Лудвиг Побожниот (778 – 20 јуни 840), наречен и Праведниот, или Отмениот,[1]крал на Аквитанија од 781 година. Тој бил и крал на Франките и совладетел (како Лудвиг I) заедно со својот татко, Карло Велики, цар на Светото Римско Царство од 813 година.

Лудвиг Побожниот
Лудвиг побожниот, приказ од 826 година како Новозаветни воени метафори (Христов воин), со поема од Рабан Маур
крал на Франкија
На престол814–840
Крунисување13 септември 813, Ахен
ПретходникКарло Велики
НаследникЛотар I
Лудвиг II
Карло Ќелавиот
Цар на Светото Римско Царство
На престол813–840
КрунисувањеОд Стефан VI: 5 октомври 816, Ремс
ПретходникКарло Велики
НаследникЛотар I
Крал на Аквитанија
На престол781–814
ПретходникКарло I како крал на Франките
НаследникПипин I
Роден(а)778
Шаснеј ди Поату
Починал(а)20 јуни 840 (на 61–62 г.)
Ингелхајм
Почивалиште
СопружникИрменгарда Хезбајска
Јудита Баварска
Деца
ДинастијаКаролинзи
ТаткоКарло Велики
МајкаХилдегарда
Каролишка династија
Пипиниди
Арнулфинги
Каролинзи
По Вердунскиот договор (843)

Како единствен останат син на Карло Велики и Хилдегарда, тој бил единствениот владетел на Франките по смртта на неговиот татко во 814 година, каде останал сè до неговата смрт со исклучок на периодот од 833 до 834 година кога бил симнат од престолот.

За време на неговото владеење во Аквитанија, Лудвиг бил задолжен за одбрана на југозападните граници на царството. Тој ја освоил Барселона од муслиманите во 801 и ја наметнал франската власт над Памплона и Баскија јужно од Пиринеите во 812 година. Како цар тој ги вклучил во своето владеење возрасните синови, Лотар, Пипин и Лудвиг, и посакувал да постигне подеднаква распределба на владенијата меѓу нив. Првата декада од неговото владение било окарактеризирано со неколку трагедии и осрамувања, особено бруталниот однос кон неговиот внук Бернар Италијански, за што Лудвиг се покајал јавно преку самопонижување.

Во 830-ите царството било вовлечено во граѓанска војна меѓу неговите синови, предизвикана од обидите на Лудвиг да го вклучи својот син Карло во плановите за распределба на наследството. Иако неговото владеење завршило во мир, при што редот бил воспоставен низ царството, следеле три години на граѓанска војна. Лудвиг вообичаено се споредува со неговиот татко, иако проблемите со кои се соочил биле од поинаква природа.

Раѓање и владение во Аквитанија

уреди

Лудвиг се родил деодека неговиот татко Карло Велики бил на поход во Шпанија, во Каролишката вила во Шаснеј ди Поату, според Ајнхард и анонимниот хроничар наречен Астроном, место во близина на Шаснеј ди Поату, близу Поатје.[2] Тој бил третиот сина на Карло Велики и Хилдегарда. Негов дедо бил Пипин Кусиот.

Лудвиг бил крунисан за Крал на Аквитанија како дете во 781 година[3] и испратен со намесници и благороднички двор. Карло Велики го создал ова подкралство за да ја обезбеди границата на кралството од стравотната војна со Аквитанците и Баските под водство на Вајфер и подоцна со Хуналд II, која завршила со катастрофалната Битка кај Ронсесвалјес (778). Карло Велики сакал неговиот син Лудвиг да порасне во област каде тој ќе владее. Сепак, во 785 година, знаејќи ги обичаите кој ќе треба да ги почитува неговиот син во Аквитанија, Карло Велики го испратил во Аквитнија на кралскиот собор облечен во баскиска облека слична на онаа на другите млади, што оставило добар впечаток во Тулуза, бидејќи Баските од Васконија биле главницата на аквитанската војска.

