Средновековна Италија
Историјата на Италијанскиот полуостров во текот на средновековниот период го опфаќа периодот помеѓу распаѓањето на Западното Римско Царство во 476 година и Италијанските војни од 1494 до 1559 година, кое резултирало до паѓање на териториторијата на денешна Италија под странска доминација, во прво време под Хабсбуршка Шпанија.
Доцната антика во Италија се задржала до 7 век во рамките на Кралството на Остроготите, Јустинијанова Византија и Византиското папство до средината на 8 век. Според некои историчари, средниот век во Италија започнал со слабеењето на Византија под притисок на муслиманските освојувања и паѓањето на Равенскиот ерзархат под Ломбардска власт во 751 година. Ломбардската власт завршила со инвазијата на Карло Велики во 773 година, преку основање на Кралство Италија и Папска Држава. Овој чин претставувал главниот политички конфликт во Италија во текот на следните векови, меѓу папата и на светиот римски цар, што кулминирал со конфликтот меѓу папа Григориј VII и Хајнрих IV и неговото т.н. Патување до Каноса во 1077 година.
Во 11 век започнал политичкиот развој во Италија, трансформацијата на средновековните комуни во моќни градови-држави според моделот на античките римски републики. Најзначајни од нив биле Република Венеција, Република Фиренца, Република Џенова, Република Пиза и други, кои го отвориле патот за италијанската ренесанса. Од друга страна, италијанските градови-држави биле во состојба на постојана војна, учествувајќи како и во постојаните конфликти меѓу папата и Светото Римско Царство. Секој град бил наклонет кон една или друга фракција, но и внатрешно биле поделени на гвелфи (поддржувачи на папата) и гибелини (поддржувачи на царот). Од 13 век, овие војни сè повеќе се воделе со платеници, кои довеле до создавање на италијанската институцијата Кондотиер. По три децении на војните во Ломбардија помеѓу Војводство Милано и Република Венеција, бил потпишан договор од Лоди според кој била формирана т.н. Италијанска лига, која довела до релативен мир за регионот за првпат од неколку векови. Овие пет сили биле поморските републики на Венеција и Фиренца, чии поморски сили доминирале на источниот и западниот брег на полуостровот додека територијално Миланското војводство и Папската Држава доминирале во северниот и централниот дел на Италија, и Кралството Неапол во јужниот дел.
Несигурната рамнотежа помеѓу овие сили дошла до својот крај во 1494 кога војвода од Милано Лудовико Сфорца побарал помош од францускиот крал Шарл VIII во неговиот конфликт против Венеција, што довело до започнување на Италијанската војна од 1494-98. Како резултат на тоа, Италија станала бојно поле на големите европски сили за следните шеесет години, со кулминација во Италијанската војна од 1551-1559 година, кога Хабсбуршка Шпанија станала доминантна сила во Италија. Хабсбуршката династија со Италија владеела до инвазијата на Италија од страна на Наполеон во 1796 година.
6 век - 8 век
уредиИталија била нападната од страна на Визиготите во 5 век и Рим бил ограбен од страна Аларих I во 410 година. Западниот римски цар Ромул Август, кој според традицијата бил последен, бил соборен со 476 година од Одоакар по кое Западното Римско Царство престанало да постои. Тој потоа владеел во Италија седумнаесет години како rex gentium, теоретски под вазалство на источниот римски цар Зенон, но во практика тој имал целосна независност. Администрацијата и понатаму останала во суштина иста како онаа во рамките на Западното Римско Царство, давајќи верски слободи на христијаните. Одоакар војувал против Вандалите, кои ја освоиле Сицилија.
Во 489 година царот Зенон ги испратил Остроготите во Италија. На 25 февруари 493 година, Теодорих Велики го поразил Одоакар и станал крал на Остроготите. Теодорих, кој живеел долго во Цариград всушност владеел со Италија во голема мера преку римската администрација. Готското малцинство и аријанството ја претставувало аристократијата на земјопоседници и војски, но нејзиното влијание врз земјата останало минимално. Населението сè уште ги користело римските закони, и имало слобода на вероисповед добиена од Одоакар. Владеењето на Теодорих генерално се смета за период на заздравување на земјата. Инфраструктурата била поправени, границите биле проширени, а економијата добро зацврстена. Латинската култура цветала за последен пат со личности како Боетије, а Италијанското Кралство повторно станало најмоќниот политички субјект на Медитеранот.
Источниот дел на царството, сега со седиште во Цариград, ја нападнала Италија во почетокот на 6 век, а генералите на царот Јустинијан I, Велизариј и Нарсес го освоиле Остроготското Кралство во 552 година. Овој конфликт, познат како Готски војни, уништил голем дел од животот на земјата кој ги преживеала варварските инвазии. Земјоделството го вработувало најголемиот дел од италијанската популација. Војните, гладот, болестите и епидемиите придонесувале за драматичен ефект врз демографијата на Италија.
