Луј II
Луј II од Франција, познат и како Луј Пелтекот (француски: Louis le Bègue) (1 ноември 846 – 10 април 879) бил крал на Аквитанија, а подоцна и крал на Западна Франкија. Тој бил најстариот син на императорот Карло Ќелавиот и Ерментруда Орлеанска. Луј Пелтекот бил физички слаб и починал само две години по неговиот татко.
Луј Пелтекот | |
---|---|
Крал на Западна Франкија | |
Крунисување на Луј II (слика од 14 век) | |
На престол | 877–879 |
Крунисување | 8 октомври 877 во Компиењ |
Претходник | Карло Ќелавиот |
Роден(а) | 1 ноември 846 |
Починал(а) | 10 април 879 Компиењ | (возр. 32)
Почивалиште | Опатија Сен-Корнеј, Компиењ, Франција |
Сопружници | Ансгарда Бургундска Аделаида Париска |
Деца | Луј III од Франција Карломан II Хилдегарда од Франција Гизела од Франција Ерментруда од Франција Карло Простиот |
Династија | Каролинзи |
Татко | Карло Ќелавиот |
Мајка | Ерментруда Орлеанска |
Тој го наследил неговиот помлад брат Карло Детето како владетел на Аквитанија во 866 и неговиот татко во Западна Франкија во 877, но никогаш не бил крунисан за цар. Во францускиот монархистички систем го сметаат за Луј II.
Луј бил крунисан за крал на 8 октомври 877 од страна на Хинкмар, архиепископот на Ремс, во Компиењ а по вторпат бил крунисан во август 878 од страна на папата Јован VIII во Троапри посетата на папата[1]. Папата можеби му ја понудил и царската круна, но таа била одбиена. Луј имал релативно мало влијание врз политиката. Го опишувале како "едноставен и мил човек, љубител на мирот, правдата и верата". Во 878 година, тој регионите на Барселона, Жирона и Бесалу на му ги дал Вилфред Влакнестиот. По второто крунисување, тој во Фурон блиску до Лиеж, склучил договор со неговиот братучед Лудвиг Саксонски [2] со кој се потврдила поделбата на Лотарингија кои ја направиле нивните татковци во 870 со Мерсенскиот договор.
Со нежно здравје, починал на 11 април 879, токму кога се подготвувал да тргне во воен поход за да го потчини Бернар Готски, грофот на Отен и Макон, кој се кренал на бунт против него[3].
По неговата смрт, кралството било поделено помеѓу неговите два сина, Карломан II и Луј III од Франција.
Семејство
уредиЗа време на мировните преговори помеѓу неговиот татко и Ериспое, војводата од Бретања, Луј бил верен со анонимна ќерка на Ериспое во 856 година[4]. Не е познато дали ова била истата ќерка со која подоцна се оженил Гуривант. Договорот бил поништен во 857 година, по убиството на Ериспое.
Луј двапати се женел. Неговата прва сопруга Ансгарда од Бургундија имала два сина: Луј (роден во 863) и Карломан (роден во 866), од кои и двајцата станале кралеви на Западна Франкија, и две ќерки: Хилдегарда (родена во 864) и Гизела (865-884).
Неговата втора сопруга Аделаида од Париз имала една ќерка, Ерментруда (875-914) и посмртен син, Карло Простиот, кој по смртта на неговите постари браќа ќе стане крал на Западна Франкија.
Поколение
уредиНаводи
уреди- ↑ John VIII, Pierre Riche, The Papacy: Gaius-Proxies, Vol. 2, ed. Philippe Levillain, (Routledge, 2002), 837.
- ↑ Pages 282 à 284 dans Histoire des Carolingiens (1862) de Léopold August Warnkönig, Pierre-Auguste-Florent Gérard.
- ↑ Claude Devic, Joseph Vaissète, Alexandre Du Mège, Histoire générale de Languedoc, J.B. Paya, 1840, 322.
- ↑ Ferdinand Lot, La naissance de la France [archive], Librairie Arthème Fayard, Paris, 1948, p. 414.
Луј II Роден(а): 1 ноември 846 Починал(а): 10 април 879
| ||
Претходник Карло Детето |
Крал на Аквитанија 866–877 |
Незаземено Следен носител на титулата Ранулф II
|
Претходник Карло Ќелавиот |
Крал на Неустрија 856–879 |
Наследник Луј III |
Крал на Западна Франкија 877–879 |
Наследник Луј III и Карломан | |
Нова титула | Гроф од Мео 862–877 |
Наследник Теодеберт |
Наводи
уреди- Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica. 17 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 34.CS1-одржување: ref=harv (link)