Во 794 година, Карло Велики доселил четири поранешни галоримски села во владението на Лудвиг, со замисла дека ќе ги засолни во текот на зимата: Дуе ла Фонтен во денешен Анжуј, Ебреј во Алје, Анжак-Шарант, и оспорениот Шаснеј ди Поату. Намерата на Карло Велики била да ги израсне своите синови како домородци во своите владенија, носејќи ги националните облеки на областа. Па така децата биле испратени во малдоста на своите владенија. Секое кралство имало своја важност во обезбедување на границата, каде Лудвиг бил шпански маркиз. Во 797 година, Барселона, најголемиот град во Шпанската Марка, потпаднал под владение на Франките кога Зејд, управникот на градот, се побунил против Кордоба и им го предал во владение. Омејадите повторно го освоиле во 799 година. Сепак, Лудвиг тргнал во поход со целата своја армија вклучувајќи ги и гасконцитесо нивниот војвода Санчо I Гасконски, Прованса под владение на Лејбулф и готите под водство на Бера, зад Пиринеите и го опсадил во период од две години, презимувајќи во периодот од 800 до 801 година, кога капитулирале.[4] На синовите не им била дадена независност од централната власт, сепак, Карло Велики ги всадил во нив поимите за царство, испраќајќи ги на воени походи далеку од нивните домови. Лудвиг имал походи во Јужна Италија против Беневентијанците.

Лудвиг бил еден од трите легитимни синови на Карло Велики, вклучувајќи го тука и неговиот брат близнак, Лотар. Според Франкиските обичаи, од Лудвиг се очекувало да го подели своето наследство со браќата, КАрло Помладиот, Крал на Невстрија и Пипин, Крал на италија. За време на „Поделбата на власта“ (Divisio Regnorum) во 806 година, Карло Велики го прогласил Карло Помладиот за свој насленик и цар и главен крал на Невстрија и Австразија, додека на Пепин му ја доделил Железната круна на Ломбардија, која претходно била освоена од Карло Велики. На лудвиг му го доделил Кралството Аквитанија, на кое биле додадени и Септиманија, Прованса, и дел од Бургундија.

Но Пепин и Карло починале во 810 и 811 година и Лудвиг бил единствениот кој бил прогласен за совладетел на Карло Велики во 813 година.По смртта на неговиот татко во 814 година, тој го наследил целото франско царство и сите негови владенија (со исклучок на Италија, која останала во владение на Лудвиг, но под владение на Бернард, кој бил син на Пепин).

 
Карло Велики го крунисува Лудвиг Побожниот

Додека бил во својата вила во Дуе ла Фонтен, Анжуј, Лудвиг ги добил вестите за смртта на неговиот татко.[5] Тој се упатил кон Ахен и се крунисал за цар извикувајќи „Да живее царот Лудовик“ (Vivat Imperator Ludovicus) пред присутните благородници.[5]

Од почетокот на своето владение, тој ги ковал парите имитирајќи го портретот на својот татко, што давало слика на царски авторитет и престиж.[5] Набзо ги испратил сите свои немажени сестри во манастири, за да се одбегнат проблеми со премногу моќни зетови.[5] Спротивставувајќи им се на своите нелегитимни полубраќа, ги присилил роднините на татко му, Адалард и Вала да направат потстриг, и ги сместил во Ноармутје и Корби, иако еден од нив му бил лојален.[6]

Негови советници биле Бернард и Ебо, Архиепископ Ремски. Вториот бил, роден како слуга, и бил воздигнат на таа позиција од Лудвиг, но подоцна го предал. Тој задржал некој од татковите министри, како што се Елисахар, опат од Св. Махимин во близина на Трир и Хилдеболд, Архиепископ Келнски. Подоцна тој го заменил Елисахар со Хилдвин, опат од повеќе манастири.

Тој исто така го вработил и Бенедикт Ањански, септиманец визигот и основач на манастири, за да му помогнат да ја реформира франкската црква. Една од првите реформи на Бенедикт била да се осигура дека сите верски куќи во владението на Лудвиг се приклонети кон Законие на Свети Бенедикт, именуван по создавачот, Бенедикт Нурсијски (480–550), првиот бенедиктанец.

Во 816 година, папата Стеан IV, кој го наследил папата Лав III, го посетил Ремс и повторно го крунисал Лудвиг за крала во неделата на 5 октомври. Со тоа царот ја зацврстил улогата на папата при царските крунисувања.

 
Денариј на Лудвиг.