По повлекувањето на византиската војска, друг германски народ, Ломбардите, ја нападнале Италија. Чивидале дел Фријули бил првиот главен центар што паднал, додека византискиот отпор бил концентриран главно во областите на брегот. Ломбардите наскоро освоиле поголем дел од полуостровот, со главен град Павија. Во регионот на централно-северна Италија, кој останал под византиска власт (Лацио и Ромања, Лигурија) бил основен Равенски егзархат. Јужна Италија, со исклучок на Апулија, Калабрија и Сицилија, исто така, била окупирана од две полунезависни ломбардски војводствата: Војводство Сполето и Војводство Беневенто. Освен тоа биле формирани и неколку независни градови-држави (Гаета, Неапол, Венеција, Амалфи).
Подемот на Рим
уредиЦрквата (а особено на епископот на Рим, односно папата), одиграла важна политичка улога уште од времето на Константин Велики, кој се обидел да се вклучи во царската администрација.
Во политички нестабилна ситуација по падот на западното царство, црквата станала единствената стабилна институција и единствениот извор на школување во Западна Европа. Дури и Варварите се потпреле на свештениците, со цел да управуваат во текот на нивните освојувања. Исто така, католичките монашки редови, како Бенедиктинците, имале голема улога и во економскиот живот и во зачувувањето на класичната култура.
По инвазијата на Ломбардите, папите често добивале помош од Цариград и биле под негова контрола, но со текот на времето папите започнале да градат независна своја држава.
8 век - 9 век
уредиНа крајот на 8 век папите дефинитивно започнале да се стремат кон независност, и пронашле начин тоа да го постигнат преку сојузништво со Каролиншката династија на Франките. На Каролинзите им бил потребен некој кој би можел да им даде легитимитет против Меровинзите, додека на папите им била потребна воена заштита против Ломбардите.
Во [751] година Ломбардите ја освоиле Равена и Равенската егзархија била укината. Со ова завршило византиското присуство во централна Италија (иако некои крајбрежни градови и некои области во Јужна Италија останале под византиска власт до 11 век). Соочувајќи се со нова офанзива од страна на Ломбардите, Папството побарало помош од Франките. Во 756 година Франките ги поразиле Ломбардите и даде на Папството правна надлежност над сите територии на централна Италија, со што се создала можноста за основање на Папска Држава. Сепак, остатокот на Италија останал под власт Ломбардите (Беневенто и Сполето) и Византијците (Калабрија, Апулија и Сицилија).
Каролинзи
уредиВо 774 година, по покана на папата, Франките извршиле уште една инвазија во Кралство Италија каде во почетокот на јули 774 година паднала нивната престолнина. Кралот Дрезидериј бил симнат од престолот и бил протеран во манастир додека Карло Велики ја добил титулата – крал на Франките и Лангобардите. Подоцна, на 25 декември 800 година Карло Велики бил исто така крунисан за Цар на Светото Римско Царство од страна на папата, што предизвикало контроверзии и спорови. Војната меѓу двете царства наскоро започнала. Во 812 година, Византијците се согласиле да го признаат постоењето на две римски царства во замена за гаранција дека останатите византиски територии во Италија нема да бидат спорни.
Во текот на овој период, некои крајбрежни региони, и сите делови на јужна Италија останале под византиска или ломбардска контрола. Царската власт никогаш не се проширила кон јужниот дел на полуостровот. Јужна Италија била поделена помеѓу двете ломбардисски војводства: Сполето и Беневенто, кои го прифатиле вазалството на Карло Велики само формално (812). Крајбрежните градови како Гаета, Амалфи, Неапол на Тиренско Море, и Венеција на Јадранско Море, претставувале латинско-грчки енклави кои станале независни од Византија. Освојувањето на Беневенто би значело целосно заобиколување на папските територии, а веројатно и Карло Велики сметал дека тоа ќе означува нарушување на односите со римскиот папа. Во времето на Карло Велики следувал период на стабилност во Италија, и покрај тоа што, генерално, беше земјата била управувана од неиталијански владетели. Поделбата со источниот свет продолжило да зема поголем замав. Процесот на изолација од Источното царство и поврзување со западниот свет на Франција и на Германија, кое започнало пред три века, било конечно завршено во почетокот на 9 век.
По смртта на Карло Велики (814) новото царство наскоро се распаднало поради слабите негови наследници. Во следниот период започнале нападите на Сарацените и започнало зголемување на моќта на морските републики. По смртта на Лудвиг Побожниот во 840 година, Царството на Франките било поделено во 843 година помеѓу неговите синови, додека Италија припаднала на Лудвиг II Италијански.
Во првата половина на 9 век започнале муслиманските арапски напади од Аглабидите, кои ја освоиле Сицилија. Во 846 година, муслиманските Арапи го нападнале Рим, ja ограбиле базиликата Свети Петар, и го украле цело злато и сребро во него. Како одговор на тоа, папата Лав IV ја започнал изградбата на ѕидовите на Ватикан во 847 година и истите биле завршени во 853. Кон крајот на 9 век, Византијците и Франките започнале заедничка офанзива против Арапите во јужниот дел на Италија.
