Република Пиза
Република Пиза (италијански: Repubblica di Pisa) — независна држава чиј центар се наоѓал во тосканскиот град Пиза. Републиката постоела во текот на доцниот 10 и 11 век. Таа во својот зенит станала еден од најголемите економски и трговски центри на Медитеранот и во Италија, пред да биде заменета од страна на Република Џенова. Моќта на Пиза како моќна поморска сила започнала да расте и го достигнала својот врв во 11 век, кога станала една од четирите Поморски Републики на Италија.
Република Пиза Repubblica di Pisa
| |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
11 век–1406 | |||||||||||
Статус | Вазална држава на Војводство Милано (1399-1406) | ||||||||||
Главен град | Пиза | ||||||||||
Говорени јазици | тоскански, латински, италијански | ||||||||||
Уредување | Изборна парламентарна република | ||||||||||
Doge | |||||||||||
Историја | |||||||||||
• Основана | 11 век | ||||||||||
• Престанала да постои | 1406 | ||||||||||
| |||||||||||
Денес дел од | Италија Франција Шпанија |
Подем
уредиЗа време на средниот век, градот бил многу важен трговски и поморски центар и контролирал значителен дел од средоземната трговска мрежа преку својата флота и морнарица. Пиза своето влијание го проширила своето влијание до Реџо Калабрија во јужниот дел на Италија во 1005 година. Пиза била во постојан конфликт со Сарацените, чија цел била воспоставување постојана контрола на Медитеранот. Во сојуз со Република Џенова, Сардинија била освоена во 1016 година. Оваа победа на Пиза и овозможило превласт во Тиренско Море. Кога Пизанците потоа ја протерале Џенова од Сардинија, започнал нов конфликт и соперништво меѓу двете поморски републики. Помеѓу 1030 и 1035 година Пиза продолжила успешно да го поразува својот соперник во неколку градови во Емиратство Сицилија. Во 1051-1052 била освоена Корзика, предизвикувајќи големо незадоволство од Џенова. Во 1063 година, Пиза сакала преку воен поход заедно со норманските сили да учествува во освојувањето на Сицилија, но Норманите ги одбиле па нападот против Палермо не успеал.
Во 1060 година Пиза ја направила својата прва битка против Џенова и победата на Пиза помогнала таа да ја консолидира својата позиција во Средоземното Море. Папата Григориј VII ја признал републиката во 1077 година. Во 1088 година Пиза учествувала во Махдиската кампања кога градот Махдија бил освоен. Во 1092 година помогнала на Алфонсо VI во неговите војни против муслиманите во Валенсија. Во 1092 година папа Урбан II ја дал на Пиза Корзика и Сардинија, а во исто време епархијата на Пиза била покачена во ранг на митрополитска архиепископија.
Крстонисни војни
уредиНејзината флота составена од 120 бродови учествувала во Првата крстоносна војна и нејзините војници учествувале и во заземањето на Ерусалим во 1099 година. Крстоносците на Пиза биле предводени од нивниот архиепископ, Дагоберт, идниниот латински патријарх на Ерусалим.
Пиза и другите републики ја искористиле предноста на крстоносната војна да воспостават трговски места и колонии во источните крајбрежни региони на Сирија, Либан и Палестина. Пиза исто така основала свои колонии во Антиохија, Акра, Јафа, Триполи, Тир и Латакија. Пиза имала и свој територијален имот во Ерусалим и во Кесарија, Александрија и Цариград, каде византискиот цар Алексиј I Комнин им доделил посебни трговски права. Во сите овие градови Пиза имала даночни привилегии. Во 12 век населбата каде живееле во Цариград се зголемила на 1.000 лица. За неколку години на овој век Пиза била најголемиот трговски и воен сојузник на Византија, надминувајќи ја Република Венеција.
Распаѓање
уредиПиза на меѓународна сцена била уништена засекогаш по поразот на својата морнарица во Битката кај Мелорија против Република Џенова во 1284 година. Во оваа битка, поголемиот број на бродови биле уништени а голем дел од морнарите биле заробени. Во 1290 година, нападот од страна на Џенова на пристаништето Порто Писано ја запечатило судбината на независната држава Пиза. Помеѓу 1323 и 1326, Пиза ја загубила Сардинија од Арагонската Круна.
Во 1406 година Пиза била вклучена во составот на Република Фиренца.
Литература
уреди- Norwich, John Julius. The Normans in the South 1016-1130. Longmans: London, 1967
Надворешни врски
уреди„Република Пиза“ на Ризницата ? |