Ordinatio imperii

уреди

На 9 април 817 година, Лудвиг и неговиот двор додека минувале преку дрвен затворен прем од катедралата до палатата во Ахен кога преминот се срушил и убил многумина. Лудвиг, кој едвај се спасил и чувствувајќи непосредна опасност започнал да планира за наследник, таму тој по три месеци го објавил царскиот декрет Ordinatio Imperii, за крвно наследство. Во 815 година, тој веќе и и,ал доделено државнички функции на двајцата најстари синови, испраќајќи ги Лотар I и Пипин да управуваат со Баварија и Аквитанија, но без кралски обележја. Тој продолжил да го раздеува царството на тројцата синови:

  • Лотар бил прогласен за совладетел во Ахен од страна на неговиот татко. Му биле веени сите франкиски владенија со исклучок на оние на браќата и роднините.
  • Пипин бил прогласен за крал на Аквитанија, во неговата територија припаѓала и Гаскоња, мочуриштето околу Тулуза, и земјиштата на Каркасон, Отен, Авалон и Невер.
  • Лудвиг, најмладиот син, бил прогласен за крал на Баварија и околните мучуришта.

Доколку некој од потчинетите кралеви ќе почине, тој ќе биде наследен од неговите синови. Доколку нема наследници, Лотар ќе го наследел кралството на браќата. Во случај Лотар да почине без наследници, еден од Лудвиговите или Пипините синови ќе биде одбран да го замени од страна на „народот“. Над се царството нема да се дели: царот ќе биде единствен владетел и над потчинетите кралеви, чија послушност била задолжителна.

Со оваа спогодба, Лудвиг се обидел да го вметне своето гледиште а обединето црство, поддржано од свештенството, и истовремено обезбедувајќи титули за сите негови синови. Наместо неговите синови да бидат еднакви по титула и земја, тој го издигнал својот првороден син Лотар над неговите помлади браќа и му дал во владение најголемиот дел од царството.

 
Лудвиг побожниот за време на своето покајание во Атињи 822 година.

Бернардовата побуна и Лудвиговото покајание

уреди

Според ordinatio imperii Бернард Италијански останал во подредена и несигурна положба како крал на Италија, па започнал да спрема заговор за прогласување на независност на Италија. Лудвиг веднаш ја упатил својата армија во Италија, и се сместил во Шалон на Сона. Заплашен од брзата реакција на царот, Бернард се сретнал со својот вујко во Шалон, каде се предал. Тој бил одведен во Ахен од страна на Лудвиг, каде му било судено и бил осуден на смрт за предавство. Лудвиг ја заменил казната со ослепување, која била изврешена, но Бернард не го преживеал ослепувањето, умрел два дена подоцна во страшна агонија. Пострадале и други како што се: Теодулф Орлеански, кој живеел повлечено по смртта на Карло Велики, бил обвинет за поддржување на бунтот, и бил затворен во манастирски затвор, но според некои гласини таму тој бил отруен.[7] Судбината на неговиот внук му тежела на совеста на Лудвиг сè до крајот на неговиот живот.

Во 822 година, како голем побожмик, Лудвиг се покајал за смртта на Бернард, во неговата палата во Атињи во близина на Вузје во Ардените, пред папата Паскал I, и совет од еклектичари и благородници од владението кој ги собрал за да посведочат за помирувањето на Лудвиг со неговите те помлади полубраќа, Хуго кој бил прогласен за опат на Свети Квентин, Дрого кој бил поставен за Еписком Мецки и Теодорих. Ова негово покајание, делумно следејќи го примерот на Теодосиј I, многу влијаело на намалувањето на неговиот углед како франкиски владетел, бидејќи прочитал и список на мали прекршоци за кои ниту еден тогашен владетел не би се ни замислил. Тој исто така направил грешка со ослободувањето на Вала и Адалард од нивните манастирски ќелии, ставајчи го првиот на одговорна позиција на дворот на Лотар и другиот на позиција во својата сопствена куќа.

 
Лудвиг на денариј од Санс, 818–823

Погранични војни

уреди

На почетокот на Лудвиговото владение, многу од племињата – Данците, Ободритите, Словените, Бретонците, Баските — кои ги населувале границите биле во занес од моќта на франкискиот владетел и не предизвикувале проблеми. Во 816 година, Лужичките Срби се побуниле и на нив подоцна им се придружил и Славомир, поглаварот на Ободритите, кој бил заробен и напуштен од сопствениот народ, кои го замениле со Седраг во 818 година. Наскоро, Седраг се одметнал и се здружил со Данците кои станале најголема закана за Франките во кус период.