Јужна Италија
уредиСо освојувањата на Карло Велики во 774 година, северниот дел на Италија била политички одделена од југ целосно. Иако Византијците продолжиле да ги контролираат териториите во Апулија и Калабрија, војводата од Беневенто, Аричис II успеал да се спротивстави на царувањето на Карло Велики.
Создавање на независни делови (774-849)
уредиВо времето на Аричис и неговите наследници, Војводство Беневенто иако им оддавало почит на Каролинзите, тие успеале да постигнат независност од Франките и Византијците. Војводството Беневенто го достигнало својот врв во 830-тите години во времето на Сикард.
Во 839 година Сикард бил убиен и по неговата смрт започнала граѓанска војна. Во 839 година за војвода бил избран Раделчис I додека како негов противник бил избран Сиконулф со седиште во Салерно. Оваа граѓанска војна продолжила со брзо темпо за една деценија, за време на која гасталдите на Беневенто ја искористиле можноста да ја зацврстат својата независност, особено во Капуа. Во 849 година, царот Луј II, во една од неговите први кампањи како крал на Италија, извршил инвазија на полуостровот и наметнал мир меѓу двете фракциите на Ломбардите. така, кнежевството било поделено на два дела, Војводство Беневенто и Војводство Салерно.
Од друга страна, Војводство Неапол често сакало да се отргне од византиското влијание и да се приклучи кон папството. Во 801 година преку војводата Антим повторно била воспоставена византиска контрола во Неапол, но тој немал контрола над Гаета и Амалфи. Во 812 година Неапол одбил да му испрати помош на византискиот цар Лав III. Во следниот период Неапол прогласил целосна независност.
849–915
уредиВо 852 година Сарацените го освоиле Бари и основале емират. Византискиот цар побарал сојуз од Лудвиг II Италијански. Слично на тоа, новиот принц на Беневенто, Аделчис, независен владетел, исто така побарал помош. Така во 871 година Бари бил ставен под опсада. Тој се повлекол во Беневенто за да се подготви за понатамошни походи кога бил предавнички нападнат во неговиот дворец, ограбен и затворен од Аделхиз, кнезот на Беневенто, во август 871 година. Пристигнувањето на нови банди на Сарацени го приморало Аделхиз да го ослободи својот затвореник еден месец подоцна, и Лудвиг бил присилен да се заколне дека нема да се одмазди поради повредите, ниту пак дека ќе влезе со армија во Беневенто. Враќајќи се во Рим, тој бил ослободен од заклетвата, и бил крунисан по вторпат за цар од страна на папата Адријан II на 18 мај 872 година.
Свето Римско Царство
уредиВо 951 биле обединети престолите на Италија и Германија. Владетелот Отон I, тврдел дека Унијата го обновилп царството на Карло Велики и ја добил титулата на крал на Италија во 962 година. Во времето на Македонската династија, византиска власт доживеала повторно обновување на влијанието во јужна Италија. Кон крајот на 9 век територијата под директна византиска власт се проширила. Италијанскиот катепанат бил формиран за администрирање на стекнатата територија. Остатокот од јужна Италија останала поделена.
11 век го означувал и крајот на најмрачниот период во средниот век. Трговијата полека се кренала на нозе, особено на отворено море, каде поморските републики како Амалфи, Венеција, Пиза, Џенова, Анкона и Гаета станале големите сили. Папството го вратил својот авторитет, и започнал една долга борба со царството поврзани околу црковните и световните работи. Во 12 век овие италијански градови започнале со првите обиди за излегување од сферата на влијание на Светото Римско Царство, формирајќи Ломбардски Сојуз. Често овие градови-држави биле помагани од страна на Византија која се надевала дека ќе ги избрка Германците од Италија.
Во 11 век, Норманите ја освоиле Ломбардија и византиските територии во Јужна Италија. Во текот на истиот век, Норманите исто такаги поразиле и ставиле крај на муслиманска власт во Сицилија. Норманската власт во она што некогаш била византиска територија ги налутила Византијците, кои во 1155 година направиле последен обид под царот Мануел I Комнин за враќање на власта во јужна Италија. За разлика од Норманското освојување на Англија (1066), кое се одржало во текот на неколку години, по една решавачка битка, освојувањето на јужна Италија било производ на децениски и многубројни битки.
Доцен среден век
уредиВо 14 век, Италија била поделена помеѓу Кралство Неапол и Кралство Сицилија во јужниот дел, папските држави во централна Италија, и поморските републики во северниот дел. Војводство Милано се нашло во фокусот на европската политика во 15 век, што довело започнување на Италијанските војни.
Италијанската ренесанса се појавила во 14 век во Тоскана, во градовите Фиренца и Сиена. Подоцна, таа имала големо влијание во Венеција и Рим. Италијанската ренесанса го достигнал својот врв во средината на 16 век.
Литература
уреди- Cristina La Rocca (Ed.): Italy in the Early Middle Ages: 476-1000 (Short Oxford History of Italy), Oxford 2002.
- Ruggiero, Guido. The Renaissance in Italy: A Social and Cultural History of the Rinascimento (Cambridge University Press, 2015). 648 pp. online review