Лудовико Сфорца
Лудовико Сфорца (роден на 27 јули 1452 - починал на 27 мај 1508) бил седмиот војвода од Милано. Тој бил член на династија Сфорца како син на Франческо I Сфорца и Бјанка Марија Висконти. Лудовико е најпознат по своите дарувања на Леонардо да Винчи и други уметници од тоа време.
Лудовико Сфорца | |
---|---|
Војвода на Милано | |
Владеење | 22 октомври 1489 – 1500 |
Роден(а) | 27 јули 1452 Ломбардија |
Починал(а) | 27 мај 1508 Лош, Франција | (возр. 55)
Сопружник(ци) | беатриса Есте |
Деца | |
Татко | Франческо I Сфорца |
Мајка | Бјанка Марија Висконти |
Лудовико Сфорца можеби е најпознат по тоа што ја порачал изработката на Тајната вечера од Леонардо да Винчи.
Регент
уредиКога неговиот татко Франческо починал во 1466 година, тој бил наследен од страна на Галеацо Марија Сфорца, а по неговиот атентат во 1476 година него го наследил Џан Галеацо Сфорца кога имал само седум години. Лудвико Сфорца дејствувал како регент во тоа време во период од 13 години.
Семејство
уредиВо јануари 1491 година, тој се оженил со Беатриса Есте (1475-1497). Леонардо да Винчи ја организирал свадбената прослава. Младата петнаесетгодишна принцеза успеала многу бргу да го шармира миланскиот двор. Таа помогнала во довршувањето на замокот на Сфорца доведувајќи видни филозофи, поети, дипломати и војници. таа го потикнала на својот сопруг во дворецот да ги донесе Леонардо да Винчи и Донато Браманте.
Таа станала мајка на Максимилијан Сфорца и Франческо II Сфорца, кои подоцна станала војводи на Милано. И покрај својот брак, Лудовико имал најмалку две љубовници. Сесилија Галерани го родила својот син Чезаре на 3 мај 1491 година. Друга љубовница му била Лукреција Кривели со која имала уште еден вонбраќен син, Џовани Паоло I Сфорца.
Управување
уредиВо 1494 година новиот крал на Неапол Алфонсо, се сојузил со Папа Александар VI, кој сојуз претставувал голема закана за Лудовико. Лудовико одлучил да се понуди на Франција, каде владеел Шарл VIII. Тој му понудил да помине со своите војски преку Милано за да може да го нападне Неапол. Сепак неговите амбиции се намалиле, па го нападнал и самиот град Милано. По ова Лудовико направил сојуз со Максимилијан I. Така неговата внука Бјанка Марија Сфорца била омажена за светиот римски цар а војводството се приклучило кон сојузот против Франција.
Џан Галеацо, неговиот внук починал во 1495 година под сомнителни околности, а на престолот застанал Лудовико. Но од тој момент неговата кариера започнала во долна линија. На 3 јануари 1497 како резултат на тешко породување, Беатриса, неговата сопруга, починала. Лудовико, исто така, се надевал дека преку вклучување на Франција, и на светиот римски цар Максимилијан I во италијанската политика ќе може да манипулира со двете страни, поради кое бил одговорен за започнувањето на Италијанските војни. Лудовико бил поразен од Франција во Битката кај Форново во 1495 година. Сепак, со смртта на Шарл, францускиот престол бил наследен од страна на неговиот братучед, Луј од Орлеан, кој стана Луј XII. Новиот крал тврдел дека треба Милано да му се потчини бидејќи неговата баба била Валентина Висконти, ќерка на Џан Галеацо Висконти, првиот војвода од Милано. Оттука во 1498 година, тој го нападнал Милано. Лудовико успеал да избега од француската армија, а во 1499 побарал помош од Максимилијан.
Лудовико врати со армија од платеници и повторно влегол во Милано во февруари 1500 година. Два месеци подоцна, Луј XII го ставил под опсада градот Новара, каде Лудовико се наоѓал. Армиите на двете страни вклучувале швајцарски платеници кои не сакале да војуваат едни со други и одлучиле да ја напуштат Новара. Лудовико бил предаден на француските сили во април 1500 година. Лишени од сите удобности на животот, тој ги поминал своите последни години во затворот во Лош, каде што починал на 17 мај 1508 година.
Швајцарските сили подоцна успеале да го обноват Миланското војводство поставувајќи го неговиот син Максимилијан Сфорца за негов наследник.
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Џан Галеацо Сфорца |
војвода на Милано 1494–1499 |
Наследник Луј XII |