Поголема словенска закана се насобирала на југоистокот. Таму, Људовик, војвода на Панонија, навлегувал на границата меѓу реките Драва и Сава. Маркгрофот на Фурланија, Кадал, бил испратен да се справи со ситуацијата, но починал за време на походот во 820 година и неговото владение било нападнато од Словените. Во 821 година, бил склучен сојуз со хрватскиот кнез Борна, војвода на Далмација, и Људовик бил совладан. Во 824 година неколку словенски племиња во севернозападните делови на Бугарија го признале Лудвиговиот суверенитет и откако тој бил неодлучен да ја реши работата мирно со бугарскиот владетел Омуртаг, во 827 година Бугарите ги нападнале Франките во Панонија и ги освоиле нивните владенија.

На далечниот јужен раб на своето големо владение Лудвиг морал да ги контролира ломбардските кнезови на Беневенто кои Карло Велики не успеал да ги покори. Тој издејствувал ветувања од кнезовите Гримоалд IV и Сико, но тоа немало никакво дејание.

На југозападните граници, проблемите започнале околу 812 година, кога Лудвиг Побожниот ги минал западните Пиринеи за да ги „расчисти сметките“ со Памплона. Походот се враќал назад северно, каде избегнале заседа организирана од Баските на превојот Ронсво благодарение на подготовките кои ги презел, односно со себе понел заложници. Сеген I, војводата на Гаскона, бил симнат од власт од Лудвиг во 816 година, бидејќи не успеал да го сузбие бунтот или пак соработувал со Баските, со што го поттикнал Баскиската побуна која била задушена од франкискиот цар во Дакс. Сеген бил заменет од Луп III , кој пак бил обезвластен во 818 година од царот. Во 820 година на собирот во Кјерзи на Оаза било одлучено да се организира поход против Кордобскиот калифат. Грофовите задолжени за војската, грофот на Тур, Хуго, и грофот на Орлеан, Матфрид, биле неподобни и слабоволни водачи и походот бил доведен во застој.

Прва граѓанска војна

уреди

Во 818 година, Лудвиг се враќал од походот во Бретања, кога бил пречекан со вести за смртта на неговата сопруга, Ирменгарда. Ирменгарда била ќерка на грофот на Хезбанија, Ингерман. Лудвиг бил близок со својата сопруга која била вклучена во донесувањето на политичките одлуки. Се зборувало дека таа имала улога во смртта на нејзиниот внук и Лудвиг самиот верувал дека нејзината смрт била божја казна за нејзиното учество во овој настан. Биле потребни месеци за неговите дворјани и советници да го убедат да се ожени повторно, што и го сторил во 820 година со Јудита, ќерката на Велф, грофот на Вајнгартен. Во 823 година Јудита родила син кој бил крстен Карло.

Раѓањето на овој син ја нарушило поделбата од Ахен, кога Лудвиг се обидел да го обезбеди својот четврти син со имот, наишол на остро противење од неговите постари синови, и последните две децении од неговото владеење биле проследени со граѓански војни.

Во Вормс Германија во 829 година, Лудвиг на Карло му ја доделил Алеманија со титула крал или пак војвода (постојат различни мислења), со што предизвикал бес кај неговиот син и совладетел Лотар,[8] чие етоно владение се намалило. Наскоро по ова следувала побуна.

Со советитите на одмаздивиот Вала и поддршката од своите браќа, Лотар ја обвинил Јудита дека извршила прељуба со Бернард од Септиманија и дека всушност тој е вистинскиот татко на Карло. Ебо и Хилдвин го напуштиле царот, а Бернард се издигнал до поголми позиции од нив двајцата. Агобард, Архиепископ Лионски, и Јесеј, Епископ Амјенски, исто така, се спротивставиле на повторното разделување на царството и им се придружиле на бунтовниците.

