохија, Александрија итн.