Во 830 година, следејќи ги советите на Вала дека Бернард од Септиманија заговарал против него, Пипин Аквитански предодејќи ја војската од Гаскоња, со поддршка од неустриските велможи, сè до Париз. Во Вербери, Лудвиг Германски му се придружил. Во тој период, царот се вратил од друг воен поход во Бретања но бил пречекан со вести за внатрешни судири. Тој со војската се упатил во Компјењ, стар царски град, пред да биде опколен од Пипиновите сили и бил освоен. Јудита била затворена во Поатје а Бернард побегнал во Барселона.

Тогаш Лотар конечно се упатил со голема ломбардска војска, но Лотар им ветил на своите синови Лудвиг германецот и Пипин Аквитаниски поголеми делови од владението, спречувајќи ги да му се придружат на татко им. Кога Лотар се обидел да свика сеопшт совет на царството во Најмеген, во срцето на Аустразија, Аустразијанците и Рајнландците дожле со вооружени и нелојалните синови биле присилени да го ослободат нивниот татко и да му се поклонат пред нозете во 831 година. Лотар бил помилуван, но посрамотен и протеран во Италија.

Пипин се вратил во Аквитанија а Јудита откако била присилена да се понижи со изјавување на заклетва за невиност на Лудвиговиот дворец. Само Вала бил казнет сурово и бил испратен во манастир на бреговите на Женевското Езеро. Иако Хилдуин, опатот на Сент Дени, бил протеран во Падерборн и Елисахар и Матфрид биле лишени од нивните почести северно од Алпите, но си ја задржиле слободата.

Втора граѓанска војна

уреди

Следниот бунт се случил нецели две години подоцна во 832 година. Незадоволниот Пипин бил повикан на дворот на својот тако каде бил пречекан скромно поради што си заминал без одобрение од својот татко. Веднаш, плашејќи се дека Пипин ќе биде поттикнат на бунт од страна на неговите благородници и сакајќи да ги поправи неговите морални вредности, Лудвиг Побожниот ја повикал сета своја војска на границите на Аквитанија во исчекување на востанието, но Лудвиг Германски собрал војска од словенски сојузници и ја освоил Швабија пред да може да дејствува царот. Повторно постариот Лудвиг морал да го подели своето владение. Во Јонак, тој го прогласил Карло за крал на Аквитанија и го симнал од власт Пипин (бил поблаг кн помладиот Лудвиг), враќајќи му го под владение остатокот од царството на Лотар, кој не учествувал во побуната. Лотар пак бил заинтересиран за заземање на татковиот авторитет. Неговите министри биле во контакт со Пипин и можно е да го убедиле него и Лудвиг германецот да се побунат ветувајќи му ја Алеменија, владението на Карло.

Наскоро Лотар, со поддршка од папата Грегориј IV, кој бил потврден без поддршката на својот татко, се придружил на бунтот во 833 година. Додека Лудвиг бил во Вормс собирајќи нова војска, Лотар марширал кон север, а Лудвиг кон југот. Војските се сретнале на полињата на Ротфелд. Таму, Григориј се сретнал со царот и се обидел да посее раздор во неговата војска. Наскоро поголемиот дел од војската на Лудвиг си заминала пред неговите очи, и тој им наредил на останатите војници да си заминат бидејќи „ќе биде штета некој да го изгуби својот живот или екстремитет поради мене.“ Развластениот цар бил упатен кон Свети Медар во Соасон, неговиот син Карло во Прум, а кралицата во Тортона. Неумесното показание на нелојалност и нечесност на ова место му го донело името Поле на Лагите, или Лугенфелд, или Кампус Мендациј, ubi plurimorum fidelitas exstincta est[9]

 
Лудвиг на sesquisolidus, монета со целосен римски изглед.[10]

На 13 ноември 833 година, Ебо од Ремс пресдавал со синодот во црквата Света Марија во Соасон, кој го развластил Лудвиг и го присилиле јавно да ги признае своите криминали, кои всушност не ни биле извршени од него. За возврат, Лотар му ја дал под владение опатијата Свети Васт. Луѓето како Рабан Маур, Лудвиговиот помлад полубрат Дрого и Хуго, и Ема, Јудитовата сестра како и новата сопруга на Лудвиг Германски, го убедувале помладиот Лудвиг да се смири со својот татко, за да остане обединето царството. Понижувањата на кои бил подложен Лудвиг во Богородичната црква во Компјењ ги свртело лојалните барони на Аустразија и Саксонија против Лотар, и узурпаторот на престолот побегнал во Бургундија, судирајќи се воено со лојалистите близу Шалон сир Саон. Лудвиг бил вратен на престолот следната година на 1 март 834 година.

Кога лотар се вратил во Италија, Вала, Јесеј, Матфрид, поранешниот гроф на Орлеан, починал од чума и на 2 февруари 835 година, на Тионвилскиот собор го расчиниле Ебо, Агобард, Бернард, и Бартоломеј. Лотар исто така се разболел па настаните повторно биле во полза на Лудвиг.

Во 836 година, сепак, семејството склучило мир и Лудвиг повторно ги вратил на власт Пипин и Лудвиг, му ги одземал сите владенија на Лотар а Италија му ја доделил на Карло при новата поделба, според спогодбата од Кремје.Во тој период, Викинзите го тероризирале и пљачкосувале владенијата во Утрехт и Антверпен. Во 837 година, тие се упатиле по текот на Рајна сè до Нијмеген, и нивниот крал, Рорик, ги барал парите за некои од неговите следбеници убиени во претходните воени походи пред Лудвиг Побожниот да собере голема воена сила и тргне во поход кон Викинзите. Тие побегнале, но не бил последен пат да ги плачкосуваат северните брегови. Во 838 година, тие се прогласиле за владетели на Фризија, но бил потпишан договор со Викинзите во 839 година. Лудвиг Побожниот наредил да се создаде Северноморска флота и да се испрати мисија во Фризија за да се воспостави франкиското владение.

Трета граѓанска војна

уреди

Во 837 година, Лудвиг го крунисал карло за крал на цела Алеманија и Бургундија и му доделил дел од владенијата на неговиот брат Лудиг. Лудвиг германецот се побунил и царот повторно го поделил своето царство во Кјерзи на Оаза, давајќи му ги на младиот крал сите баварски земји на Карло. Царот Лудвиг не застанал на ова, неговата посветеност кон карло немала граници. Кога Пипин починал во 838 година, Лудвиг го прогласил карло за крал на Аквитанија. Благородниците пак го избрале Пипиновиот син, Пипин II. Кога Лудвиг се заканил со воен поход, започнала третата граѓанска војна. Во пролетта 839 година, Лудвиг германецот ја нападнал Швабија , Пипин II и неговите Гасконски поданици се бореле сè до Лоара, и Данците повторно се вратиле да ги ограбуваат бреговите на Фризија (плачкосувајќи го Дорштад по вторпат).

Лотар, по долг период се здружил со неговиот татко и му ветил поддршка во Вормс за замена и прераспределба на владенијата. На конечната поделба, Лудвиг му ја доделил Баварија на Лудвиг Германски целосно го развластил Пипин II, додека остатокот од царството бил поделен грубо на источен и западен дел. На лотар му било дозволено да си избере кој дел ќе го владее при што тој го избрал источниот, вклучувајќ ја и италија, оставајќи му го западното владение на Карло. Царот набрзо ги покорил благородниците во Аквитанија и ги приморал тамошните благородници и свештенство во Клермон Феран во 840 година. Лудвиг подоцна во конечен изблик на слава се упатил кон Баварија и го присилил помладиот Лудвиг да замине во Остмарк. Царството сега наликувало на она кое тој го објавил во Вормс, во јули се вратил во Франкфурт на Мајна, каде ја распуштил војската. Последната граѓанска војна за време на неговото владение завршила.

Смрт

уреди

Лудвиг наскоро се разболел по последните победоносни походи и се упатил кон неовата летна ловечка кабина на остров во Рајна, во близина на палатата во Ингелхајм. На 20 јуни 840 година, тој починал, на возраст од 62 години, во присуство на многу епископи и свештеници и во прегратките на својот полубрат Дрого, додека пак Карло и Јудита биле во Поатје. Наскоро започнале спорови меѓу браќата кои довеле до граѓанска војна која била разрешена со согодбата во Верден во 843 година, која го поделила франкиското владение на три делови, кои се всушност зачетоците на Франција и Германија, со БургундијаНизоземјето меѓу нив. Спорот меѓу владението за Аквитанија не било целосно разрешено сè до 860 година.

Лудвиг бил погребан во опатијата Свети Арнолд во Мец.[11]

Брак и проблеми

уреди

Со првата сопруга, Ирменгарда Хезбајска (ож. 794–98), имал три сина и ќерки:

Со втората сопруга, Јудита Баварска, имал ќерка и син:

Со Теоделинда Саншка, тој имал две нелегитимни деца:

Родословие

уреди

Наводи

уреди
  1. германски: Ludwig der Fromme, француски: Louis le Pieux or Louis le Débonnaire, италијански: Luigi il Pio or Ludovico il Pio, шпански: Luis el Piadoso or Ludovico Pío.
  2. Einhard gives the name of his birthplace as Cassanoilum. In addition to Chasseneuil near Poitiers, scholars have suggested that Louis may have been born at Casseneuil (Lot et Garonne) or at Casseuil on the Garonne near La Réole, where the Dropt flows into the Garonne.
  3. Pierre Riche, The Carolingians:The Family who Forged Europe, transl. Michael Idomir Allen, (University of Pennsylvania Press, 1993), 116.
  4. Pierre Riche, The Carolingians:The Family who Forged Europe, 94.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Church Architecture and Liturgy in the Carolingian Era, Michael S. Driscoll, A Companion to the Eucharist in the Middle Ages, ed. Ian Levy, Gary Macy, Kristen Van Ausdall, (Brill, 2012), 194.
  6. Church Architecture and Liturgy in the Carolingian Era, Michael S. Driscoll, A Companion to the Eucharist in the Middle Ages, 195.
  7. The Frankish Kingdoms, 814-898:the West, Janet L. Nelson, The New Cambridge Medieval History, 700–900, Vol. II, ed. Rosamond McKitterick, (Cambridge University Press, 1995), 114.
  8. Paired gold medallions of father and son had been struck on the occasion of the synod of Paris (825) that asserted Frankish claims as emperor, recently denigrated by the Byzantines; see Karl F. Morrison, "The Gold Medallions of Louis the Pious and Lothaire I and the Synod of Paris (825)" Speculum 36.4 (October 1961:592–599).
  9. [1].
  10. Medieval European Coinage by Philip Grierson, Mark Blackburn, Lucia Travaini, p.329 [2]
  11. Metz, Steven Fanning, Medieval France:An Encyclopedia, Ed. William W. Kibler and Grover A. Zinn, (Routledge, 1995), p. 615.

Извори

уреди
  • Vita Hludovici , the main source for his reign, written c. 840 by an unknown author usually called "the Astronomer"
  • Vita Hludowici Imperatoris by Thegan of Trier on-line Latin text

Дополнителна литература

уреди
  • Booker, Courtney M. Past Convictions: The Penance of Louis the Pious and the Decline of the Carolingians, University of Pennsylvania Press, 2009, ISBN 978-0-8122-4168-6
  • De Jong, Mayke. The Penitential State: Authority and Atonement in the Age of Louis the Pious, 814–840. New York: Cambridge University Press, 2009.
  • Depreux, Philippe. Prosopographie de l'entourage de Louis le Pieux (781–840). Sigmaringen: Thorbecke, 1997. A useful prosopographical overview of Louis' household, court and other subordinates.
  • Eichler, Daniel. Fränkische Reichsversammlungen unter Ludwig dem Frommen. Hannover: Hahnsche Buchhandlung, 2007 (Monumenta Germaniae Historica Studien und Texte, 45).
  • François-Louis Ganshof The Carolingians and the Frankish Monarchy. 1971.
  • Godman, Peter, and Roger Collins (eds.). Charlemagne's Heir: New Perspectives on the Reign of Louis the Pious (814–840). Oxford and New York: Clarendon Press, 1990.
  • Charles Oman The Dark Ages 476–918. London, 1914.

Надворешни врски

уреди
Лудвиг Побожниот
Роден(а): 16 април 778 Починал(а): 20 јуни 840
Владејачки титули
Нова титула Крал на Аквитанија
781–814
Наследник
Пепин I
Претходник
Карло Велики
Цар на Светото Римско Царство
813–840
со Лотар I (817–840)
Наследник
Лотар I
Крал на Франките
814–840
Наследник
Лотар I
како крал на Средна Франција
Наследник
Лудвиг II
како крал на Источна Франција
Наследник
Карло II
како крал на Западна Франција